Промовирани огласи »

Продолжувањето на булеварот Свети Климент Охридски, со мост над реката Вардар, со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) ќе ја зголеми мобилноста и протокот на возила и ќе има позитивни еколошки ефекти од намалената емисија на гасови и бучава.

Според одредени анализи, секојдневно на мостот „Гоце Делчев“ транзитираат 80-90 илјади возила. Но, со ова решение ќе се растовари сообраќајот во западниот дел од градското подрачје. Оската југ-запад ќе стане пофункционална, а се очекува голем дел од возилата кои транзитираат кон северните делови на градот да се движат по новоизградената сообраќајница.

Шилегов објасни дека  постои можност за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:

- I фаза – булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;

-  II фаза - тунелот како посебен;

- III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев.

Целта на Град Скопје со овој проект е да го поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри, и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето.

Скопје за првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.

Со овој проект Град Скопје го оформува вториот сообраќаен прстен во метрополата. Тоа ќе овозможи брз влез и излез на возилата од центарот и од северната страна на градот. Рутата ќе ја користат и автобусите на јавниот превоз.

Со проектот „Тунели под Кале“ ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит-Пазар, Цветан Димов и на мостот „Гоце Делчев“. До саканата дестинација ќе се стига за најмалку 5 до 20 минути побрзо за разлика од сега. Тоа придонесува за заштеда на време и на гориво, а намалениот обем на сообраќај значи и почист воздух во Скопје – нагласи градоначалникот Шилегов.

Промовирани огласи »

Постои отворена можност пратениците на Собранието на РМ да гласаат тајно за уставните измени и имплементирање на Спогодбата од Преспа, откако би се обезбедило двотретинско мнозинство за истото, тврдат одредени македонски медиуми.

Деловникот на Собранието во однос на тајното гласање:вели дека може да се одлучи гласањето да биде тајно по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат десет пратеници.

Промовирани огласи »

Туркиш ерлајнс подготвено специјални пакети за летови во многу градови на Балканот, Кавказ и другите региони, а од Скопје до Истанбул со повратен билет ќе може да се патува за 110 евра, вклучувајќи ги сите трошоци, пренесува Анадолија.

Пакетот на намалени цени на летови се однесува на ограничен број места и заинтересираните патници можат да ги купат своите билети до 15 октомври за летови до крајот на март следната година.

Цената од 110 евра важо за Сараево, Подгорица, Скопје, Приштина, Тирана, Љубљана, Загреб, Дубровник, Софија и Кишињев, додека летовите од Букурешт ќе чинат 120 евра и 130 евра од Белград.

Промовирани огласи »

Од вчера стартуваше анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018. Анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 01.10.2018 до 31.10.2018 година помеѓу работодавачите од приватниот сектор со 7 и повеќе вработени.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните 6-12 месеци и потребата од занимања и вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

Со цел успешно спроведување на анкетата во Агенцијата за вработување беа спроведени обуки за вработените лица, како и за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на анкетата. Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креаирање активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги зголемат вештините на невработените лица и да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот. Резултатите исто така се очекува да придонесат во создавање услови за подобро функционирање на пазарот на трудот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила.

Добиените резултати ќе послужат и во образовниот систем при концепирање на уписните политики и креирање нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »