Промовирани огласи »

Катанци и спуштени ќепенци, затворени дуќани и продавници. Секојдневно на голем дел од објектите осамнува натпис дуќанот се издава или се продава. Вака изгледа Битола деновиве. Загржижени трговци и граѓани. Велат сиромаштијата чука на сите врати. Од плоштадот Магнолија до Офицерскиот дом, на битолски Широк Сокак, само во последните неколку недели се затворени над  десет  продавници.

Преземено од Телма.

Промовирани огласи »

Исклучените од парно денеска излегоа на стотиот јубилеен протест пред регулаторна комисија за енергетика. Велат дека борбата продолжува и дека не се откажуваат од своето уставно право да изберат кој ќе ги снабдува со топлинска енергија.

Во прилог на тврдењата на овие граѓани одат и пресудите од Управен суд. Вишиот управен ја потврди пресудата на провостепениот суд – БЕГ ги злоупотребувал лични податоци за да ги испорача фактурите. Адвокатот Владимир Кацарски вели дека со овие пресуди паѓаат тужбите на БЕГ против граѓани кои никогаш не биле приклучени на мрежата на Топлификација. Од здружението „Но пасаран“ велат дека кај над 50.000 граѓани има залоупотреба на личните податоци.

На барање на здружението „Но пасаран“ универзитетски професор изработил експертиза во која е утврдено дека Регулаторната комисија користи погрешна формула за пресметка на надоместокот за ангажирана моќност. Околу 20.000 граѓани мораат секој месец да плаќаат надоместок само затоа што цевките поминуваат низ нивниот стан или во ходникот на зградата каде што живеат. Се проценува дека околу 6.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија.

Промовирани огласи »

Радијацијата во нуклеарниот реактор во Фукушима е на највисоко ниво од катастрофата што се случи во 2011 година поради што мораше да биде повлечен роботот што беше испратен да изврши прелиминарно чистење.

Роботот беше „убиен“ по два часа работа, две камери се затемнија, а се слушна и врева. Се со тоа знаци на екстремно високо ниво на радијација, соопшти Токиската компанија за електрична енергија (ТЕПКО).

Се претпоставува дека роботот бил изложен на радијација од 650 сиверти на час. Ако човек влезеше во реакторот, тој ќе починеше истиот момент.

Се уште не е познато дали ТЕПКО ќе испрати нов робот.

Промовирани огласи »

Кога оваа година американскиот технолошки концерн „Apple“ ќе го претстави својот нов „iPhone“, на етикетата за прв пат може да има сума со четири бројки во долари. Во актуелен материјал на „Fast Company“ се тврди дека цената на „iPhone 8“ може да е над границата од 1.000 долари, особено со оглед на фактот дека актуелната цена на „iPhone 7 Plus“ со 256 GB е 969 долари во САД.

Како причина за зголемувањето се наведуваат трошоците за „OLED“ екранот. Покрај тоа, се очекува новиот модел да понуди поголем капацитет на меморија.

Аналитичарите со кои разговараа од „Fast Company“ не се обединети за тоа какво име ќе носи „OLED iPhone“ уредот со екран од 5,8 инчи. Додека „iPhone 8“ се смета за многу веројатен назив, голем број на извори го споменуваат и „iPhone X“ како опција.

Новиот „iPhone“ е опишуван како црн монолит со елегантен дизајн. Рамката околу телефонот најверојатно ќе биде направена од нерѓосувачки челик, а предниот и задниот дел од стакло.

„Apple“ работи, како што порано беше соопштено, над интеграција на „хоум“ копчето. Постои веројатност и механичките копчиња од двете страни да исчезнат и да се заменат со рамни, интегрирани во рамките и чувствителни на допир.

На задниот дел може да е истиот систем за двојна камера, каква ќе има и во идниот „iPhone 7s Plus“ со 5,5 инчен дисплеј кој треба да го замени „iPhone 7 Plus“. За предната камера „Apple“ работи во соработка со „Lumentum“ за „3D“ препознавање. Како точно ќе работи оваа функција засега не е јасно. Можно е препознавање на лицето или подобрување на резолуцијата. Се зборува и за можна употреба на апликации за додадена реалност.

Батеријата на „iPhone 8“ исто така ќе се зголеми, но точните податоци не се познати. Слично на „iPhone 7“, „LTE“ чиповите ќе бидат обезбедени од „Qualcomm“ и „Intel“. Оваа одлука „Apple“ ја има преземено во јануари, појаснува весникот.

Последните гласини за ран почеток на производството на „iPhone 8“, не е возможен. Според медиумот нема потврда за тоа кај снавдувачите на концернот. Обично производството на нови „iPhone“ уреди започнува во мај и се засилува до август. Презентацијата на новите модели е наесен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »