Промовирани огласи »

Радијацијата во нуклеарниот реактор во Фукушима е на највисоко ниво од катастрофата што се случи во 2011 година поради што мораше да биде повлечен роботот што беше испратен да изврши прелиминарно чистење.

Роботот беше „убиен“ по два часа работа, две камери се затемнија, а се слушна и врева. Се со тоа знаци на екстремно високо ниво на радијација, соопшти Токиската компанија за електрична енергија (ТЕПКО).

Се претпоставува дека роботот бил изложен на радијација од 650 сиверти на час. Ако човек влезеше во реакторот, тој ќе починеше истиот момент.

Се уште не е познато дали ТЕПКО ќе испрати нов робот.

Промовирани огласи »

Кога оваа година американскиот технолошки концерн „Apple“ ќе го претстави својот нов „iPhone“, на етикетата за прв пат може да има сума со четири бројки во долари. Во актуелен материјал на „Fast Company“ се тврди дека цената на „iPhone 8“ може да е над границата од 1.000 долари, особено со оглед на фактот дека актуелната цена на „iPhone 7 Plus“ со 256 GB е 969 долари во САД.

Како причина за зголемувањето се наведуваат трошоците за „OLED“ екранот. Покрај тоа, се очекува новиот модел да понуди поголем капацитет на меморија.

Аналитичарите со кои разговараа од „Fast Company“ не се обединети за тоа какво име ќе носи „OLED iPhone“ уредот со екран од 5,8 инчи. Додека „iPhone 8“ се смета за многу веројатен назив, голем број на извори го споменуваат и „iPhone X“ како опција.

Новиот „iPhone“ е опишуван како црн монолит со елегантен дизајн. Рамката околу телефонот најверојатно ќе биде направена од нерѓосувачки челик, а предниот и задниот дел од стакло.

„Apple“ работи, како што порано беше соопштено, над интеграција на „хоум“ копчето. Постои веројатност и механичките копчиња од двете страни да исчезнат и да се заменат со рамни, интегрирани во рамките и чувствителни на допир.

На задниот дел може да е истиот систем за двојна камера, каква ќе има и во идниот „iPhone 7s Plus“ со 5,5 инчен дисплеј кој треба да го замени „iPhone 7 Plus“. За предната камера „Apple“ работи во соработка со „Lumentum“ за „3D“ препознавање. Како точно ќе работи оваа функција засега не е јасно. Можно е препознавање на лицето или подобрување на резолуцијата. Се зборува и за можна употреба на апликации за додадена реалност.

Батеријата на „iPhone 8“ исто така ќе се зголеми, но точните податоци не се познати. Слично на „iPhone 7“, „LTE“ чиповите ќе бидат обезбедени од „Qualcomm“ и „Intel“. Оваа одлука „Apple“ ја има преземено во јануари, појаснува весникот.

Последните гласини за ран почеток на производството на „iPhone 8“, не е возможен. Според медиумот нема потврда за тоа кај снавдувачите на концернот. Обично производството на нови „iPhone“ уреди започнува во мај и се засилува до август. Презентацијата на новите модели е наесен.

Промовирани огласи »

На професорот по математика, Џереми Кан, му го поставија прашањето што измачува генерации ученици – кога и каде ќе ги користиме сите тие синуси, косинуси, интеграли и другите лекции од алгебра и геометрија.

За разлика од неговите колеги, Кан не беше револтиран и збунет од прашањето, па наведе пет причини заради кои математиката е важна.

И не само тоа, туку и да продолжиш понатаму и да ги решиш неможните задачи.

На пример, Петар и Марија стојат пред таблата и решаваат равенка. Марија е сигурна дека равенката е точна, а Петар со сигурност знае дека е погрешна. На следниот час, двајцата ги променија мислењата. Марија верува дека равенката е неточна, а Петар со неверување гестикулира со рацете и ја навредува Марија. Ви звучи како измислица? Математичарите секојдневно се соочуваат со вакви ситуации.

Прашајте кој било професор што да направите ако задачата не може да се реши, и одговорот ќе биде едноставен: „Почни од почеток и обиди се поинаку да ја решиш. И не се грижи за грешките што си ги направил/а, бидејќи те одведоа на вистинскиот пат.“

Прецизноста е одлика на математичарите. Секој поим и феномен имаат прецизна и јасна дефиниција.

Се сеќавате кога наставниците ве тераа да ја учите напамет секоја дефиниција за геометриските фигури или Питагоровата теорема? Не можевте да замислите каде и кога ќе имате прилика да го искористите тоа набубано знаење. Размислете – дали секогаш изговараме зборови  без да се двоумиме за момент, токму во контекст на нивното значење? Дали би можеле во дел од секундата да одговорите што е среќа и што е љубов? Дали истите тие зборови би ги употребил и некој што ви е драг, најблизок? И што е поважно – дали би можеле да именувате нешто што нема прецизна дефиниција?

Решавањето математички проблеми е како играње шах. Секој погрешен или невнимателен потег, може да има ужасни последици.

Колку пати кога сте решавале задача од алгебра ви се случило да завршите во ќорсокак, зашто некаде сте ставиле минус наместо плус? Дури и најмалата грешка може да уништи сè и да стане голема пречка во вашата намера што поскоро да ја завршите домашната работа. Математиката нè учи да бидеме концентрирани и одговорни за тоа што го правиме. Тоа не е мала работа, нели?

„Тоа што го зборувам сега е лага“, така звучи добропознатиот парадокс на лажливецот. Овој е најдобриот опис на сè што се случува во модерната наука.

Постојат многу теореми, правила и аксиоми за кои се сметало дека се точни, а не биле. Тоа значи дека не треба слепо да им веруваме дури и на луѓето со најголем авторитет, барем додека сами не провериме дали е така како што кажуваат. Научниците тоа го нарекуваат „одговорен скептицизам“, а математиката на одличен начин нè учи на тоа.

Зашто ако ти не ја решиш задачата, ќе му успее на некој друг. Па, зошто токму ти да не бидеш првиот?

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за избор на компанија што ќе го гради вториот дел од експресниот пат Штип – Кочани. Се работи за делница од 13,8 километри, од Крупиште до Кочани.

Почнува изградбата на нови експресни патишта во Македонија. Ќе се работат паралелно со реализацијата на новите автопатски решенија што ќе му даде дополнителен импулс на градежниот сектор, ќе повлече ангажман на градежни работници, а долгорочно ќе ја подобри поврзаноста на нашата држава и ќе ја зголеми конкурентноста на економијата, пишува Лидер.


- Високиот процент на извршените работи во нискоградбата не прави среќни, бидејќи се тоа инфраструктурни, капитални објекти кои се битни за државата и населението, вели претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски.

- Градежниот сектор е еден од главните двигатели на економијата во последните три години и ќе остане барам во идните две години, вели Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.


Тендер за втората фаза од Штип – Кочани

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за избор на компанија што ќе го гради вториот дел од експресниот пат Штип – Кочани. Се работи за делница од 13,8 километри, од Крупиште до Кочани.

- Патот ќе има четири коловозни ленти, една за безбедно и три за брзо возење. Предвидената брзина е 100 километри на час, предвидени се клучки за сите населени места од овој регион, вели директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојановски.

Експресниот пат Штип – Кочани е поделен во два дела. Првиот е од Штип до Крупиште, зделка што отиде во рацете на Бетон и Гранит.

- Проценетата вредност на оваа делница беше 30 милиони евра, а по конечните наддавања добивме цена од 20 милиони евра што е одлично, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Овој проект се реализира со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој. Рокот за изведба изнесува 24 месеци.

Се реализираат и другите делници

Паралелно со овој проект се реализираат и други експресни делници. Дел веќе се градат, за други се во тек подготвителните активности.

- Се гради и експресниот пат од Велес до Штип, а во тек е евалуација на понудите за изградба на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка, вели Мисајловски.

Експресниот пат „23 октомври“ ќе ги поврзува Штип и Радовиш и претставува уште една делница од голема важност за развојот на Источна Македонија. Патот е во должина од 38 километри, а вредноста му се проценува на 64 милиони евра.

Инвестицијата за експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка се проценува на 78 милиони евра, а замислено е и делницата од Крива Паланка до Деве Баир да се прошири на ниво на автопат за што ќе бидат потребни уште 30 милиони евра.

- Источна Македонија добива модерни патишта со што се очекува да дојдат повеќе инвеститори, народот полесно ќе патува до главниот град, ќе се подобрат комуникацијата и безбедноста, вели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Веќе се гради експресниот пат „2 август“ што ќе ги поврзува Градско – Росоман – Дреново – Прилеп, делница во должина од 33,5 километри. Вредноста на проектот изнесува околу 80 милиони евра. Во моментов се работи на првиот потег од 10 километри од Фаришка до Дреновска клисура, а годинава ќе се почне со работа и на втората делница. За третата фаза е подготвена проектната документација, а целиот експресен пат треба да биде комплетиран за три до четири години.

Годинава треба да се распише и тендерот за изградба на клучниот експресен пат за развој на туризмот во земјава, за делницата од Охрид до Пештани. Се работи за проект во вредност од 40 милиони евра.

Градежен бум во патната инфраструктура

Капиталните инвестиции во патната инфраструктура тежат милијарда евра. Во исто време се градат три автопати: Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Последните два се изведуваат со кредит од кинеската Ексим банка. Автопатот кон Охрид е во должина од 57 километри и со вредност од 374 милиони евра. Вториот кон Источна Македонија е со должина од 47 километри, вреден 206 милиони евра.

Годинава треба да финишира изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10.

- Со завршувањето на делницата Демир Капија – Смоквица се комплетира целиот патен Коридорор 10, со што се создаваат услови за побезбеден, побрз и поефикасен транспорт на стоки и на услуги, што ќе придонесе за дополнителен економски раст и развој на Република Македонија, оцени вицепремиерот Владимир Пешевски по средбата со претставниците на Европската инвестициска банка, која за овој проект обезбеди 100 милиони евра.

Македонија е силно посветена на модернизација на Коридорот 10, како клучна транспортна артерија на нашата држава. Вкупно се вложуваат 230 милиони евра (со средствата за Демир Капија – Смоквица). Во исто време, се врши рехабилитација и обнова на повеќе делници на Коридорот 10. Се опфати потегот од Смоквица до Гевгелија, Неготино – Демир Капија, Куманово – Скопје, ќе се работи и во обратен правец, а ќе се санираат и делниците Велес – Градско и Демир Капија – Неготино.

- Претходно ги рехабилитиравме делниците од Катланово до Велес и од Велес до Катланово, завршивме со проектот за санација на сите мостови на овој коридор и со осветлувањето на сите тунели, вели Мисајловски.

Ќе се градат уште три нови автопати!

Во план е изградба на уште три нови автопати. Првиот е проектиран од Гостивар до Кичево во должина од 42 километри. Проценетата вредност на проектот изнесува 350 милиони евра, а се планира делницата да биде готова до 2020 година.

Вториот автопат е од Скопје до Блаце во должина од 13 километри. Овој автопат е со проценета вредност од 70 милиони евра, се очекува да биде завршен до 2020 година.

Третиот автопат е на потегот Требеништа – Струга во должина од 8,5 километри. Неговата проценета вредност е 45 милиони евра и ќе се финансира со пари од ЕБОР.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »