Промовирани огласи »

Колку пари би имале по завршувањето на работниот стаж ако целиот работен век наместо да уплаќате придонес за пензиско осигурување можевте парите да ги тргате настрана, на банкарска сметка? Иако, оваа опција е невозможна бидејќи не постои варијанта да се избегне уплатување на придонесите во Фондот за ПИОМ, сепак една ваква пресметка е добар показател за тоа кој губи, а кој добива со сегашниот пензиски систем и зошто е потребна финансиска инекција од државата за да се одржува неговата стабилност.

Моделот за исплата на нето плата е познат. Од бруто износот најпрво се одделува 18 отсто за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па 7,3 отсто за здравствено осигурување, 1,2 отсто одат како придонеси за вработување и 0,5 отсто задополнителен придонес за задолжително осигурување во случај повреда или професионално заболување. На добиениот износ се пресметува 10 отсто персонален данок на доход. Остатокот е нето плата што се исплаќа на вработениот.

Еве едноставна пресметка ако нема обврска за задолжително пензиско осигурување и секој вработен да може да прави што сака со бруто платата, односно секој месец до крајот на работниот век на штедна книшка става еднаков износ на тој што треба да го уплатува во првиот и во вториот столб на пензиското осигурување.

Станува збор за месечен прилог од 6.358 денари (12 отсто за прв и 6 отсто за втор столб). Пресметката е направена врз основа на просечната бруто плата за јули 2018 година во износ од 35.322 денари и на годишно ниво овој износ изнесува 76.296 денари. За 30 години работен стаж просечен Македонец, според оваа пресметка, на име придонеси за пензија уплатува на државата севкупно 2.288.880 денари.

Ако претпоставиме дека ќе прима пензија 15 години, тогаш оваа сума поделена на 180 месеци дава месечна пензија од 12.716 денари. Овој износ е помал од просечната пензија во месец август оваа година од 14.146 денари. За да има просечна пензија е потроши вкупно 2.546.280 денари, односно ќе треба да зема пари и од другите, т.е. идните корисници на пензија.

Каква е пресметката ако просечниот работник парите ги штеди во банка наместо да ги дава во пензискиот фонд, односно секој месец износот од 6.358 денари да го става на орочено штедење со сложена каматна стапка од 2 отсто, односно на главнината секоја година да се додава каматата.

Под услов тоа да ги правел редовно, не пропуштајќи ниту еден месец во следните 30 години, по истекот на орочениот рок, просечниот Македонец на сметка ќе има 3.233.381 денари, значи 41 отсто повеќе од износот кој ќе го уплати во пензискиот фонд. Неговите просечни месечни примања за 15 години пензионерски стаж ќе изнесуваат 17.963 денари или 5.274 денари повеќе во споредба со пензијата што би ја примал од парите уплатени само од сопствените придонеси. Во споредба со просечната пензија, односно пензијата појачана со парите од другите корисници,  разликата е 3.817 денари или 27 отсто повеќе.

Намерата на овој текст не е да се поттикне укинување на задолжителното пензиско осигурување. Имено, многу тешко е да се контролира дека просечниот работник ќе уплаќа секој месец пари во банка, туку, рака на срце, многумина од нив ќе ги потрошат тие пари и на старост ќе станат социјални случаи. Затоа оваа пресметка е повеќе илустративна за да укаже на тоа како се трошат нашите придонеси и како би можеле да уживаме во поголеми пензии ако знаеме да се однесуваме одговорно со парите.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи очекува 400.000 граѓани до крајот на годината, а досега во електронскиот систем за персонален данок се пријавиле само нешто над 33 илјади граѓани, или само над осум проценти, велат оттаму. 

Според послендите податоци од 33.210 граѓани кои се регистрирале одобрени им се апликациите на 18.750 луѓе, додека за 14.462 постапката е отпочната, а УЈП ги чека да дојдат за се легитимираат за да се прифати нивното барање

Легитимирањето е неизбежен момент, заради потврдување на лицето кое се регистрира во системот е-Персонален данок, а заради избегнување на можна злоупотреба на лични податоци. До крајот на оваа година, а врз основа на последната статистика за бројот на поднесени годишни даночни пријави во УЈП, очекуваме  да се регистрираат над 400 илјади граѓани, затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП, велат од Управата.

УЈП реши да ја олесни процедурата за регистрација за пензионерите и за изнемоштените лица, ама засега нема детали какви ќе бидат решенијата. Луѓето кои имале регистрација соУСБ токен нема да треба повторно да се регистрираат.

Регистрацијата е задолжителна за сите граѓани кои имаат какви било приходи.

Промовирани огласи »

Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, Vip jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците.

За таа цел, со особено задоволство денеска, Vip беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за Грижа за корисници и со вработените кои се секојдневна поддршка за барањата и потребите на корисниците. 

Во рамките на одбележувањето на Светската недела за грижата на корисниците во компанијата беа организирани неколку настани насочени кон едукација и следење на светските трендови во оваа област, a во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите. 

Центарот за Грижа на корисници е местото каде корисниците на услугите на Vip имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес. Речиси 100 млади луѓе  полни со ентузијазам се подготвени да излезат во  пресрет на секое корисничко барање или проблем преку различни канали. Контакт центрите за корисничка поддршка за резиденцијални и бизнис корисници како и за техничка поддршка се достапни на корисниците во секој момент, како и тимот кој што работи на поддршка на онлајн каналите- социјалните медиуми, live chat како и емаил.

Истовремено, Vip работи на нови иновативни и дигитални решенија за полесна и побрза комуникација и овозможување на врвно корисничко искуство за што корисниците наскоро ќе бидат известени.

Промовирани огласи »

Животот е позабавен кога одите онаму каде што ќе ве однесе вашето расположение. Компактно, тивко и агилно, новото AYGO лесно ќе ве води низ тесните градски улици. AYGO е дизајниран за да изненади со својот смел и препознатлив нов изглед. И со неколку сензационални бои во понудата, AYGO е вашиот начин да се издвоите од толпата.

Промовиранo уште во 2005 година, првата генерација на AYGO беше дизајнирана да привлече млади, урбани клиенти, и да внесе поголемо чувство на разиграност во брендот Toyota.

Со промовирање на нови и уникатни бои секоја сезона, посебни пакети на опрема на локалните пазари како и обемни освежувања во 2008 и 2012 година, AYGO остана постојано свеж што резултираше со вкупна продажба од повеќе од 760,000 возила, со освојување на нови купувачи и задржување на истите, со што брендот го зацврсти своето присуство во сегментот А.

Од неговата промоција во 2014 година, актуелната генерација на AYGO бележи значителен успех во сегментот А во Европа. Со препознатливиот “X” дизајн на предниот дел на автомобилот и големиот избор на опции за индивидуализација, новото AYGO ви гарантира истакнување во морето на автомобили.

Привлекувајќи ги повеќе купувачите со префинет вкус, од оние кои купуваат автомобил само за превоз од точка А до точка Б, возбудливиот дизајн и одличните динамички возни својства го направија AYGO еден од најдобрите возила во класата.

Во 2017 година, AYGO беше на врвот во сегментот во кој припаѓа, со продадени повеќе од 85,000 возила и удел во пазарот од 6,6%.

Новото AYGO продолжува да ја зацврстува уникатната генеза на моделот и посебноста во својот сегмент. Инженерите и дизајнерите во Toyota не само што го унапредија младешкиот и уникатен имиџ, туку го редизајнираа и погонот овозможувајќи пониска потрошувачка на гориво, подобри перформанси и возни својства, кои го направија овој автомобил уште позабавен за возење.

Новото AYGO е веќе достапно во продажниот салон на овластениот импортер за TOYOTA во Македонија со почетна цена од 9.390 Евра. Седум уникатни пакети на опрема во перфектен склад  со возбудлив ентериер, и надворешни бои на каросерија кои ќе ве пленат на прв поглед.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »