Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека изведувањето на водоводниот приклучок на ул.Јосиф
Јосифовски Свештарот бр.35 во нас.Центар е завршено, водоснабдувањето е
нормализирано во 13:20 часот.

Промовирани огласи »

Vip ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, Vip jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците

Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, Vip jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците.

За таа цел, со особено задоволство денеска, Vip беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за Грижа за корисници и со вработените кои се секојдневна поддршка за барањата и потребите на корисниците. 

Во рамките на одбележувањето на Светската недела за грижата на корисниците во компанијата беа организирани неколку настани насочени кон едукација и следење на светските трендови во оваа област, a во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите. 

Центарот за Грижа на корисници е местото каде корисниците на услугите на Vip имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес. Речиси 100 млади луѓе  полни со ентузијазам се подготвени да излезат во  пресрет на секое корисничко барање или проблем преку различни канали. Контакт центрите за корисничка поддршка за резиденцијални и бизнис корисници како и за техничка поддршка се достапни на корисниците во секој момент, како и тимот кој што работи на поддршка на онлајн каналите- социјалните медиуми, live chat како и емаил.

Истовремено, Vip работи на нови иновативни и дигитални решенија за полесна и побрза комуникација и овозможување на врвно корисничко искуство за што корисниците наскоро ќе бидат известени.

Промовирани огласи »

Новото TOYOTA AYGO - Дизајнирано да инспирира!

Новото TOYOTA AYGO - Дизајнирано да инспирира!

Животот е позабавен кога одите онаму каде што ќе ве однесе вашето расположение. Компактно, тивко и агилно, новото AYGO лесно ќе ве води низ тесните градски улици. AYGO е дизајниран за да изненади со својот смел и препознатлив нов изглед. И со неколку сензационални бои во понудата, AYGO е вашиот начин да се издвоите од толпата.

Промовиранo уште во 2005 година, првата генерација на AYGO беше дизајнирана да привлече млади, урбани клиенти, и да внесе поголемо чувство на разиграност во брендот Toyota.

Со промовирање на нови и уникатни бои секоја сезона, посебни пакети на опрема на локалните пазари како и обемни освежувања во 2008 и 2012 година, AYGO остана постојано свеж што резултираше со вкупна продажба од повеќе од 760,000 возила, со освојување на нови купувачи и задржување на истите, со што брендот го зацврсти своето присуство во сегментот А.

Од неговата промоција во 2014 година, актуелната генерација на AYGO бележи значителен успех во сегментот А во Европа. Со препознатливиот “X” дизајн на предниот дел на автомобилот и големиот избор на опции за индивидуализација, новото AYGO ви гарантира истакнување во морето на автомобили.

Привлекувајќи ги повеќе купувачите со префинет вкус, од оние кои купуваат автомобил само за превоз од точка А до точка Б, возбудливиот дизајн и одличните динамички возни својства го направија AYGO еден од најдобрите возила во класата.

Во 2017 година, AYGO беше на врвот во сегментот во кој припаѓа, со продадени повеќе од 85,000 возила и удел во пазарот од 6,6%.

Новото AYGO продолжува да ја зацврстува уникатната генеза на моделот и посебноста во својот сегмент. Инженерите и дизајнерите во Toyota не само што го унапредија младешкиот и уникатен имиџ, туку го редизајнираа и погонот овозможувајќи пониска потрошувачка на гориво, подобри перформанси и возни својства, кои го направија овој автомобил уште позабавен за возење.

Новото AYGO е веќе достапно во продажниот салон на овластениот импортер за TOYOTA во Македонија со почетна цена од 9.390 Евра. Седум уникатни пакети на опрема во перфектен склад  со возбудлив ентериер, и надворешни бои на каросерија кои ќе ве пленат на прв поглед.  

Новото TOYOTA AYGO - Дизајнирано да инспирира!

Промовирани огласи »

Мешани бракови во Македонија - со кој најчесто стапуваат во брак Македонците

Кои се најчестите животни сопатници на Македонците?

Македонците најчесто склучуваат мешани бракови со припадниците на српската заедница, и ова може да се забележи од податоците на Државниот завод за статистика за 2017 година, пренесува Фактор.

Минатата година 69 Македонки стапиле во брак со Срби, а 83 невести од српска националност се омажиле за Македонци.

Веднаш зад Србите по бројност се Албанците.

Голем број Македонци се женат со Албанки од соседна Албанија. На вакви бракови најчесто се решаваат мажите од руралните средини. Во бројки, минатата година 57 жени Албанки се омажиле за Македонци, а 23 Македонки за Албанци.

Од друга страна во истиот период 9 Турчинки се омажиле за Македонци, а 25 Македонки се венчале со Турци.

Податоците покажуваат дека 7 Влаинки се омажиле за Македонци, додека двојно повеќе Македонки се омажиле за Власи.

Дванаесет Бошњачки лани се омажиле за Македонци и исто толку Македонки за Бошњаци.

Има 8 регистрирани бракови меѓу младоженец Македонец и Ромка, и исто толку помеѓу Ром и Македонка, покажуваат статистиките. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »