Двајцата најбогати луѓе на светот одлучија да се здружат и да работат на развој на бактерија која треба да го намали користењето на азотни ѓубрива. Сметаат дека тоа е конкретен начин да се спаси планетата Земја.
Во септември група милијардери инвеститори меѓу кои се Џеф Безос, Бил Гејтс и Мајкл Блумберг одлучија да издвојат милијарда долари за вложување во енергетска стартап компанија.
Инвестициите се дел од фондот наречен Пробивен енергетски потфат, направен со цел за компаниите капиталот да можат да го вратат после 20 години, а кој треба на научниците и инженерите да им овозможи работа на трансформативни енергетски технологии.
Една од тие компании е калифорниската "Pivot Bio" која од милијардерите добила 70 милиони за работа на генетски модифицирана бактерија.
Оваа компанија идентификувала голем проблем во земјоделството: фармерите користат премногу азотни ѓубрива, кои доста влијаат на загадувањето. Како што расте билката, на неа и е потребно се повеќе храна, па фармерите се повеќе користат ѓубриво.
Ѓубривата испуштаат азотни-оксиди, чиј гас долго останува во воздухот и земјиштето, а ги загадува и реките и потоците. Тој е и токсичен по луѓето бидејќи во контакт со загадената вода може да се разболат и да им откажат бубрезите и црниот дроб.
„Pivot Bio“ открила бактерија која може да ја намали потребата за користење на ова опасно ѓубриво. Според зборовите на претставници од компаниите, таа бактерија се криела во природата, но поради користење на фертилизатори останала неактивна.
Со генетско модифицирање на оваа бактерија, компанијата им помага да се активираат во присуство на азотни ѓубрива. Фармерите ќе можат да ги напраскаат семињата со бактеријата во течен облик.
"PivotBio" на фармерите им предлага да користат и понатаму исти методи на кои навикнале, но така што на својата смеса ѓубрива и инсектициди, при првото ѓубрење ќе и додадат генетски модифицирана бактерија.
Тем Карстен, извршен директор на компанијата рекол дека на светското производство на ѓубриво одат околу 3-4 отсто од светската енергија и дека при самиот процес на производство во атмосфера испуштаат штетни гасови.