Промовирани огласи »

Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски. 

Најновите трендови во производството на мебел ќе бидат презентирани на вкупна површина од 8.000 кадратни метри. Ќе бидат поставени две мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекти.  

Покрај изложувачите од Македонија, на годинашното издание на саемот ќе се претстават и излоќувачи од Србија, Косово, Италија и Бугарија.  

Во рамки на саемот утре во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија“ - колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален. 

Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер имаат распишано и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво. 

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет за и преку „МК тикетс“. 

За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП арената „Борис Трајковски“. Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно, а автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. 

Промовирани огласи »

Инспекциските служби започнаа засилени контроли со цел спречување на обидите на несовесни граѓани кои во ек на сезоната на варење ракија, од отпадот од сливи се ослободуваат со негово фрлање во канализациската мрежа.

Како што велат надлежните за прекршителите ќе следуваат казни согласно законските одредби за ваков вид прекршоци.

Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат отпадот (комињето) во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување, информираат од одделението за инспекциски надзор.

Додаваат дека поради евидентираните случаи за ваква практика кај граѓаните, службите ќе вршат редовни контроли по што за несовесните граѓани ќе бидат изрекувани казни. Казните ќе се применуваат согласно со законските одредби од Законот за јавна чистота на град.

Промовирани огласи »

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти. Со тоа Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции.

За следната година, Фондот предвидува дека земјава ќе достигне стапка на раст од 2,6 проценти наспроти првично проектираните 3 проценти.

Неодамна и Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.

Од македонската Влада неколку пати досега тврдеа дека голема е веројатноста стапката на раст од 3,2 отсто која е проектирана и во буџетот да се оствари, што ќе биде поткрепено и со мерки за финансиска поддршка на компаниите.

Промовирани огласи »

Учениците во втора година кои се дел од специјалната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје добија договори за месечен надомест. Надоместокот ќе им се исплаќа за практичната обука која ќе ја посетуваат во просториите на ЕВН Македонија во текот на училишната година. Учениците досега добиваа надомест за летната практикантска обука, а овој дополнителен надомест е мотивација и вреднување на трудот и ангажманот на учениците  за време на учењето преку работа во ЕВН. Овој проект е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила. 

Договорите ги доделија министерката за Труд и социјална политика, г-а Мила Царовска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер.

Овој проект е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила. Ги охрабрувам и другите компании да го следат примерот на ЕВН Македонија која направи специјална паралелка за стручно оспособување на средношколците. Придобивки од ваков вид образование има и која веднаш си обезбедува стручен кадар, и учениците кои освен што стручно се оспособуваат, добиваат и надоместок за практиктиканстката работа, но и вработување веднаш по завршувањето на образованието. На овој начин се решава недостигот на стучен кадар кој во последните неколку години е се поизразен, но истовремено се намалува невработеноста, рече министерката Царовска.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер рече дека задоволство е да се помогне на ученици кои успешно ја поминале првата година во ЕВН паралелката и се подготвени за нови знаења и предизвици.„ЕВН Македонија е социјално одговорна компанија која се грижи за иднината на тинејџерите на Македонија и со овој проект „20-20-20“ ние ги учиме како да работат. Овие ученици се веќе во втора година и може да одат на терен и да работат реална работа како нашите електромонтери. Поради тоа што преземаат некаква одговорност на терен, од денес ќе добиваат соодветен надомест. Ова е пресликување на Австрискиот модел на дуално образование преку кој од една страна од училиштето го добивате образованието, а кај компаниите го добивате чувството за работа на терен.“ рече г-дин Петер.

Директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ г-дин Димитар Ѓорѓиев се заблагодари на ЕВН за поддршката која ја дава преку овој проект и најави дека во дворот на училиштето ќе се направи полигон каде што учениците ќе може да изведуваат практична настава.

ЕВН е првата компанија која учествува во афирмирањето на дуалното образование со цел да произведе млади стручни кадри кои веднаш по завршувањето на средното образование ќе можат да бидат дел од компанијата. Целта на проектот „20-20-20“ е дваесетина ученици од секоја генерација по успешното завршување на школувањето да добијат понуди за работа и месечна плата од 20.000 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »