Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје на денешната 19-та седница ќе расправа за поголем број одлуки, меѓу кои и Одлуката за определување максимален износ за доделување поединечна субвенција на граѓаните за купување електрични тротинети за 2018 година.

Градските власти информираат дека со оваа одлука е предвидено да се пренаменат дел од неискористените средства од субвенциите за велосипеди, во делот за велосипеди за лица со посебни потреби, каде заинтересираноста била послаба и дел од средствата предвидени за таа намена останале неискористени.

Со предложената одлука, Советот на Град Скопје го определува максималниот износ за доделување поединечна субвенција на граѓани за набавка на електрични тротинети за 2018 година во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

На денешната седница советниците ќе одлучуваат и за одлуката за одобрување на набавкa на патнички моторни возила, со што е предвидена набавка на шест еколошки-хибридни возила и едно транспортно возило за повеќе патници за потребите на градската администрација.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за давање согласност за промената на Статутот на jавната установа Универзална сала-Скопје, со која оваа институција го враќа стариот назив во Универзална сала.

Советниците ќе одлучуваат и за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општината Бутел за изградба на атмосферска канализциска мрежа, на потегот од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ до реката Серава. Со оваа одлука се предвидува учество на Град Скопје во изградбата на атмосферска канализациска мрежа во Бутел, со што ќе се создадат услови за решавање на еден од важните комунални проблеми на жителите во овој дел од Скопје.  Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да учествува со 32.390.611 денари, а средствата да се издвојуваат од буџетите на Град Скопје за 2018, 2019 и 2020 година.

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе решава и за две точки поврзани со работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Со првата одлука се одобрува набавка на две специјални комунални возила за странично собирање и транспортирање на комунален отпад од статични контејнери со капацитет од 2.200 и 3.200 литри, за што се предвидени 24 милиони денари, како и набавка на статични контејнери за одлагање на комунален отпад со капацитет од 3.200 литри, за што се предвидени 40 милиони денари. Со втората одлука се пренаменуваат средства од Буџетот на Град Скопје, односно 3 милиони денари сега ќе бидат предвидени за набавка на опрема за стационарот „Вардариште“.

Фото: E-TWOW-Booster

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Промовирани огласи »

Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски. 

Најновите трендови во производството на мебел ќе бидат презентирани на вкупна површина од 8.000 кадратни метри. Ќе бидат поставени две мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекти.  

Покрај изложувачите од Македонија, на годинашното издание на саемот ќе се претстават и излоќувачи од Србија, Косово, Италија и Бугарија.  

Во рамки на саемот утре во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија“ - колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален. 

Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер имаат распишано и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво. 

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет за и преку „МК тикетс“. 

За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП арената „Борис Трајковски“. Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно, а автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. 

Промовирани огласи »

Инспекциските служби започнаа засилени контроли со цел спречување на обидите на несовесни граѓани кои во ек на сезоната на варење ракија, од отпадот од сливи се ослободуваат со негово фрлање во канализациската мрежа.

Како што велат надлежните за прекршителите ќе следуваат казни согласно законските одредби за ваков вид прекршоци.

Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат отпадот (комињето) во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување, информираат од одделението за инспекциски надзор.

Додаваат дека поради евидентираните случаи за ваква практика кај граѓаните, службите ќе вршат редовни контроли по што за несовесните граѓани ќе бидат изрекувани казни. Казните ќе се применуваат согласно со законските одредби од Законот за јавна чистота на град.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »