Промовирани огласи »

Граѓаните ќе куртулат од каматите за старите долгови само ако не се распушти Собранието. Законот го помина комисискиот филтер и во него се вградени амандамните кои произлегоа од барањата на здруженијата на граѓани. 

Текстот предвидува Законот да стапи во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а не по три месеци како што претходно беше предвидено. Извршителите ќе наплатуваат вкупно 20% од трошоците, а приватните фирми кои треба да ги избршат каматите имаат рок од десет дена да донесат одлука за отпис.

Законот е предлог на сите политички партии, односно на околу 90 пратеници и од власта и од опозицијата. Во подготовката учествувале и сите доверители кон кои граѓаните имаат долгови.

Седницата на која би се гласал овој закон ќе биде ставена на дневен ред по завршувањето на седницата за уставните амандмани. Ако нема консензус и дојде до нови избори, Законот за отпис на каматите ќе чека да се состави нов парламент.  

Промовирани огласи »

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака.

Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија.

Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.  При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците.

Годинава,споредено со минатата година,бројот на нови потрошувачи е зголемен. Трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена.

Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите , интервенција во ормарче, прочистување и увид  во внатрешната инсталација итн.

За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: [email protected] .

Промовирани огласи »

Во новото откритие на астрофизичарите кои најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда учествуваше и Македонската др Тања Петрушевска.

Студијата беше предводена од тим истражувачи од Калтеч институтот (Caltech - Калифорнсискиот институт за технологија). Во тимот учествуваше и Петрушевска, астрофизичар, дел од Универзитетот во Нова Горица и член на Скопско астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Ова откритие е објавено во престижното списание Сајанс (Science). 

Промовирани огласи »

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »