Промовирани огласи »

Во новото откритие на астрофизичарите кои најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда учествуваше и Македонската др Тања Петрушевска.

Студијата беше предводена од тим истражувачи од Калтеч институтот (Caltech - Калифорнсискиот институт за технологија). Во тимот учествуваше и Петрушевска, астрофизичар, дел од Универзитетот во Нова Горица и член на Скопско астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Ова откритие е објавено во престижното списание Сајанс (Science). 

Промовирани огласи »

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.

Промовирани огласи »

Програмите на Европската унија за продажба на пасоши и визи за престој на странски богати граѓани претставуваат ризик од перење пари, а некои од проектите не се правилно водени, кажано е во ЕУ.

Владините програми за тргување со државјанство или визија за престој моментално се применуваат во Австрија, Кипар, Луксембург, Малта, Грција, Летонија, Португалија, Шпанија, Ирска, Британија, Бугарија, Холандија и Франција.

Унгарија тој програм го укина.

„Ако имате многу пари кои се стекнати на сомнителен начин, обезбедување нов дом, далеку од местото каде сте краделе, не е само атрактивно, туку и разумно“, рекла Наоми Херст од групата за промовирање на човековите права „Глобален сведок“.

Според нејзините зборови, контролата или проверка на лицата кои купиле државјанство на ЕУ или виза за престој не се на задоволително ниво. Таа рекла дека таа пракса ги изложува земјите на корупцијата и претставува опасност од перење пари.

Во заедничкиот извештај на оваа група и „Транспаренси интернешенел“ ЕУ е повикана да постави стандарди за тие проекти и да ги прошири прописите против перење пари, кои сега се применуваат на банките или компании кои се занимаваат со игрите на среќа, на сите вклучени во индустријата за продажба на визи.

Се очекува Европската комисија да го објави извештајот за сите шеми во земјите на ЕУ до декември.

Според податоци на ЕУ, прибавување на пасоши и визи за престој чини во просек 900 000 евра, а за пасош на Кипар се потребнии околу 2 милиони евра.

Кипар досега собрал 4,8 милијарди евра благодарение на овој систем, а Португалија се ближи до една милијарда , стои во во извештајот на „Европската капија - внатре во матниот свет на златните визи“.

Во извештајот се наведува дека земјите на ЕУ собрале околу 25 милијарди евра директни странски инвевстиции за последните 10 години од продажба на најмалку 6000 пасоши и најмалку 100 000 визи за престој.

Сите земји кои ги имаат овие програми, освен Британија, Ирска и Бугарија, се дел од шенгенската зона, која опфаќа 26 европски земји.

Промовирани огласи »

Професијата работник води на листата на најбарана професија. Се зголемува и побарувачката на профилите инженер и директор, но рамо до рамо со нив се и угостителските работници.

Од побараните работни профили се и оние за работното место маркетинг агент, сметководител, менаџер и фамацевт, но голема побарувачка има и за столари.

Помалку барани занимања се и за технички секретар, продавач, администратор, магационер, референт, асистент и наставник, а карактеристично е зголемената побарувачка во категоријата "градежништво и архитектура", каде најмногу се бара бравари, архитекти, заварувачи, дреари и водоинсталатери.

Анализата на огласите, покажа дека многу малку се бараат сервисери, графички дизајнери, медицински сестри, инструктори, дистрибутери.

Најмала заинтересираност кај работодавачите има за занимањата агроном, рецепционер, лектор, воспитувач, пиротехничар, фактурист, геолог, библиотекар, архивар, медија планер, контролор, практикант, едукатор, судски вештак, актер и чувар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »