Програмите на Европската унија за продажба на пасоши и визи за престој на странски богати граѓани претставуваат ризик од перење пари, а некои од проектите не се правилно водени, кажано е во ЕУ.
Владините програми за тргување со државјанство или визија за престој моментално се применуваат во Австрија, Кипар, Луксембург, Малта, Грција, Летонија, Португалија, Шпанија, Ирска, Британија, Бугарија, Холандија и Франција.
Унгарија тој програм го укина.
„Ако имате многу пари кои се стекнати на сомнителен начин, обезбедување нов дом, далеку од местото каде сте краделе, не е само атрактивно, туку и разумно“, рекла Наоми Херст од групата за промовирање на човековите права „Глобален сведок“.
Според нејзините зборови, контролата или проверка на лицата кои купиле државјанство на ЕУ или виза за престој не се на задоволително ниво. Таа рекла дека таа пракса ги изложува земјите на корупцијата и претставува опасност од перење пари.
Во заедничкиот извештај на оваа група и „Транспаренси интернешенел“ ЕУ е повикана да постави стандарди за тие проекти и да ги прошири прописите против перење пари, кои сега се применуваат на банките или компании кои се занимаваат со игрите на среќа, на сите вклучени во индустријата за продажба на визи.
Се очекува Европската комисија да го објави извештајот за сите шеми во земјите на ЕУ до декември.
Според податоци на ЕУ, прибавување на пасоши и визи за престој чини во просек 900 000 евра, а за пасош на Кипар се потребнии околу 2 милиони евра.
Кипар досега собрал 4,8 милијарди евра благодарение на овој систем, а Португалија се ближи до една милијарда , стои во во извештајот на „Европската капија - внатре во матниот свет на златните визи“.
Во извештајот се наведува дека земјите на ЕУ собрале околу 25 милијарди евра директни странски инвевстиции за последните 10 години од продажба на најмалку 6000 пасоши и најмалку 100 000 визи за престој.
Сите земји кои ги имаат овие програми, освен Британија, Ирска и Бугарија, се дел од шенгенската зона, која опфаќа 26 европски земји.