Промовирани огласи »

Зелената карта ќе се спои со полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возило, вели првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. Ова ќе произлезе од потребата и Македонија да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон за оваа област. Во интервју за МИА, Попоски вели дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира. 

Во периодот што доаѓа имаме неколку предизвици во делот на регулативата пред се заради усогласување со ЕУ регулативата. Таа е една револуционерна регулатива бидејќи се зголемуваат барањата на друштвата за осигурување во делот на поефикасно управување со ризиците, се зголемува нивото на потребен капитал, зголемено е и нивото на транспарентноста и зајакнато е пред се корпоративното управување. Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло вели Попоски.

Промовирани огласи »

Македонија се најде во Топ-10 земји со најмал ризик за перење пари според рангирањето на Bazel AML Index, во кое Финска е на првото место за оваа година.

Естонија е на второ место (од 129) веднаш по Финска со индекс 2,73 (колку е помала бројката, толку подобро). 

Литванија е трета, која со Нов Зеланд, Македонија, Бугарија, Словенија, Шведска, Хрватска и Израел ги сочинуваат првите десет. 

Македонија се најде во Топ-10 земји со најмал ризик за перење пари според рангирањето на Bazel AML Index, во кое Финска е на првото место за оваа година.

Естонија е на второ место (од 129) веднаш по Финска со индекс 2,73 (колку е помала бројката, толку подобро). 

Литванија е трета, која со Нов Зеланд, Македонија, Бугарија, Словенија, Шведска, Хрватска и Израел ги сочинуваат првите десет. 

Промовирани огласи »

Во градот Јиангмен во Кина пред неколку дена жителите биле шокирани од она што го виделе по улиците. Околу 30 мажи, парадирале низ градот, само по нивната долна облека. Сите тие биле вработени од секторот за продажба во локална теретана.

Причината поради која парадирале полуголи е затоа што тоа било наредба од нивниот шеф, затоа што не успеале да го достигнат очекуваниот профит. Еден од нив изјавил: „Јас со задоволство ја прифаќам казната што ми ја додели компанијата. Нашиот женски персонал не треба да прави прошетка на срамот, од нив се бара да направат склекови како казна.“

Поранешен вработен во теретаната изјавил дека често им одземале на работниците 200 јуани (околу 20 евра) доколку не би успеале да го постигнат посакуваниот профит, или пак 500 јуани (55 евра) доколку задоцнат на работа.

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе куртулат од каматите за старите долгови само ако не се распушти Собранието. Законот го помина комисискиот филтер и во него се вградени амандамните кои произлегоа од барањата на здруженијата на граѓани. 

Текстот предвидува Законот да стапи во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а не по три месеци како што претходно беше предвидено. Извршителите ќе наплатуваат вкупно 20% од трошоците, а приватните фирми кои треба да ги избршат каматите имаат рок од десет дена да донесат одлука за отпис.

Законот е предлог на сите политички партии, односно на околу 90 пратеници и од власта и од опозицијата. Во подготовката учествувале и сите доверители кон кои граѓаните имаат долгови.

Седницата на која би се гласал овој закон ќе биде ставена на дневен ред по завршувањето на седницата за уставните амандмани. Ако нема консензус и дојде до нови избори, Законот за отпис на каматите ќе чека да се состави нов парламент.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »