Цената на горивата во Македонија итаат да ги уриваат рекордите кои беа достигнати пред десет години во 2008 година кога беше актуелна светската економска криза.
Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука за цените на горивата ја утврди малопродажната цена на еуросупер БС-95 да чини 74,5 денари за литар(1,3 евра), еуросупер БС-98 да се продава за 76,5 денари (1,32 евра),а еуродизел (Д-Е В) за 69 денари(1,1 евра). По овие цени горивата на нашите бензиските пумпи ќе се точат во следните две недели.
Најскап безин имавме летото во јуни И јули 2008 година кога еуросупер БС-95 чинел 77,50 денари за литар, а еуросупер БС-98 се купувал по цена од 78,50 денари за литар. Дизелот пред десет години чинел дури 76 денари за литар или 7 денари повеќе во споредба со сегашната цена.
Од РКЕ новите цени ги правдаат со курсот на доларот И цената на нафтата на светските берзи во изминативе две недели.
И бренд нафта на светските берзи урива рекорди. Таа деновиве се продава по цена од 84,15 долари за барел,а најцрните прогнози на светските аналитичари се дека може да ја достигне 100 долари за барел што може да донесе и нова светска економска криза.
Токму од сите овие причини македонските граѓани веќе не возат по најевтин бензин во регионот, бидејќи за изминативе 9 месеци во континуитет растеа цените на бензините. Она што е интересно е што соседите кои што доаѓаа да го наполнат нивниот резервоар кај нас, сега кај нив има поевтини горива.
Така малопродажната цена на еуросупер БС-95 во јануари на бензиските пумпи се точеше по 66,5 денари за литар(1,07 евра), еуросупер БС-98 да се продава за 68,5 (1,11 евра) и еуродизел (Д-Е В) чинеше 59,5 денари(0,96 евра).
Зголемувањето на бензините за изминативе 9 месеци најмногу е изразено кај дизелот каде достригна раст од околу 13%, а кај останатите горива по 10%.За споредба на почетокот на годината дизелот чинеше 58,5 денари за литар. Ако досега во резервоарот стававте бензин за 1.000 денари, со новите цени ќе треба да одвоите околу 1.130 или две литри помалку, а за толку помалку и ќе возите.
Поголемото зголемување на нафтата се должи на тоа што на стартот на годината ценат на дизелот беше зголемена за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза.
Акцизата за дизелот се зголемува по препорака на ЕУ. Според нив овие акцизи треба да достигнат 0,33 евроценти, а кај нас во моментов изнесува 0,26 евроцентри.
Но И покрај ваквите цени во земјава доколку се анализира со земјите од регионот сепак дизел гориво е меѓу најевтините, но не и најевтино како до пред некој месец. На бензиските пумпи во Романија се точи најевтин бензин,а дизелот чини едно евро колку што е и во Босна и Херцеговина.
За дизел горивото по1,07 евра се плаќа во Бугарија исто како И кај нас, потоа следи Хрватска каде еден литар дизел чини 1,14 евра,а во Црна Гора и Словенија е 1,15 евра за литар дизел гориво.
И понатаму најскапо дизел гориво плаќаат во Грција- 1,35 евра, Албанија е одма зад нив со 1,3 евра и Србија со цена од 1,26 евро.
Нешто поинаква е сликата кај бензините. Најскап бензин плаќаат Грците – 1,58 евра за литар,
Црна Гора -1,34 евра, па следува Албанија со цена од 1,31 евра. Во Словенија и Хрватска за литар бензин треба да издвоите 1,3 евра. Најевтина цена на бензините има во Романија од нешто повеќе од едно евро за литар, потоа следи Македонија со цена од околу 1,22 евра, Бугарија со 1,17 евра и Босна и Херцеговина каде треба да се издвојат 1,09 евра.
Доколу се спореди со летото 2017 година бројките се драстично различни тогаш имавме најевин дизел, но и бензин, односно еуросупер БС 95, чинеше 0,99 евра, еуросупер БС 98 се точеше на бензиските пумпи по цена од 1,03 евра, додека еуродизелот се продаваше за само 49 денари или 0,80 евроценти.
Но возачите треба да знаат дека во Македонија не е само што бензинот има популарна цена тој е и со европски квалитет, што потврдуваат анализите кога се прават во неколку акредитирани странски и домашни лаборатории.