Промовирани огласи »

Американскиот ИТ гигант го менува начинот на издавање дозволи за користење на Андроид апликации во Европа.

Прецизно, Гугл на произведувачите на Андроид ќе им наплаќа апликации.

Исто така, како што најави претходно неговиот извршен директор Сандер Пичари, Гугл планира прв пат да го наплати Play Store и други Гугл апликации.

Одлуката следи по пресудата од јули, во која ЕК му одреди казна на тој гигант од пет милијарди долари, за да го спречи Chrome и другите апликации за пребарување да ги направи целосно доминантни во рамки на АНДРОИД оперативниот систем , и на тој начин да ја уништи конкуренцијата.

Тоа значи дека заинтересираните произведувачи во идниина ќе мора да плаќаат за одредени ставки како Play Store, кој се смета за витално средиште на Андроид, но пред се сервисот на компанијата Гугл.

Основата на Андроид оперативен систем ќе остане бесплатна и  open-source, но ако произведувачите на телефони и таблети од подрачјето ан Европа сакаат Play Store и Google апликации ќе мора да платат одреден надомест. Исто така Play Store, како и многу апликации како Gmail и  Google Maps ќе бидат во пакет кој ќе биде опфатен со договор и одреден паричен надомест.

Промовирани огласи »

Психичкото вознемирување на работното место (мобинг) станува појава на новиот милениум, која може да биде или предизвик и животно искуство што ќе ни помогне да одиме напред или опасност што може да биде надвор од нашата контрола и да стане сериозна закана по нашето физичко и ментално здравје и да влијае врз семејната хармонија, продуктивноста и квалитетот на работата пишува МИА.

Мобингот како широко распространета негативна појава бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување. Особено е значајно да се оспособат сите лица во работната средина за препознавање на облиците на вознемирување и начинот и постапката за спречување и заштита од оваа појава.

Сојузот на синдикатите на Македонија е еден од значајните субјекти што со своите стратегии за дејствување особено е заинтересиран за обезбедување здрави и безбедни услови за работа на работниците, вклучувајќи ги тука и активностите како застапник на правата и интересите на своето членство, за препознавање на мобингот и заштита од ваквото негативно однесување и преземање мерки за ублажување или избегнување на последиците по здравјето и достоинството на работниците.

За заштита од психичкото вознемирување на работното место по барање од ССМ е донесен законот во 2013 година, кој е поддржан од другите синдикати и социјални партнери по пат на социјален дијалог во Економско-социјалниот совет.

Од ССМ се задоволни од законското решение и особено од ригорозните казнени санкции, кои предвидуваат од пет до шест илјади евра за сите работодавци што не ги спроведуваат мерките поврзани со законот или до четири илјади евра за лицето што го врши мобингот, како и предвиденото надоместување штета за сите жртви на психичко, физичко или полово вознемирување.

Како што пишува МИА работниците врз основа на психичко вознемирување на работното место во ССМ можат да добијат и бесплатно правно советување. ССМ одвојува финансиски средства за бесплатна телефонска линија за мобинг во канцеларијата на синдикатот. Правниците на ССМ во седиштето во Скопје и во регионалните синдикални претставништва и синдикални канцеларии ги преземаат сите законски дејства и постапки за заштита на работничките права на своето членство.

Карактеристично е тоа што, како што велат од ССМ, има голем број обраќања во врска со вознемирување на работното место, но од лица кои не се членови на Синдикатот.

Овие податоци, како што посочуваат оттаму, упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчесто се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права.

Промовирани огласи »

Се поизвесно станува дека ќе останеме без евтини авиопревозник. Последните случувања и поништен тендер за субвенционирани евтини летови од двата македонски аеродроми го наговестуваат токму тоа.

И вториот тендер отиде во бездна а причината за пропаѓање според надлежните била тоа што не е исполнет главниот критериум кој се бара во трендерот.

Министерот Сугарески убедува дека евтини летови ќе има а како тоа планира да го изведе не се знае.,

Процедурата и правилата мора да се почитуваат“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски во август ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, бидејќи во понудата на „Визер“ како единствена пријавена компанија не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, по што минатиот месец беше објавен нов повик.

Претходно, во јуни на „Визер“ му истече тригодишниот договор, но и без субвенции во последните три месеци овој авиопревозник „гази“ неприкосновено и кај нискобуџетните и кај стандардните компании. Во севкупна конкуренција на крајот од март, односно по првиот квартал кога „Визер“ бил под субвенции држел 59,6 отсто од бројот на летови, пред Аустријан ерлајнс со 7,5 отсто и Туркиш ерлајнс со 7,4 отсто. По првите три квартали, односно на крајот од септември кога „Визер“ е без субвенции бележи раст во структурата со 60,3% удел на пазарот, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (7,8%), Аустријан ерлјанс (5,7%).

Според последниот квартален извештај на „Визер“, уште повеќе доминира меѓу нискобуџетните во Македонија, а тука има убедлива предност во Македонија од 92 отсто, пред Пегасус ерлајнс со 5,1% и ФлајДубаи со 2,9%. Од сите европски земји каде што се застапени, први кај нискобуџетните се уште и кај Романија, Украина, Унгарија, Бугарија, Летонија, Србија, Грузија и БИХ, но никаде не надминуваат повеќе од 60 отсто од летовите и обично блиску го делат пазарот со еден или два конкуренти во структурата.

Промовирани огласи »

Ако барате добро место за да започнете бизнис, можеби ќе треба да побарате подалеку. Извештајот на Светскиот економски форум ја истражува динамиката на бизнисот во различни земји врз основа на фактори како што се трошоците и времето за основање на компаниите, развојните ризици, конкурентната средина, подготвеноста да се прифатат нови идеи итн.

Податоците од извештајот се користат за да се направи листа на земјите кои се најпогодни за започнување на нов бизнис. Еве ги првите 25 земји:

25. Чешка Република

24. Словенија

23. Тајланд

22. Јужна Кореја

21. Тајван

20. Швајцарија

19. Малезија

18. Белгија

17. Хонг Конг (дел од Кина)

16. Сингапур

15. Австралија

14. Јапонија

13. Канада

12. Нов Зеланд

11. Исланд

10. Ирска

14. Јапонија

13. Канада

12. Нов Зеланд

11. Исланд

10. Ирска

9. Норвешка

8. Финска

7. Обединето Кралство

6. Данска

5. Израел

4. Шведска

3. Холандија

2. Германија

1. САД

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »