Промовирани огласи »

Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.

Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата.

Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти, или 4,6 милиони Европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.

Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.

Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.

Промовирани огласи »

Во Скопје денеска ќе се одржи Првата македонска годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

На конференцијата ќе се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска, а од страна на организаторите најавено е и присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Промовирани огласи »

Во 2019-та ќе имаме 7 продолжени викенди поради државни празници, односно 9 продолжени викенди заедно со верските празници кои ги празнуваат христијанските верници.

Првото патување може да го планирате за „Божиќ“.  Тогаш имаме продолжен викенд од три споени денови.

Вториот продолжен викенд е за „Велигден“ кога заедно со викендот имаме четири неработени денови .  Овој продолжен викенд  е последниот викенд во април.   Петок е неработен само за православните верници, а понеделник за сите граѓани на Македонија.

Денот на словенските просветители „Кирил и Методиј“ е 24 мај и тој се празнува пред викенд со што го добиваме третиот продолжен викенд.

„Разан Бајрам“ следната година се празнува на 4 јуни – вторник.

Следниот, петти продолжен викенд е за верскиот празник „Духови“ кои следната година година според верскиот календар се празнува на 14 јуни – петок.  Овој ден е неработен само за православните верници во Македонија.

Државниот празник „Илинден“ следната година се паѓа во петок. Тоа е шестиот продолжен викенд за 2019 година.

„Денот на независност на Македонија  - 8 септември“  следната година се паѓа во недела со што преместува за понеделник (9 септември) и тоа е седмиот продолжен викенд во годината.

„Денот не револуционерното востание“  се празнува на 11 октомври и истиот следната година се паѓа во петок со што граѓаните го добиваат осмиот продолжен викенд.

Деветиот продолжен викенд  е Денот на словенски писател и просветител, Климент Охридски. Овој државен празник се паѓа на 8 декември (недела) и истиот се преместува за понеделник. Со тоа се добива деветиот продолжен викенд.

Промовирани огласи »

Wizz Air, најбрзорастечката авиокомпанија во Европа и водечка нискобуџетна компанија во Централна и Источна Европа, љубезно ги потсетува сите патници кои патуваат со авиокомпанијата дека по 1 ноември 2018 година нејзината нова и транспарентна багажна политика за цел олеснување на патувањето за патниците и намалување на одложувањата поврзани со багажот за сите летови на Wizz Air, ќе стапи на сила за една недела.

Од 1 ноември секој патник има право да понесе една бесплатна рачна торба (40x30x20 cm) во кабината, додека оние патници кои купуваат WIZZ Priority ќе имаат можност да носат мал куфер (55x40x23 cm) исто така во кабината. Врз основа на повратните информации од купувачите и менувањето на патните правци, Wizz Air воведе куфер со тежина од 10 килограми за check-in за поудобно патувачко искуство со цени почнувајќи од околу 7 евра.

Новата политика на авиокомпанијата за јасен и фер багаж е политика на избор за нашите патници, бидејќи им овозможува на клиентите на WIZZ да одберат помеѓу повеќе од 50 варијации на багаж за носење во кабина и за check-in врз основа на нивните индивидуални преференции.

Ние ги охрабруваме нашите патници да се спакуваат паметно и да купат WIZZ Priority, кој вклучува торба за во кабина (40x30x20 см), мал куфер (55x40x23 cm) за во кабина, приоритетен check-in и приоритетен влез во авионот почнувајќи од 5 евра.

Резервациите без WIZZ Priority направени пред 10 октомври за периодот на патување по 1 ноември 2018 година ќе бидат надградени со бесплатен 10кг check-in куфер, додека резервациите со check-in багаж ќе бидат надградени со WIZZ Priority.

Wizz Air верува дека овој транспарентен и јасен пристап кон багажната политика ќе придонесе за поудобно и побрзо влегување во авион и подобро искуство на клиентите. Со поголема сигурност дека торбата може да се вклопи во кабината и нов, поширок избор на големина и тежина на оптоварување на багаж, патниците сега имаат неверојатен асортиман на комбинации од кој што можат да одберат.

Јохан Ајдаген, главен маркетинг директор на Wizz Air, додаде: "Останува уште една недела додека не стапи на сила нашата нова, транспарентна и фер багажна политика. Таа нуди најширок избор на багаж за нашите патници, притоа овозможувајќи бесплатна торба за во кабина за секој патник. Почнувајќи од 1-ви ноември, процесот на влез во авион ќе го направиме полесен, а со тоа и поудобен, континуирано нудејќи најниски можни цени низ нашата широка мрежа од 143 дестинации во 44 земји. "

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »