Промовирани огласи »

Италијанскиот град Болоња ги наградува граѓаните со бесплатно пиво доколку ги возат своите велосипеди, се одлучат за јавен превоз или пешачат. Со апликацијата за паметен телефон наречена „Бела моса“ (Одлична работа) тие добиваат поени што можат да ги потрошат на пиво, сладолед или на билети за кино кога ќе се одлучат за незагадувачки начин на патување.


Проектот „Бела моса“ е идеја на Марко Амадори, кој објаснува дека прво мора да се преземе апликацијата „Бетр поинтс“ (Подобри поени), што ќе го води вашиот дневник на превоз, но и за собирање поени за награда. Повеќе од 100 локални кафулиња и слаткарници се вклучени во овој проект, а луѓето се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој заработил повеќе поени. 

Промовирани огласи »

Во следните 5 години, меѓу добро платените професии, најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Ќе има зголемена побарувачка за наставници, истражувачи на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатери. 

Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувачи. Ќе расте побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.

Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвачи, негуватели, работници во обезбедување и рецепционери.

CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст ќе следи во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.

Промовирани огласи »

Во последните две години осиромашеле и пензионерите. 

Сепак пред 5 години имало најголем процент на сиромашни пензионери. 

Стапката на сиромашни пензионери во 2017 година била 7.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Во 2016 година стапката на сиромашни пензионери изнесувала 7.1%, во 2015 година била 7.3%. Во 2014 година 8.4% од пензионерите биле во групата сиромашни, а во 2013 сиромашни биле 10.9% од корисниците на пензија. 

Промовирани огласи »

Најголемиот аеродром на светот ќе профункционира задутре. 

Во турскиот град, Истанбул во понеделник ќе биде отворен најголемиот аеродром во светот. Тој е трет аеродром во милионскиот град.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган в понеделник во Истанбул свечено ќе го отвори аеродромот.  Него го градеа над 30.000 работници. 

Новиот аеродром „Istanbul Yeni Havalimani“ е изграден на европската страна на Истанбул, на 35 километри северно од градот, во округот Арнавуткој. Изградбата почна во јуни 2014 година, а сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба. Во првата фаза аеродромот ќе може да прими 90 милиони патници.

На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина.

Се очекува до 2030 година аеродромот да можат да го користат 150 милиони патници годишно, кога ќе биде завршена последната фаза. 

Се проценува дека кога ќе биде завршен, аеродромот ќе има 225.000 вработени. Оттука ќе се лета на 350 дестинации ширум светот, во соработка со стотина авиокомпании.

Најфреквентниот аеродром во светот „Хартсфилд Џексон“ во Атланта, САД во 2017 година имал 105 милиони патници. Шесте аеродроми во Лондон даваат услуги на 150 милиони патници годишно.

Изградбата на аеродромот чини 10,5 милијарди евра. Ќе покрива површина од 7 659 хектари што е околу 76 квадратни километри и ќе има шест писти. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »