Во следните 5 години, меѓу добро платените професии, најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Ќе има зголемена побарувачка за наставници, истражувачи на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатери.
Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувачи. Ќе расте побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.
Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвачи, негуватели, работници во обезбедување и рецепционери.
CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст ќе следи во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.