Промовирани огласи »

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул ќе го отвори најголемниот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Као што јави агенцијата Анадолија, новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза денеска ја отвора Ердоган, ќе има голем број карактеристики по кои ќе биде препознатлив во светот, меѓу кои и неговата големина, инфраструктурата, безбедносните системи и дизајнот.

Првиот лет е закажан за 31 октомври кон Анкара со авион од типот „Боинг 777“ на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).

Аеродромот е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а другите фази би требало да бидат завршени до 2023 година.

По завршувањето на работата, аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници. Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.

Во првата етапа се планирани дневно пет слетувања, а исто толку и полетувања. Планирани се внатрешни летови кон Анкара, Измир и Анталија, но и кон Турската Република Северен Кипар и Азербејџан кои ќе бидат први меѓународни летови.

Промовирани огласи »

Компанијата за производство на автобуси „Ван Хол“ има итна потреба од уште 80 работници во Македонија за да го запази навреме роковите од договорените нарачки, беше кажано од страна на претставниците на овој странски инвеститор за време на одбележувањето на Отворените работни денови во Белгија.

Во Македонија мора да се пополнат 80 слободни работни места. Ван Хол има добро пополнет список за нарачки и итно му е потребен дополнителен персонал", изјави Стефаан Вершорен, кадровски менаџер на компанијата..

И Извршниот директор Филип Ван Хол додаде дека ќе се обиде да привлече нови вработени во белгиски Конингшоукт, во американскиот Тенеси, како и во Бунарџик.

Ван Хол е трет најголем извозник во Македонија меѓу странските инвеститори.

Промовирани огласи »

Во македонските банки заклучно со 30 септември годинава македонските граѓани имаат депозити во износ од 4,082 милијарди евра. Од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија за МИА информираат дека за една година депозитите на населението забележале раст од  8,69 проценти или 4,08 отсто од почетокот на годинава.

Ова, како што информираат за МИА од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија, е најголем раст во последните три години.

Најмал т.е. негативен е растот на депозитите во 2016 година во износ од минус 2,5 отсто, што најверојатно се должи на тогашната политичка криза. Веќе во јуни 2017 година се забележува полугодишен раст од 1,02 отсто, а во јуни 2018 година тој е највисок и изнесува 2,61 процента, велат од Фондот од каде уверуваат дека депозитите се сигурни и безбедни.

-Фондот за осигурување на депозити како специјализирана државна финансиска институција за осигурување на депозити на граѓаните и обесштетување на истите силно влијае врз градење на довербата што македонските граѓани ја имаат во банкарскиот систем во Република Македонија. Показатели за растење на довербата се и пораснатите депозити во текот на оваа 2018 година, што се најзабележителни во последните три години, изјави за МИА директорот на Фондот за осигурување на депозитите Борче Хаџиев.

Тој ги охрабрува граѓаните да ги чуваат своите заштеди во македонските банки и штедилници и да го следат принципот на распределба на своите депозити согласно законскиот лимит за исплата на обесштетување до 30 илјади евра во денарска противвредност по депонент во една банка, филијала на странска банка или штедилница.

Податоците покажуваат дека стапката на покриеност на депозитите во првиот семестар на 2018 година има константен износ што во септември 2018 година изнесува 6,53 проценти.

Фондот, како што наведуваат оттаму, има неисплатена обврска за обесштетување во износ од 150,9 милиони денари или близу 2,45 милиони евра, што претставува само 9,91 отсто од вкупните обврски за обесштетување.

Доколку пресметаното обесштетување се анализира по групи односно по висина на износ на обесштетување се утврдува дека во категоријата од 100 до 500 денари, процентот на неисплатено во однос на пресметано обесштетување изнесува дури 96,01 отсто, што значи дека токму малите износи, односно нивната неатрактивност е причина што овие износи не се исплатени, односно подигнати од страна на депонентите, велат за МИА од Фондот.


Извор: МИА

Промовирани огласи »

Вкупно 10.397 неплатени сметки за комунални услуги оваа година, по првите девет месеци од 2018-та, се „скенирале“ против физичките лица од страна на стотина извршители низ Македонија.

Од околу 15 милиони сметки за струја, вода и затоплување кои годишно пристигнуваат на адреса на македонските домаќинства, односно поединци, тоа значи дека процентот на крајот од годината, ако се задржи истото темпо како и по првите три квартали, ќе биде под 0,1 отсто.

Претседателот на Комората на извршители Зоран Димов вели дека свесноста на граѓаните за доброволно плаќање на своите обврски значително се зголемила, согласно податоците прибавени од давателите на комунални услуги.

- Во годините со најголем број на барања за извршување од овој тип имало 120.000 вакви предмети што претставува помалку од 1 % сметки кои стасуваат до фазата на присилно извршување. За пример , во оваа година, во изминатите 9 месеци само 10.397 барања за извршувања по основ на комунални долгови се поднесени до извршителите во РМ, што јасно говори за степенот на финансиската дисциплина на граѓаните во РМ - изјави Димов.

Во годишниот извештај на Комората на извршители, во 2017-та имало дури 88.723 барања за извршување, од кои не е познато колкав е делот по основ на неплатени комунални сметки од страна на физички лица, но за очекување е поголемиот дел од оваа бројка да паѓа токму на нив.

Оваа година, досега по првите девет месеци се отворени 70.895 предмети против физички лица за овој период. 

Комората оваа година достави свој предлог до Владата да иницира измена во регулирањето на течењето на каматата, на начин што казнената камата за комуналните долгови би се лимитирала и би се предвидело таа да тече до постигнување на висината на главниот долг. Од ваквото решение најголема корист би имале тужените должници.

Извор - Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »