Промовирани огласи »

Вкупно 10.397 неплатени сметки за комунални услуги оваа година, по првите девет месеци од 2018-та, се „скенирале“ против физичките лица од страна на стотина извршители низ Македонија.

Од околу 15 милиони сметки за струја, вода и затоплување кои годишно пристигнуваат на адреса на македонските домаќинства, односно поединци, тоа значи дека процентот на крајот од годината, ако се задржи истото темпо како и по првите три квартали, ќе биде под 0,1 отсто.

Претседателот на Комората на извршители Зоран Димов вели дека свесноста на граѓаните за доброволно плаќање на своите обврски значително се зголемила, согласно податоците прибавени од давателите на комунални услуги.

- Во годините со најголем број на барања за извршување од овој тип имало 120.000 вакви предмети што претставува помалку од 1 % сметки кои стасуваат до фазата на присилно извршување. За пример , во оваа година, во изминатите 9 месеци само 10.397 барања за извршувања по основ на комунални долгови се поднесени до извршителите во РМ, што јасно говори за степенот на финансиската дисциплина на граѓаните во РМ - изјави Димов.

Во годишниот извештај на Комората на извршители, во 2017-та имало дури 88.723 барања за извршување, од кои не е познато колкав е делот по основ на неплатени комунални сметки од страна на физички лица, но за очекување е поголемиот дел од оваа бројка да паѓа токму на нив.

Оваа година, досега по првите девет месеци се отворени 70.895 предмети против физички лица за овој период. 

Комората оваа година достави свој предлог до Владата да иницира измена во регулирањето на течењето на каматата, на начин што казнената камата за комуналните долгови би се лимитирала и би се предвидело таа да тече до постигнување на висината на главниот долг. Од ваквото решение најголема корист би имале тужените должници.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Според истражувањето на пазарот на трудот во САД спроведено од страна CareerBuilder во блиска иднина во САД лесно до рбаота ќе можат да дојдат сметководители, наставници, истражувачи на пазарот, IT-администратори и водоводџии.

CareerBuilder, платформа која ги поврзува работната сила и работодавачите, предвидуваат дека во САД во текот на следните пет години ќе се вработат осум милиони луѓе, од кои повеќето во високоплатени и нископлатени дејности. и беспилотни летала

Во САД во наредните години се очекуваат дополнителнио 50.000 работни места за возачите во дистрибуцијата иако таа работа се повеќе ја вршат автоматизираните возила и дроновите.

Голема побарувачка ќе има за градежни работници, медицински сестри и професионалци во финансискиот сектор.

Меѓу помалку платени позиции, лесно добивање на работа ќе има за трговци, готвачи, негуватели, осигурителни работници и рецепционери во хотели.

Промовирани огласи »

Италијанскиот град Болоња ги наградува граѓаните со бесплатно пиво доколку ги возат своите велосипеди, се одлучат за јавен превоз или пешачат. Со апликацијата за паметен телефон наречена „Бела моса“ (Одлична работа) тие добиваат поени што можат да ги потрошат на пиво, сладолед или на билети за кино кога ќе се одлучат за незагадувачки начин на патување.


Проектот „Бела моса“ е идеја на Марко Амадори, кој објаснува дека прво мора да се преземе апликацијата „Бетр поинтс“ (Подобри поени), што ќе го води вашиот дневник на превоз, но и за собирање поени за награда. Повеќе од 100 локални кафулиња и слаткарници се вклучени во овој проект, а луѓето се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој заработил повеќе поени. 

Промовирани огласи »

Во следните 5 години, меѓу добро платените професии, најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Ќе има зголемена побарувачка за наставници, истражувачи на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатери. 

Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувачи. Ќе расте побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.

Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвачи, негуватели, работници во обезбедување и рецепционери.

CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст ќе следи во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »