Промовирани огласи »

Регистрацијата на даночните пријави по новиот концепт што треба да ги поднесат пензионерите за оваа година ќе се олесни, но прво треба да се донесе законско решение, е најновата вест од Управата за јавни приходи.

Иако до крајот на годината има неполни два месеци, од таму велат дека измените ќе бидат брзи.

Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на  корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

Мобилните екипи на УЈП секојдневно се на терен. Дали одиме кај даночни обврзници, мали, средни и големи дали одиме во сите министерства, имаме контакт со огромен број лица кои треба да се регистрираат. Некаде оди поспоро, некаде побрзо, меѓутоа кога станува збор за една ваква реформа сепак треба да се има предвид дека тешкотии ќе има, меѓутоа на крајот ќе се види резултатот, истакна директорката.

Таа додаде дека е побарана помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост со цел да може да се изврши регистрацијата на даночнтие обврзници, а и телефонските линии на сите оние што одат на терен се постојано достапни.

Ова е прва година и очекувавме дека ќе имаме вакви проблеми, меѓутоа старот го означивме и ќе одиме до крај, потенцира Лукаревска.

Промовирани огласи »

По најавата на Владата дека се воведува данок на каматите на поединците поголеми од 15.000 денари на годишно ниво, банките се мобилизираат и утре ќе се состанат за да изградат став дали ова ќе претставува удар за штедењето. Министерот за финансии Драган Тевдовски ова го најави, но до сега се уште не е јасно колкав ќе биде зафатот од каматите од депозитите, кои до сега не беа даночени, но се најавува дека стапката би изнесувала 15 отсто.. Единствено е познато дека оваа мерка треба да започне од 2020-година.

Заклучоците и забелешките потоа ќе ги достават до Министерството за финансии. Голема дилема предизвикува и прашањето како ќе се собираат каматите на граѓаните кои истовремено штедат со помали депозити во повеќе банки.

Даночниот експерт Павле Гацов веќе наведе дека инсталирањето на таков софтвер ќе биде сложена процедура, но УЈП и банките ќе успеат да го воспостават механизмот на контрола.

Согласно новото предлог-законско решение, од 2020 година данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат и на дивидендите, на каматите од депозитите, на каматите од заеми на физички и правни лица, на каматите од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност.

Промовирани огласи »

Наскоро трет јавен повик ќе објави владата за нискобуџетните авиокомпании по два неуспешни .

Причина за неуспехот беа неисполнети услови од тендерската постапка а овој пат според портпаролот на Владата ќе бидат по олеснети.

Бошњаковски кажа дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, посочи Бошњаковски.

Промовирани огласи »

Македонци за бугарско државјанство плаќале до 1.000, а косовските граѓани по 3.000 евра. 

Повеќе од 100 посредници работеле со „кандидати за Бугари“ и помагале во собирањето документи и на обезбедување адреса.

Ова го открива БТВ во рамките на скандалот со издавање на документ забугарско „потекло“ на лица кои немаат врска соБугарија и поради ки се уапсени 20 лица.

Во Државната агенција за Бугарите во странство ( ДАБЧ) била практика на т..н. „експресна нарачака“за странци, а со таа предност во измамата ќерувале муслимани.

Така, лица од Косово можеле да добијат бугарски документ за износ од 3000 до 5000 евра.

Лице кое ги знаело шемите за БТВ зборува за Корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство, поради која беше уапсен шефот на Агенцијата за Бугари во странство и уште 19 лица.

Најлесен начин да се стане Бугарин било да се отвори фирма и да назначат 10 вработени, вели неиенуваниот извор за БТВ. Врз основа на оваа комерцијална активност, тој добивал статус на постојан престој.

Вториот начин е кога лице, странски државјанин – од земја надвор од ЕУ, си вади сертификат за присуство на трговско претставништво во Бугарија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »