Промовирани огласи »

„Никогаш нема да добиете втора шанса за да оставите импресивен прв впечаток“. Имајте го ова на ум секогаш кога се подготвувате за важен бизнис-состанок.

Содржината на она што ќе го презентирате и вашето однесување се секако важни, но уште пред да стигнете до оваа фаза, вашите потенцијални бизнис-партнери веќе добиваат прв впечаток за вас, бидејќи вашиот изглед зборува.

Можеби сметате дека облекувањето кај мажите е многу поедноставна работа отколку кај жените, но овој стереотип е далеку од вистината. Токму затоа овој пат ќе зборуваме за мажите и за нивниот стајлинг во бизнис-средина.

1. Облечете се така што ќе изгледате професионално и во согласност со средината. Доколку сметате дека бизнис casual стилот одговара за вашиот состанок, може да изберете и таква комбинација. Но доколку средината е формална, подобро е и вие да се држите до формалните правила на облекување. Во повеќето случаи тоа значи да облечете костум – внимателно избрани сако и панталони, соодветна кошула и вратоврска. Доколку сакате да постигнете поконзервативен изглед, изберете костум со потемна боја, светла кошула и храбра вратоврска. Ако, пак, сакате да прикажете малку повеќе храброст, изберете модерни кроеви, кои вешто ќе ги искомбинирате со деталите.

2. Во костумот што ќе го изберете треба да се чувствувате како во своја кожа за да го покажете најдоброто од себеси. Ако не ви е удобно, тоа ќе се забележи. Инвестирање во добар костум и во комплетен репрезентативен аутфит – кошула, вратоврска, чевли и додатоци како што се иглите за вратоврска или марамчиња за предниот џеб – секогаш е добра идеја. Додатоците се мали нешта што ставаат точка на комплетниот аутфит.

3. Многу е важно облеката да биде чиста, уредна и испеглана. Доколку не можете самите да го постигнете тоа, користете услуги за хемиско чистење. Лошо испеглана кошула нема да ви помогне за да оставите импресивен деловен впечаток.

4. Со сите овие нешта на ум, како да се облечете? Штом облеката зборува за вас, изберете таква што „ќе каже“ добри работи. 

Промовирани огласи »

Да се одложи оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ бара Македонската банкарска асоцијација, пренесе МИА.

Македонската банкарска асоцијација вчера одржа седница на Собрането на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните.

Ставот на Македонската банкарска асоцијација е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор, информираат од МБА.

Како што се наведува, во однос на воведувањето прогресивно одданочување, ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена.

Македонската банкарска асоцијација најавува дека ќе побара средба во Министерството за финансии за подетално да ги презентира своите ставови.

Според предложеното законско решение од Министерството за финансии каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но на износот над 15.000 денари.

Промовирани огласи »

На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила, дознава ТВ 21.

Со овие измени се предвидува:

1 новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандарди

Зелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.

Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .

Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.

2 новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.

3 новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

4 новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.

5 новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

Извор: ТВ21

Промовирани огласи »

Намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред нотарите е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријатот, потенцира министерката за правда, Рената Дескоска, на јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според министерката Дескоска, станува збор за намалување на трошоците во постапките пред нотарите за најсиромашните граѓани, кои не може да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

За сметки за вода, смет, телефон и одржување заеднички простории во висина до 6.000 денари нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата што имаат неплатени сметки до одреден износ. Обврската на плаќање судска такса отпаѓа – тоа ќе биде дополнително олеснување на трошоците на граѓаните, истакна Дескоска.

Како дополнување на намалувањето на трошоците за горенаведената категорија граѓани, една од клучните измени, според министерката Дескоска, е намалувањето на нотарската награда, која со предложените измени ќе биде 10 отсто, но не повеќе од 500 денари, па, така, доколку долгот е 1.000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10.000 денари, надоместокот нема да биде 1.000, туку 500 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »