Промовирани огласи »

Намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред нотарите е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријатот, потенцира министерката за правда, Рената Дескоска, на јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според министерката Дескоска, станува збор за намалување на трошоците во постапките пред нотарите за најсиромашните граѓани, кои не може да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

За сметки за вода, смет, телефон и одржување заеднички простории во висина до 6.000 денари нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата што имаат неплатени сметки до одреден износ. Обврската на плаќање судска такса отпаѓа – тоа ќе биде дополнително олеснување на трошоците на граѓаните, истакна Дескоска.

Како дополнување на намалувањето на трошоците за горенаведената категорија граѓани, една од клучните измени, според министерката Дескоска, е намалувањето на нотарската награда, која со предложените измени ќе биде 10 отсто, но не повеќе од 500 денари, па, така, доколку долгот е 1.000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10.000 денари, надоместокот нема да биде 1.000, туку 500 денари.

Промовирани огласи »

Додатокот за трето дете ќе се укине, а ќе се дава еднократна помош за секое родено дете. Ова се предвидува со измените на Законот за заштита на децата, со кои се бришат членовите од Законот со кои беше предвидена помошта за трето дете, пишува СДК. 

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека не станува збор за укинување на надоместокот, туку за унапредување на правото на користење на надоместок и на прво и на второ и на трето дете.

Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Допрва треба да се разгледува на владина седница пред да се даде на усвојување во Собранието.

Анализите во Министерството за труд и социјална политика покажале дека оваа мерка не дала ефекти врз наталитетот, па затоа парите се пренаменуваат во други категории, односно кон оние групи граѓани кои се социјално загрозени.

Со измените на Законот за детска заштита кој беше донесен во 2009 година, од владата на тогашниот премиер Никола Груевски, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а за родено четврто дете ако добива додаток за трето дете помошта е 11.267 денари во рок од 15 години.

Анализите во Министерството за труд и социјална политика како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК покажале дека оваа мерка не дала ефекти врз наталитетот, па затоа парите се пренаменуваат во други категории, односно кон оние групи граѓани кои се социјално загрозени. Податоците на Министерството покажале дека стапката на наталитет опаѓа,  од 13,3 проценти во 2001 година до 11,1 проценти во 2016 година.

Откако измените на Законот ќе стапат на сила, додатокот нема веднаш да се укине. Ова право ќе го стекнат и родителите кои ќе добијат дете во рок од 10 месеци откако тој ќе биде усвоен. Оние родители кои веќе стекнале право за ваков надоместок нема да го загубат ова право, односно ќе продолжат да го остваруваат до завршување на период од 10 години за трето односно до 15 години за четврто дете.

Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете. Исто така, се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Оние родители кои веќе стекнале право за ваков надоместок нема да го загубат ова право, односно ќе продолжат да го остваруваат до завршување на период од 10 години за трето односно до 15 години за четврто дете. 

Од таму објаснуваат дека семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош освен што ќе добиваат еднократна помош, ќе им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија.

Овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани. Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30 проценти, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата, додаваат од Министерството.

За исплата на родителскиот додаток за трето дете од буџетот на Министерството за труд и социјална политика во 2017 година се потрошени 38,7 милиони евра. Во 2017 година за трето дете додаток зеле 26.126 мајки, а за четврто 803.

Промовирани огласи »

Новите измени на Законот за возила веќе тропа на собраниската врата а министерството за економија во рамки на истите направи  дополнување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила.

Она што е новитет е дека со цел да се намалат штетните состојки на издувните гасови од моторите на возилата се воведуваат субвенции за купување на возила на електричен погон или хибридни возила, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило согласно член 41 став (1).

Меѓудругото како што се образложува во законските измени со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата, пренесе Академик.мк каде може да ги прочитате сите детали.

Промовирани огласи »

Регистрацијата на даночните пријави по новиот концепт што треба да ги поднесат пензионерите за оваа година ќе се олесни, но прво треба да се донесе законско решение, е најновата вест од Управата за јавни приходи.

Иако до крајот на годината има неполни два месеци, од таму велат дека измените ќе бидат брзи.

Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на  корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

Мобилните екипи на УЈП секојдневно се на терен. Дали одиме кај даночни обврзници, мали, средни и големи дали одиме во сите министерства, имаме контакт со огромен број лица кои треба да се регистрираат. Некаде оди поспоро, некаде побрзо, меѓутоа кога станува збор за една ваква реформа сепак треба да се има предвид дека тешкотии ќе има, меѓутоа на крајот ќе се види резултатот, истакна директорката.

Таа додаде дека е побарана помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост со цел да може да се изврши регистрацијата на даночнтие обврзници, а и телефонските линии на сите оние што одат на терен се постојано достапни.

Ова е прва година и очекувавме дека ќе имаме вакви проблеми, меѓутоа старот го означивме и ќе одиме до крај, потенцира Лукаревска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »