Промовирани огласи »

Државата повторно ќе субвенционира вградување плин во возилата. И оваа Влада ќе дава парична поддршка на граѓаните за набавка на нови еколошки автомобили, со цел поголема заштита на животната средина.

Новиот закон за возила налага при техничкиот преглед секој автомобил да добие налепница што покажува колку загадува. Ќе се формираат и зони за движење на автомобилите според степенот на емисија на штетни гасови. 

Во новиот предлог закон предвидено е налепница за сите автомобили во сообраќај за нивната еколошка категоризација: црвена, жолта и зелена, во зависност од условите што ги исполнува возилото. Истовремено, предвидена е и Програма што треба да ја донесе Министерството за економија, што се однесува на субвенционирање и поддршка на сите граѓани за набавка на нови автомобили, електрични или хибридни, а и тие што ќе одлучат нивните автомобили да воспостават плин или метан, а исто и за тие што ќе отстапат од старите и ќе купат нови возила, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Новиот закон предвидува секое лиценцирано такси возило да добие нова жолта табла, со што ќе се разликува од дивите такси превозници. Надлежните очекуваат дека на тој начин нелегалните таксисти лесно ќе се препознаваат и ќе може веднаш да бидат отстранети од сообраќај. 

Секако дека ова ќе предизвика дополнителни трошоци за нас, но тие се минорни во однос на штетите што ги трпиме од работата на дивите превозници во овој сектор. Прифатено е нашето барање. Ова ќе биде многу добро и за таксистите и за граѓаните, вели Абдула Рушити, претседател на Здружението на таксисти.

Новиот закон влегува во собраниска процедура, а изготвен е во соработка со Здружението на таксисти, во кое членуваат 53 такси компании.

Промовирани огласи »

Откако вчера беше најавено дека државата нема да плаќа по 8 илјади денари месечно за трето дете, туку со новата измена ќе се добива еднократна парична помош од 60 илјади денари, повеќето мајки кориснички на ваква помош сметаат дека мерката не треба да се укине или менува. 

Оние кои родиле трето дете велат дека како што сега важи за нив мерката, така треба и да остане во иднина за другите жени кои ќе се решат да го прошират семејството.

Не би требало да ја укинат помошта, но ако решат народот никој нема да го слуша. Ние имаме решение дека ќе земаме до 10 години, но против државата не се може, вели мајка. 

Сметаат дека паричната помош помогна и во многу запустени села да се слушне детски џагор.

Јас користам додаток за трето дете и сум против тоа да се укине. Мислам дека со таа мерка дефинитивно порасна наталитетот во Македонија. Познавам многу жени кои родија трето дете иако веќе имале и машко и женско дете, вели мајка на три ќерки, која е корисник на додаток.

Но, демографскиот тренд оди во надолна линија. И покрај потрошените пари, Македонија не може да се пофали со добар природен прираст на населението. Во повеќето општини популацијата старее. 

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃААТ СЀ ПОМАЛКУ ДЕЦА

Од година во година во Македонија се намалува бројот на родени деца, иако се доделува парична помош за трето дете, проект кој го почна претходната власт.

Додатокот за трето дете ќе замине во историјата, затоа што не го даде посакуваниот ефект.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во  споредба со минатата година, е намален за 5.4 %.

Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 73 деца или за 0.3%. Се родиле 23.199 деца, од кои 23.002 се живородени и 197 мртвородени деца. Во Република Македонија во 2015 година вкупно се родени 23.260 деца, од кои живородени се 23.075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со  претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. 2014 е една од ретките години кога имало раст од 2%.

ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ СЕ ОДЛУЧУВААТ ДА ФОРМИРААТ МНОГУДЕТНО СЕМЕЈСТВО?

Младите генерации семејството го планираат според можностите.

Пресуден е економскиот фактор, затоа што едно дете е трошок, потребно е да се задоволат потребите, курсеви, и сѐ друго што е потребно во денешно време. Со второ дете веќе е двојно поголем трошокот. Сепак, во некои руралните средини и кај одредени етнички заедници има репродукција без разлика на финансиската состојба, вели социологот Татјана Филиповска.

За додаток за трето дете лани државата издвоила повеке од 42 милиони евра, но мерката не го зголеми наталитетот како што се очекуваше кога се донесе во 2009 година. Наместо досегашната пракса, надлежните предвидуваат да се доделува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете таа ќе изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП сметаат дека стимулацијата воопшто не била креирана како што треба.

Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година, но и дека истата била лошо дизајнирана од самиот почеток.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

„Никогаш нема да добиете втора шанса за да оставите импресивен прв впечаток“. Имајте го ова на ум секогаш кога се подготвувате за важен бизнис-состанок.

Содржината на она што ќе го презентирате и вашето однесување се секако важни, но уште пред да стигнете до оваа фаза, вашите потенцијални бизнис-партнери веќе добиваат прв впечаток за вас, бидејќи вашиот изглед зборува.

Можеби сметате дека облекувањето кај мажите е многу поедноставна работа отколку кај жените, но овој стереотип е далеку од вистината. Токму затоа овој пат ќе зборуваме за мажите и за нивниот стајлинг во бизнис-средина.

1. Облечете се така што ќе изгледате професионално и во согласност со средината. Доколку сметате дека бизнис casual стилот одговара за вашиот состанок, може да изберете и таква комбинација. Но доколку средината е формална, подобро е и вие да се држите до формалните правила на облекување. Во повеќето случаи тоа значи да облечете костум – внимателно избрани сако и панталони, соодветна кошула и вратоврска. Доколку сакате да постигнете поконзервативен изглед, изберете костум со потемна боја, светла кошула и храбра вратоврска. Ако, пак, сакате да прикажете малку повеќе храброст, изберете модерни кроеви, кои вешто ќе ги искомбинирате со деталите.

2. Во костумот што ќе го изберете треба да се чувствувате како во своја кожа за да го покажете најдоброто од себеси. Ако не ви е удобно, тоа ќе се забележи. Инвестирање во добар костум и во комплетен репрезентативен аутфит – кошула, вратоврска, чевли и додатоци како што се иглите за вратоврска или марамчиња за предниот џеб – секогаш е добра идеја. Додатоците се мали нешта што ставаат точка на комплетниот аутфит.

3. Многу е важно облеката да биде чиста, уредна и испеглана. Доколку не можете самите да го постигнете тоа, користете услуги за хемиско чистење. Лошо испеглана кошула нема да ви помогне за да оставите импресивен деловен впечаток.

4. Со сите овие нешта на ум, како да се облечете? Штом облеката зборува за вас, изберете таква што „ќе каже“ добри работи. 

Промовирани огласи »

Да се одложи оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ бара Македонската банкарска асоцијација, пренесе МИА.

Македонската банкарска асоцијација вчера одржа седница на Собрането на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните.

Ставот на Македонската банкарска асоцијација е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор, информираат од МБА.

Како што се наведува, во однос на воведувањето прогресивно одданочување, ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена.

Македонската банкарска асоцијација најавува дека ќе побара средба во Министерството за финансии за подетално да ги презентира своите ставови.

Според предложеното законско решение од Министерството за финансии каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но на износот над 15.000 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »