Промовирани огласи »

Amazon, Snap, Chobani и други компании го менуваат начинот на кои ние купуваме, јадеме, вежбаме, работиме и живееме.

Веб-порталот “Fast Company” веќе 10 години по ред објавува листа на најиновативните компании во светот. Тие сериозно пристапуваат на ова- нивниот тим истражува ијлада компании како тие влијаат во промените во општеството. Влијанието е еден од клучните критериуми.

1.  Amazon

- Затоа што нуди повеќе, многу побрзо и попаметно

2. Google

- Поради развој на фотографска меморија

3. Uber

- Затоа што го забрзува автономното возење

4. Apple

- Затоа што има свои предности

5. Snap

- Затоа што носи нов начин на кој го гледаме светот

6. Facebook

- Затоа што знае да пласира прави реклами во право време

7. Netflix

- Затоа што го прафи сурфањето повторно забавно

8. Twilio

- Затоа што им дава глас на апликациите

9. Chobani

- Затоа што се издвојува во продавниците

10. Spotify

-Затоа што собира податоци на уметници

11. Alibaba

- Затоа што создава нови можности во економијата

12. Tencent

- Затоа што го менува концептот на праќање пораки

13. Xiaomi

- Затоа што дизајнот на хардверот е на повисоко ниво

14. BBK Electronics

- За оживување на нови пазари на паметни телефони

15. Huawei

- Затоа што може да направи многу копии за кратко време

16. Dalian Wanda

- Компанија која си изгради фабрика од соништата

17. Airbnb

- Затоа што светот ни го стави на дланка

18. Buzzfeed

- Затоа што ја храни виралната грозница

19. Open Whisper Systems

- Затоа што обезбедува безбедна комуникација со луѓето

20. Illumination entertainment

- Затоа што креираа чудовиште од “Minion”

На листата на 50 компании се најдоа и: IBM(на 21-во место), Kenzo (25), Microsoft (31), Adobe (35), Marriott (39), Medtronic (40), Nvidia (41), Mailchimp (47).

Промовирани огласи »

Парно греење до 22 часот навечер, топла вода во болјерите, млако подно греење и други нови услуги се само дел од можностите што произлегуваат од измените во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, кои веќе ги донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Со нив се прецизирани правилата кога „Балкан енерџи“ (БЕГ) може да ги гаси котлите за греење и во сезона и пред сезона. Услугите за подно греење и санитарна топла вода, пак, ќе може веднаш да почнат да се користат, но првично за инвеститорите на новите згради во главниот град или кај тие шпто се во градба, додека другите со мали инвестиции во внатрешната инсталацијата на објектите. Трошокот за приспособување на инсталацијата ќе треба да биде на самите потрошувачи во старите станбени згради, но се работи за еднократен трошок, кој ќе се врати многу брзо преку заштеди на енергијата. Сметките за парно греење за граѓаните нема да бидат повисоки, бидејќи е минимална ангажираната топлинска енергија за овие новини.

Од Дистрибуција на топлина на БЕГ потенцираат дека новите системи нема да ги зголемат сметките на граѓаните, туку, напротив, ќе имаат заштеда во тие за електричната енергија.

Во новите објекти што се градат овие системи ќе бидат имплементирани уште во текот на самата градба и нема да претставуваат никаков дополнителен трошок за потрошувачите. Овие опции не само што нема да генерираат дополнителен трошок за енергија, напротив, овозможуваат и заштеда на пари. Kај подното греење можни се заштеди до 15 отсто на топлинската енергија споредено со радијаторскиот систем за греење. Со санитарната топла вода, пак, иако топлинската енергија што еден стан ја троши од системот за централно греење се зголемува за 15 отсто, фактички со тоа што електричната енергија се заменува со поевтин извор на енергија, ќе се остварува годишна заштеда од 50 евра (со комбинирани бојлери) до 120 евра (за комбиниран систем со сончеви колектори).

Промовирани огласи »

Кај нив постои само среќа и тоа поради принципот на кој ние, се чини, одамна сме заборавиле.Истражувањата спроведени пред неколку години за тоа во кои земји луѓето се најсреќни, покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе. Скандинавците имаат правила до кои строго се придржуваат и токму поради нив се среќни секој ден.

Овие луѓе се придржуваат до следните 4 правила:

1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе 

Во нордиските земји познат е „законот на градот Јанте“, според кој никој не треба да се истакнува:

  • Немој да мислиш дека си нешто посебно
  • Немој да мислиш дека си најдобар на светот
  • Немој да мислиш дека си најпаметен
  • Немој да се убедуваш себеси дека си подобар од другите
  • Немој да мислиш дека знаеш повеќе од другите
  • Немој да мислиш дека си поважен од другите луѓе
  • Немој да им се потсмеваш на другите луѓе
  • Не мисли дека другите се грижат за тебе
  • Не мисли дека можеш да ги научиш другите на нешто

2. Го усогласуваат семејниот и деловниот живот 

Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, одредени компании донеле закон според кој работат шест часа дневно, а се` со цел за поголема продуктивност и среќа на вработените. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и така го одржуваат здравиот однос дури и кога децата ќе пораснат и ќе се осамостојат.

3. Семејството се сака со целото срце 

Во Данска постои еден прекрасен израз кој значи собир на семејството и пријателите во домашна атмосфера - hygge.

Седење покрај огнот за време на студените ноќи со своите најблиски е нешто што сите со задоволство го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на најмилите луѓе.

4. Реални очекувања 

Мелани Рајдах во книгата "Happy as a Dane", ја опишала самата срж на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни на среќниот живот се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување големи цели и дека не тежнеат кон нив. Едноставно, семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.

Скандинавците се трудат да не се споредуваат со други луѓе бидејќи тоа не предизвикува задоволство. Нивниот совет е: Престани да се споредуваш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што го имаш!

Промовирани огласи »

Научниците го замислија патот кон позелена иднина. Тие дизајнираа блокови од пластика од кои треба да се изградат пластични патишта во иднина.

Кога се дизајнираат патишта кои би требало да издржат стотици или дури илјадници возила дневно, структурниот интегритет е главната причина за загриженост.

Ова е амбициозен проект и може да бидат потребни години пред научниците да утврдат дали пластиката може да ги замени традиционалните патишта од катран и асфалт.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »