Промовирани огласи »

Беспатен автобуски превоз за сите граѓаните во текот на наредните три месеци, субвенционирање на меѓуградскиот автобуски превоз, воведување на 24-часовен зајакнат инспекциски надзот, итна детекција на загадувачите… се дел од мерките кои вчера беа предложени до Градот Скопје и останатите аеро-загадени општини во Македонија, од страна на  четири Здруженија кои покренаа петиција „Нула толеранција за (аеро)загадување и загрозување на животот".

Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР", Новинари за човекови права, Првата детска амбасада „Меѓаши" и Зелениот институт, упатија апел до сите граѓани на Македонија да ја потпишат петицијата, а ја повикаа и државата да ги исполни обврските во однос на почитувањето на основното право, правото на живот, воведувајќи итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот.

Според нив, инспекциските служби веќе не треба само да опоменуваат, туку веднаш да ги затвораат оние објекти кои се идентификувани како најголеми загадувачи.

Во рамки на активностите за намалување на загадувањето, општините и Градот Скопје почнаа да преземаат мерки кои се однесуваа на субвениционирање на печки за пелети, мапирање на загадувачите како и засадување на листопадни садници.

Општина Аеродром вчера објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија. Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Целта на овој пилот-проект, како што соопштија од Општината, е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови ‒ за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.

Град Скопје викендов  го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало. Како прва локација беше избрана депонијата „Вардариште", а мапирањето ќе продолжи и на други локации, најавуваат од Градот.

Од градот сметаат дека жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар и дека мерните станици на овие локации покажуваат најголема концентрација на ПМ10 честички. Најавуваат дека со ова мапирање инспекторатот на Град Скопје ќе добие прецизни податоци, со што полесно ќе може да ги извршува задачите. Потсетуваат дека е активна и кампањата за пријавување огнови на отворено на телефонскиот број 193.

Градот Скопје вчера ја започна и есенската акција во која ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници во сите скопски општини. Оваа есен, информираат од градот, приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигнување нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар. 

Промовирани огласи »

Бугарија- Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална бебзедност да извршат проверка на бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.

Како што јави БТА, Борисов воедно побарал итна истрага за начините на кои се издавале бугарските пасоши на странци.

Барањето на Борисов следи откако кон крајот на минатиот месец  Јавното обвинителство на Бугарија објави дека открило измами при издавањето на бугарски пасоши на странски државјани, во која била вмешана Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство.

Во рамки на оваа истрага, на 31 октомври беа уапсени директорот на Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство и 19 службеници во оваа институција.

Промовирани огласи »

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците.

Предвидувам дека „Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век обично трае околу 30, а не сто или повеќе години, истакна Безос.

Најбогатиот човек на светот ги утеши работниците дека компанијата сепак има задача да ја одложи таквата судбина колку е можно подолго.

Ако се фокусираме на себе си наместо на нашите клиенти, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден колку е можно подолго, нагласи Безос.

И покрај неверојатниот успех на „Амазон“, работниците се загрижени дека компанијата драстично се зголемила, но и поради анимозитетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Промовирани огласи »

Горди сме на нашиот тим на кардиохирурзи, којшто е единствен сертифициран тим за изведување на овој тип интервенции во Република Македонија. Од експертите од странство добиваме признанија за изведувањето на оваа крајно комплексната операција. Нивните признанија се за вкупните капацитети на болницата, подготвеноста и знаењето на нашиот тим, предводен од проф. д-р Николиќ, да влеземе во ризичен зафат за да го спасиме животот на младата пациентка. Но, повеќе од сè, тие се потврда за достигнувањето на целта што ја поставивме пред нас пред осум години: станавме најдобриот кардиохируршки центар во Македонија и еден од најдобрите во Европа!”, изјави д-р Јана Марин, директор на болницата и член на Одборот на директори на „Аџибадем Систина.

Второто целосно вештачко срце е вградено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Со оглед на исклучително тешката и ретка операција, имајќи ја во предвид претходната состојба на пациентот, ова е уште еден пионерски кардиохируршки зафат, со што Клиничката болница и, воопшто, македонското здравство се вбројуваат помеѓу петте водечки центри за кардиохирургија во Европа. Ова е втора кардиохируршка операција на вградување на целосно вештачко срце во Македонија за само неполни четири месеци, по првата изведена во јули годинава.

Пациентката, девојка на 28-годишна возраст од Скопје, во Клиничката болница е донесена во животно-загрозена состојба, а по оперативниот зафат изведен во четвртокот вечерта, е будна, самостојно дише и, за сега, се чувствува добро.

Комплексната интервенција траеше околу осум часови и комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ. Вградувањето вештачко срце е најтешката интервенција во кардиохирургијата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уште еднаш застана рамо до рамо со самиот врв на светските здравствени установи кои вршат зафати со механичка срцева потпора. Воедно, ова е огромен исчекор и за македонската кардохирургија, со што нашата држава се вбројува во малкуте земји во светот каде што се извршени вакви операции.

Пациентката беше донесена во Аџибадем Систина од Клиничкиот центар во Скопје со дијагноза – срцева инсуфициенција на левото и десното срце, во клиничка смрт во траење од два часа, за време на која била ставена на вонтелесен крвоток. Бевме повикани поради нашето обемно искуство на ова поле. Сугерирав пациентката да биде ставена на ECMO апарат што ја заменува работата на срцето и на белите дробови и веднаш да се префрли во Аџибадем Систина. Но, пред да го изведеме самото вградување на целосно вештачкото срце, на пациентката мораше да и` се изведе друга операција, на стомакот. Поради долгата реанимација, кај пациентката дојде до излив на крв во стомакот што мораше да биде саниран пред да и` го вградиме вештачкото срце. Операцијата помина одлично и се надеваме на целосно опоравување. Пациентката се наоѓа на Одделот за кардиохируршка интензивна нега и е под постојан мониторинг од страна на нашиот тим. Има подобрување на состојбата, ослободена е од ECMO апарат и сега самостојно дише. Поради успешното изведување на операцијата и годините на пациентката, се надеваме дека за околу еден месец таа ќе може повторно да застане на нозе и да продолжи со секојдневните активности., изјави проф. д-р Николиќ, пионер на кардиохирургијата во регионот, но и во многу пошироки рамки.

Со вградувањето на вештачко срце, пациентката доби шест до осум години живот, по кои ќе биде потребна трансплантација, а, поради брзиот напредок на медицината, се надеваме дека ќе најдеме друго посоодветно решение за неа и за побрзо време, велат во Клиничката болница.

Светски реномираниот експерт за лекување на срцева инсуфициенција од Сојузна Република Германија, кардиоваскуларенот хирург Д-р Латиф Арусоглу, којшто како надворешен експерт ја набљудуваше операцијата поради нејзината специфичност, вели дека ова е исклучително ретка и тешка интервенција за што мал број центри во Европа би се согласиле ја прифатат пациентката и да ја изведат операцијата. Тој ја поздравува храброста на целиот медицински тим на Аџибадем Систина да го прифати овој случај и да влезе во толку ризичен зафат за да се спаси еден млад живот. Според него, со успехот на оваа интервенција, Аџибадем Систина стана еден од само петте врвни центри за кардиохирургија во Европа кадешто се изведуваат вакви интервенција.

За кус период, ‘Аџибадем Систина’ со вградувањето на второтo вештачко срце и понатаму демонстрира дека е лидер во воведување нови интервенции, технологии и практики. Со последната операција отидовме и чекор понатаму. Горди сме на нашиот тим на кардиохирурзи, којшто е единствен сертифициран тим за изведување на овој тип интервенции во Република Македонија. Од експертите од странство добиваме признанија за изведувањето на оваа крајно комплексната операција. Нивните признанија се за вкупните капацитети на болницата, подготвеноста и знаењето на нашиот тим, предводен од проф. д-р Николиќ, да влеземе во ризичен зафат за да го спасиме животот на младата пациентка. Но, повеќе од сè, тие се потврда за достигнувањето на целта што ја поставивме пред нас пред осум години: станавме најдобриот кардиохируршки центар во Македонија и еден од најдобрите во Европа!, изјави д-р Јана Марин, директор на болницата и член на Одборот на директори на „Аџибадем Систина“.

Околу 1.800 операции на вгардување на целосно вештачко срце се изведени вкупно во светски рамки, а Македонија е на листата од 25 земји во светот каде што се практикува овој комплексен кардиoхируршки зафат, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија...”,

Механичкото срце е од светски познатата компанија од САД, SynCardia, единствениот клинички докажан и одобрен производител на целосно вештачко срце во светот. Вештачкото срце е со иста големина како и природното. Се напојува со батерија, којашто, по излегувањето од болницата, пациентот ќе ја носи во специјален ранец на грб, со тежина од шест килограми. Вградувањето механичко срце е тренд во светската кардиохирургија, со оглед на фактот што сè потешко се доаѓа до донорско срце, особено во Европа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »