Промовирани огласи »

До 2021 е целта на Македонија да се укинат роаминг цените со Европската унија.

Ова го кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој вели дека мбицијата на владите во регионот и на Европската комисија за укинување на цените на роамингот до 2021.

Направен е официјален план со што земјите од Западен Балкан бараат, но веќе имаме комуникација со ЕК, да постигнеме ниво на целосно укинување на цените за роаминг со земјите од ЕУ до 2021- посочи министерот окарактеризирувајќи го планот како доста амбициозен.

 Манчевски во интервјуто за МИА потсетува дека е потпишан договорот за намалувње на цените на роамингот со Бугарија и до крајот на година ќе имаме конкретен план како ќе се одвива, со некоја поголема динамика отколку со останатите земји од ЕУ. А, со Грција веќе сме во фаза на утврдување на текстот на договорот кој треба да го потпишеме што е можно побрзо и да се подготви побрзо намалување со Грција отколку со остатокот од ЕУ.

Промовирани огласи »

Љубљана и Атина се единствените градови од Балканот кои се најдоа во едицијата на германската компанија Мовинга за 2018-та за Топ-100 најдобри дестинации за барање работа. Станува збор за годишно истражување во кое критериуми се земаат стапка на вработеност, регистрација на фирми, развој на БДП, платата, трошоци на жовеење, степен на емигранти и можноста за нивно вработување, вработување на младите и старт-ап и права на жените.

На првите десет позиции се Бостон, Минхен, Калгари, Хамбург, Штутгарт, Лондон, Сингапур, Осло, Франкфурт и Единбург.

Љубљана е на 54.место, додека Атина е на последното 100, место.

Од Источна Европа, најдоброрангирана е космополитска Прага на 40.место, тука се уште Будимпешта (58.), Талин (60.), Варшава (61.), Братислава (65.) и Брно (77.).

Промовирани огласи »

Додека сите имаат само Black Friday во Нептун има HAPPY WEEKEND, акција со големи попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи! Од 21-26 ноември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Искористете ги големите попусти и можноста за шопинг до 48 рати без камата на целиот асортиман! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Одлична понуда и голем избор на: телевизори, прочистувачи на воздух, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, компјутери и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Покрај тоа, потрошувачите во Нептун добиваат и:

- Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

- За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

За да ги погледнете деталите од акцијата „HAPPY WEEKEND 21-26.11.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Најавата на бугарскиот премиер Борисов за ревизија на издадените бугарски пасоши во последните пет години ги загрижи македонските граѓани кои поседуваат двојно државјанство.

Што значи ваквата проверка и дали истата ќе се  одрази врз нив и постои ли можност за евентуално губење на правото на бугарски пасош? 

Ова се само дел од прашањата кои граѓаните ги поставуваат откако излезе ваквата вест. Со истите прашања и дилеми голем број граѓани се обратиле и до бугарскиот културен клуб во Струмица. Од таму велат дека место за загриженост нема бидејќи  македонците кои се стекнале со право и на бугарски пасош тоа го имаат направено легално и со претходно докажување на нивното потекло.

Сметам дека целата оваа ситуација нема никако да влијае врз обичниот македонски граѓанин кој има веќе стекнато право на бугарско државјанство т.е. веќе има бугарски пасош. Зошто го велам тоа, затоа што македонските државјани аплицираат по линија на натурализација, значи тие треба да докажат свое потекло за да може да добијат државјанство. Тие најчесто и го прават, фактички принудени се тоа да го направат и по таа линија апсолутно нема начин некој да биде засегнат, вели Лазар Младенов, Бугарски културен клуб- Скопје.

Според Младенов ревизијата има за цел да ги утврди евенетуалните незаконски издадени државјанства.

Ако се е во ред со водењето на нивната процедура за добивање на бугарско државјанство нема зошто, нема начин да им биде земено тоа државјанство. Ако се криминално пројавени или ако не дај Боже некој пробал со фалсификувани документи да докажува државјанство, мислам бугарско потекло тогаш нормално оти тие ќе бидат санкционирани.,, вели Младенов.

Од бугарскиот културен клуб очекуваат решавањето на ситуацијтаа околу издавањето на бугарските пасоши да придонесе за расчистување на целиот тој процес  кој во изминатиите години се одвиваше прилично бавно. Од таму велат сето ова ќе резултира со засилени проверки, но најверојатно и  со измени во самата процедура која ќе овозможи процесот да тече многу побрзо. Според пишувањата на тамошните медиуми Бугарија од 2014 година издала околу 40 000 пасоши на жители на други држави. Најголем интерес  имало во Македонија, а потоа следуваат Украина, Молдавија, Србија и Русија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »