Промовирани огласи »

Од јануари влезот во скопската Зоолошка градина најверојатно ќе поскапи. Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари, пренесува Вечер.

Билетот за децата останува ист 50 денари за дете, а влезот за деца до три години исто така ќе остане бесплатен. Ова е предлогот на менаџментот на скопската Зоолошка кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Како причина за барањето за повисока цена од ЗОО Скопје ги наведуваат низата инвестиции преземени изминатите месеци, како и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.

-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доага од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Во изминатиот период скопската Зоолошка го заврши живеалиштето на слоновите кое чини 400.000 евра, а од септември пристигнаа и двете слоници Даела и Дуња кои одлично се прилагодија на условите во зоолошка. Се доопремува и живеалиштето на шимпанзата кое исто така чини околу 250.000 евра. Се поставија и грејачи во живеалиштето на нилскиот коњ Буцо, а се инвестираше и во заштитните огради на животните.

Во меѓувреме интензивно се работи на чистење на живеалиштата во зоолошката, како и реновирање на најстарите живеалишта. од зоолошката планираат до крајот на летото да ги донесат и пингвините, а нивното живеалиште допрва треба да се доградува. Од летото пак досега во зоолошка редовно се организираат настани за најмладите, пред се дружба со омилените ликови од цртаните серии. Новите жители и инвестиции се одразија на зголемен број на посетители дури за 300 отсто. Од скопската Зоолошка велат дека целта им е да станеме европска зоолошка по примерот на големите метрополи.

Промовирани огласи »

Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата на Македонија.

Со последната промена пред две недели, малопродажните цени на бензините се намалија за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит. 

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.

Денеска се очекува повторно намалување на цените, бидејќи цената на суровата нафта е во слободен пад.

За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија. 

За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.

Промовирани огласи »

Службите за хомологација ќе одредуваат кое возило каква налепница ќе добие при спроведувањето на најавената мерка против загадување, потврдиле од Министерството за економија за „Мета“. Со тоа се расчистуваат шпекулациите дека ќе се мерат издувните гасови на автомобилите пред да биде одредена зелена, жолта или црвена боја.

Постапката за еколошка категоризација  на моторните возила, започнува со поднесување на барање со документација за возилото (сообраќајна дозвола, фотокопија од потврда за сообразност- СОС сертификат и други документи за да се утврди дека конкретното возило кога е произведено и кој ЕУРО стандард на емисии го исполнува) од сопственикот на возилото до техничката служба. Техничката служба ја разгледува доставената документација, ја утврдува еколошката категорија и издава потврда и еколошка налепница во соодветна боја. Техничката служба не врши мерење на емисии на гасови од моторот на возилото, туку прави идентификација на документацијата на моторното возило, објаснија од Министерството за економија.

Предлог-законот што ја предвидува оваа новина веќе влезе во собраниска процедура, Категоризацијата за еко-налепницата ќе се прави еднократно, а бојата може да се промени само ако во возилото се вгради уред за течен нафтен гас, или метан, со што возилото би можело да помине во повисока категорија.

Новите прописи би стапиле на сила шест месеци откако законот ќе биде усвоен и објавен во „Службен весник“.

Правилниците и одредбите ќе се донесуваат од општините и Град Скопје по донесувањето на законот.

Промовирани огласи »

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции сè уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.

Изминатата година, вработените кои чекаа исплата на К-15 до декември, од своите работодавачи добија износ од 9.300 до 13.675 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »