Промовирани огласи »

Службите за хомологација ќе одредуваат кое возило каква налепница ќе добие при спроведувањето на најавената мерка против загадување, потврдиле од Министерството за економија за „Мета“. Со тоа се расчистуваат шпекулациите дека ќе се мерат издувните гасови на автомобилите пред да биде одредена зелена, жолта или црвена боја.

Постапката за еколошка категоризација  на моторните возила, започнува со поднесување на барање со документација за возилото (сообраќајна дозвола, фотокопија од потврда за сообразност- СОС сертификат и други документи за да се утврди дека конкретното возило кога е произведено и кој ЕУРО стандард на емисии го исполнува) од сопственикот на возилото до техничката служба. Техничката служба ја разгледува доставената документација, ја утврдува еколошката категорија и издава потврда и еколошка налепница во соодветна боја. Техничката служба не врши мерење на емисии на гасови од моторот на возилото, туку прави идентификација на документацијата на моторното возило, објаснија од Министерството за економија.

Предлог-законот што ја предвидува оваа новина веќе влезе во собраниска процедура, Категоризацијата за еко-налепницата ќе се прави еднократно, а бојата може да се промени само ако во возилото се вгради уред за течен нафтен гас, или метан, со што возилото би можело да помине во повисока категорија.

Новите прописи би стапиле на сила шест месеци откако законот ќе биде усвоен и објавен во „Службен весник“.

Правилниците и одредбите ќе се донесуваат од општините и Град Скопје по донесувањето на законот.

Промовирани огласи »

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции сè уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.

Изминатата година, вработените кои чекаа исплата на К-15 до декември, од своите работодавачи добија износ од 9.300 до 13.675 денари.

Промовирани огласи »

До 2021 е целта на Македонија да се укинат роаминг цените со Европската унија.

Ова го кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој вели дека мбицијата на владите во регионот и на Европската комисија за укинување на цените на роамингот до 2021.

Направен е официјален план со што земјите од Западен Балкан бараат, но веќе имаме комуникација со ЕК, да постигнеме ниво на целосно укинување на цените за роаминг со земјите од ЕУ до 2021- посочи министерот окарактеризирувајќи го планот како доста амбициозен.

 Манчевски во интервјуто за МИА потсетува дека е потпишан договорот за намалувње на цените на роамингот со Бугарија и до крајот на година ќе имаме конкретен план како ќе се одвива, со некоја поголема динамика отколку со останатите земји од ЕУ. А, со Грција веќе сме во фаза на утврдување на текстот на договорот кој треба да го потпишеме што е можно побрзо и да се подготви побрзо намалување со Грција отколку со остатокот од ЕУ.

Промовирани огласи »

Љубљана и Атина се единствените градови од Балканот кои се најдоа во едицијата на германската компанија Мовинга за 2018-та за Топ-100 најдобри дестинации за барање работа. Станува збор за годишно истражување во кое критериуми се земаат стапка на вработеност, регистрација на фирми, развој на БДП, платата, трошоци на жовеење, степен на емигранти и можноста за нивно вработување, вработување на младите и старт-ап и права на жените.

На првите десет позиции се Бостон, Минхен, Калгари, Хамбург, Штутгарт, Лондон, Сингапур, Осло, Франкфурт и Единбург.

Љубљана е на 54.место, додека Атина е на последното 100, место.

Од Источна Европа, најдоброрангирана е космополитска Прага на 40.место, тука се уште Будимпешта (58.), Талин (60.), Варшава (61.), Братислава (65.) и Брно (77.).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »