Промовирани огласи »

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции сè уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.

Изминатата година, вработените кои чекаа исплата на К-15 до декември, од своите работодавачи добија износ од 9.300 до 13.675 денари.

Промовирани огласи »

До 2021 е целта на Македонија да се укинат роаминг цените со Европската унија.

Ова го кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој вели дека мбицијата на владите во регионот и на Европската комисија за укинување на цените на роамингот до 2021.

Направен е официјален план со што земјите од Западен Балкан бараат, но веќе имаме комуникација со ЕК, да постигнеме ниво на целосно укинување на цените за роаминг со земјите од ЕУ до 2021- посочи министерот окарактеризирувајќи го планот како доста амбициозен.

 Манчевски во интервјуто за МИА потсетува дека е потпишан договорот за намалувње на цените на роамингот со Бугарија и до крајот на година ќе имаме конкретен план како ќе се одвива, со некоја поголема динамика отколку со останатите земји од ЕУ. А, со Грција веќе сме во фаза на утврдување на текстот на договорот кој треба да го потпишеме што е можно побрзо и да се подготви побрзо намалување со Грција отколку со остатокот од ЕУ.

Промовирани огласи »

Љубљана и Атина се единствените градови од Балканот кои се најдоа во едицијата на германската компанија Мовинга за 2018-та за Топ-100 најдобри дестинации за барање работа. Станува збор за годишно истражување во кое критериуми се земаат стапка на вработеност, регистрација на фирми, развој на БДП, платата, трошоци на жовеење, степен на емигранти и можноста за нивно вработување, вработување на младите и старт-ап и права на жените.

На првите десет позиции се Бостон, Минхен, Калгари, Хамбург, Штутгарт, Лондон, Сингапур, Осло, Франкфурт и Единбург.

Љубљана е на 54.место, додека Атина е на последното 100, место.

Од Источна Европа, најдоброрангирана е космополитска Прага на 40.место, тука се уште Будимпешта (58.), Талин (60.), Варшава (61.), Братислава (65.) и Брно (77.).

Промовирани огласи »

Додека сите имаат само Black Friday во Нептун има HAPPY WEEKEND, акција со големи попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи! Од 21-26 ноември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Искористете ги големите попусти и можноста за шопинг до 48 рати без камата на целиот асортиман! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Одлична понуда и голем избор на: телевизори, прочистувачи на воздух, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, компјутери и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Покрај тоа, потрошувачите во Нептун добиваат и:

- Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

- За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

За да ги погледнете деталите од акцијата „HAPPY WEEKEND 21-26.11.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »