Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека уличниот дефект ф-100мм на ул. Мрежичка 5(Бутел 1) е саниран.
Водоснабдувањето е нормализирано на 14.12.2018 во 10:10 часот.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk учесник на Career Fair 3 во Битола

KARIERA.mk учесник на Career Fair 3 во Битола

Денес, 14.12.2018, со почеток во 12h во Младинскиот културен центар – Битола, по трет пат се одржува Саемот за кариера. Основна цел на настанот е  информација, мотивација и едукација на преку 200 млади невработени лица во општина Битола. KARIERA.mk како учесник на настанот има за цел да ги мотивира младите да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места

Од информација до кариера! е мотото на настанот, каде што посетителите ќе можат да комуницираат со претставниците на компаниите, да се информираат, а тимот на KARIERA.mk ќе им помогне да го поднесат своето CV и да го закажат своето прво интервју за работа.

Настанот е во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации за намалување на младинската невработеност во соработка со Инфо клубот Битола, а поддржан од УНДП, општина Битола и Фонд за иновации и технолошки развој.

Ова е дел од низот активности на KARIERA.mk, каде што помагаме на младите луѓе во градењето на нивната кариера!

Промовирани огласи »

Руфки Калиси од Декор Инвест - Желни за успех учевме од успешните трговци

Руфки Калиси од Декор Инвест - бизнис на Пластичарска улица

1. Што ве инспирираше да започнете бизнис во Пластичарска улица?

Во почетоците на започнување на бизнисот, во наш интерес беше само да започнеме со нешто, да опстануваме, така што и немавме многу избор.

2. Дали имавте страв кога почнавте, посебно во толку млада возраст, и како го надминавте тој страв?

Страв сигурно дека имавме, но со текот на работата почнуваш да комуницираш со успешни трговци, и ние желни за успех, ги практикувавме нивните искуства, и полека го надминавме тој страв.

3. Како регрутирате вработени, и како ги мотивирате истите да останат кај вас? 

Првично регрутиравме преку познати, некој од вработените се со нас од почеток. Во последно време треба преку огласување за да се најде квалитетен кадар. На почеток учевме ние паралелно со нашите вработени, ги третиравме како важен дел од компанијата и ги инспириравме да бидат дел од решенијата на сите проблеми кои се појавуваа во текот на нашиот развој.

4. Според вас, која е разликата на водење бизнис во Пластичарска, во споредба со било која друга локација? На кој начин се постигнува успех во Пластичарска?

На Пластичарска има брзина и добра услуга, секогаш голем асортиман, и тоа е разликата со другите локации во градот. Иако условите на Пластичарска не се најсјајни, ние сме доста силни и затоа опстојуваме.

5. Како компанија која има 25 години искуство и над 10 вработени, што е следно? Дали планирате проширување во иднина, дали има услови за такво нешто?

Сега за сега нема услови за проширување, стално бркаме некој природен раст и кога ќе видиме дека има услови тогаш сигурно ќе реагираме.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk како донатор на настанот Чоколадна Аукција

KARIERA.mk како донатор на настанот Чоколадна Аукција

Со над 100кг чоколадо, и разни експонати на чоколадни фигури ќе се одржи Чоколадна Аукција на 12 декември во 20 часот во хотел Парк во Скопје каде што каде што сите средства ќе бидат наменети за Центарот за деца со аутизам, кој ќе биде прв во Македонија. Овој центар ќе им помогне на децата да ги подобрат своите социјални вештини, и воедно да им ја понуди неопходната стручна поддршка на семејствата и родителите.

Ова ќе биде четврта Аукција на чоколадо, која секоја година е различна и уникатна, како по содржината, така и по чоколадните експонати.

Учествувајте и Вие заедно со KARIERA.mk, преку слатко задоволство да помогнеме за создавање на првиот Центарот за деца со аутизам во Македонија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »