Промовирани огласи »

Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, реализира интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Компанијата ги доби сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.“Diamond Skopje” ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје дел од градот на кој можат да бидат горди.

Во тек е и изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза.

Изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Во комплексот “Diamond Skopje” автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.

Станува збор за уникатен и комплексен проект вреден 250 милиони евра, кој ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во “Лимак Инвестиции”: “Јас сум сигурен дека “Diamond Skopje” ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот.“

Промовирани огласи »

Ќе се загрози ли приватноста на граѓаните со тоа што Управата за јавни приходи од наредната година автоматски ќе ги добива податоците за сите приливи на сметките на граѓаните?

Од УЈП велат дека се подготвени за имплементација на новите законски решенија.Пристапот до приливите на сметките на граѓаните им е потребен за подготовка на Годишната даночна пријава, која од наредната година ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или корегираат.

Носителите на платен промет се должни да доставуваат до Управата за јавни приходи податоци за приливи на средства на сметки на физички лица, а на писмено барање согласно и постоечкиот Закон за управата за јавни приходи, носителите на платен промет се должни во секое време да достават податоци согласно барањето. Управата за јавни приходи податоците ги користи исклучиво за даночни цели.- велат од УЈП.

Од Министерството за финансии велат дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени. Тврдат дека и законот за банки и законот за УЈП се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Од Дирекцијата пак за заштита на личните податоци не знаат дали нивните забелешки се внесени во конечните решенија на законите, бидејќи не ја добиле конечната верзија на текстот на Законот.

Со измените нема да се даночат дознаките, односно парите кои роднини и пријатели ги праќаат на своите најблиски, иако УЈП и нив ќе ги гледа. Но, граѓаните кои имале приходи од странство од авторски договори, хонорари за кои и до сега требало да платат данок, не ќе можат да го избегнат, бидејќи парите на сметка ќе ги гледа и УЈП.

Промовирани огласи »

Деца од норвешкиот град, Балстад секој ден чистат бакалар и заработуваат по 500 долари дневно. 

Стотина деца на овој начин имаат  шанси да заработат. 

Тригве Петерсен има 16 години и заработува по 500 евра така што чисти по 80 килограми дневно. 

Децата со ова можат да си дозволат нови работи, телефони, лап топи, облека. 

„Успеав да заштедам доволно за да отпатувам за Америка. Ќе уживам од Њујорк до Хаваи, сам тоа си го овозможив“, вели момчето. 

За килограм рибарите добиваат 7 евра. Велат дека отсекогаш деца биле одговорни за јазици од бакалари. Децата тврдат дека тоа е нивна работа, нивна традиција. 

  

Промовирани огласи »

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Квебек носи интересни резултати за колегијалноста на мажите и жените на работа – две жени на различни позиции во компанијата полошо ќе соработуваат отколку двајца мажи.

Сепак, кога се на иста позиција жените немаат таков проблем и можат да остварат подобра соработка. Покрај тоа, ова истражување ја потврди и претходната теорија дека жените од понизок хиерархиски ранг потешко соработуваат со оние од повисок ранг.

Од друга страна, мажите полесно ќе кажат што мислат, а жените ќе остават да се развие љубомора.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека проблемот настанува кога една жена е помоќна од друга, а тоа укажува на недостаток на доверба на двете страни.

Тоа значи дека талентираната и образована жена при доаѓањето во нов колектив ќе има помала поддршка отколку мажот, изјави Бренсон. Во овој случај, како што стои во заклучокот, нема воопшто да и биде полесно дури и ако нејзиниот надреден е маж.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »