Промовирани огласи »

Во Македонија денеска почна Глобалниот самит на жени лидери на кој учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства како да се биде жена лидер.

Според сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, која е покровител на настанот, само со љубов, посветеност, залагања и упорност може да се биде успешен и да се постигнат зацртаните планови и цели.

Искуството уште еднаш ми покажа дека на тој пат кон подобрување на нашето севкупно живеење, жената е најчестиот, најупорниот и најуспешниот водач, односно лидер. Таа е присутна и во бизнисот и во уметноста и во културата и во социјалата и во здравството и во дипломатијата и во новинарството и во администрацијата. Впрочем жената е присутна секаде, но она што го прави посебно нејзиното приуство и ја извдвојува е нејзиниот пристап, нејзината емотивност, префинетост, интуиција, одлучност и иницијативност, нагласи Иванова.

Жената, смета Иванова, е симбол на сите семејни вредности и темел на заедништво која несебично ја дели својата љубов, својот труд и се вложува себе си во секоја улога и како мајка, сопруга, пријател, работник, професионалец и како лидер.

Улогата на жената лидер, на жената предводник, а уште повеќе на жената која ја има улогата на прва дама во едно општество, ја препознавам како позиција од која може да се поведат многу иницијативи, да се организираат многу акции и кампањи, но и да се бранат обесправените и помалку бројните, тие чиј настап често е незабележлив, ненаметлив, тивок и редок, рече Иванова.

Таа потсети дека дел од нејзините активности се насочени кон децата со посебни потреби, особено на децата со аутизам, дел на лицата со ретки болести, а дел од ангажманите и на децата и нивното здравје.

Една од најдрагите активности која се спроведе под мое покровителство е отворањето на воопшто првиот Ургентен центар на детската клиника, рече Иванова, најавувајќи дека наскоро ќе следи и комплетно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на оваа клиника.

За претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20-тина години се надминува јазот во однос на родовата еднаквост.

Во регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Нема толку разлики на кој начин се третираат жените, туку во поглед на тоа дека тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството, истакна Арсовска.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска смета дека застапеноста на жената во политиката не е на задоволително ниво и мора да се поработи на тоа поле.

Она што е најважно е импутот што жените го даваат кога ги носат одлуките заедно со мажите заради тоа што женската перспектива е сосема различна од машката, рече Арсовска – Томовска.

И за претседателката на Здружението на бизнис жени на Македонија, Валентина Дисоска недостигаат жени на менаџерски позиции и тоа е она на што треба во иднина да се посвети внимание.

Жените најчесто одат да работат во секторот услуги или го работат она што го знаат бидејки тоа е полесната варијатна, но не инвестираат средства за да развијат сопствен бизнис, вели Дисоска, според која потребна е едукација за да се градат лидерските вештини на жените.

Дводневниот форум го организираат Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени, а на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.

Промовирани огласи »

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае јонг уапсен е во рамки на истрагата за корупција која довде до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје.

Судот истакнува дека е неопходно негово апсење поради нови докази, пренесува АП.

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето за издавање налог за апсење на претседателот на Самсунг Електроникс, Парк Санг јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторник, меѓутоа побара да се уапсат двајцата функционери на Самсунг поради корупција и по други обвиненија.

Портпаролот на специјалниот обвинител за испитување на овој политички скандал Ли Кју Чул рече дека 48 годишниот потпретседател на најголемата јужнокорејска компанија се сомничи за давање 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил.

Тој за возврат барал да му помогнат да го задржи местото прв човек во компанијата откако неговиот татко и претседател на компанијата повеќе од две години е во болница.

Промовирани огласи »

Конференцијата за развојните програмери на Apple ќе се одржи на 5 јуни, а компанијата тогаш ќе ги претстави новите верзии на iOS, macOS, како и новите верзи на watchOS и tvOS.

Apple не открива многу детали за тоа што ќе биде прикажано на настанот, но посочи дка технологијата и уметноста мора да се комбинираат за да напредува светот.

Настанот оваа година ќе се одржи во МекЕнери Центарот во Сан Хозе, бидејќи вообичаениот Москоне Центар во Сан Франциско се реновира. Влезниците ќе се нудат преку лотарија бидејќи минатите години се распродаваа за помалку од две минути, пишува The Verge.

Делови од конференцијата ќе бидат достапни и преку live-stream, а за широката публика најинтересен ќе биде првиот дел кога се соопштуваат детали за новите производи.

Промовирани огласи »

Како мал бил пациент на Онкологија, а девет години подоцна е студент по Информатика. Приказната на Бојан Ристовски од Скопје, младо момче кое има 21 година, ја пренесува Телеграф.мк. 

Бојан сега има 21 година. На 11 години, на летување со родителите, случајно забележале топче на десниот бут. По низа прегледи, испитувања, биопсија, била потврдена страшната дијагноза - Бојан имал не-Хочкинг лимфом, вид канцер. Му била направена операција, следувала хемотерапија. Лекувањето го заковало девет месеци за болнички кревет.

Јас тогаш и не знаев колку сум бил болен. Дури пред неколку години открив што всушност е оваа болест. Ми се чинеше дека објаснувањето на „Гугл“ е многу пострашно од тоа на што јас се сеќавам. Сега, кога ги гледам родителите на децата болни од рак, сфаќам колку им било тешко и на моите родители - вели тој.

Терапијата ја поднесувал како и сите мали пациенти - некогаш добро, некогаш лошо. 

Кога ќе ја слушне дијагнозата, родителот веднаш паѓа во очај, мисли само на лошото. Нема потреба од депресија, ниту од прашањето „зошто баш мене да ми се случи“. Мора да се соочиме со болеста и да собереме сили да поминеме низ неа. Да, исходот е неизвесен, но треба да се биде позитивен и да се има надеж. Тоа е мојот рецепт - вели Бојан.

Покрај битките со болеста, по оздравувањето има и други битки - оние со средината. Како детето ќе се врати во одделението во кое учело, како ќе го гледаат другарите, колку последиците од терапиите ќе влијаат врз формирањето семејство. Ова се прашања што загрижени родители му ги поставуваат и нему, кога секој 15 февруари (Меѓународниот ден на децата болни од рак) со својата мајка носи кошници со слатки и им ги дели на децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести.

На децата треба да им се објасни дека околината може да ги избегнува, дека нивните врсници или наставници може нема да имаат разбирање за нив. Во прв момент, тоа ќе им падне многу тешко. Но, трпението е клучно во такви моменти. Со тек на време, сè си доаѓа на свое место - го споделува Бојан своето искуство.

Годишно по 30-40 деца се лекуваат на хематоонколошкиот оддел на Клиниката за детски болести. Меѓу нив има и новороденчиња. Најчести видови тумори кај децата се леукемиите, лимфомите, невробластомот и туморите на централниот нервен систем.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »