Промовирани огласи »

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае јонг уапсен е во рамки на истрагата за корупција која довде до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје.

Судот истакнува дека е неопходно негово апсење поради нови докази, пренесува АП.

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето за издавање налог за апсење на претседателот на Самсунг Електроникс, Парк Санг јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторник, меѓутоа побара да се уапсат двајцата функционери на Самсунг поради корупција и по други обвиненија.

Портпаролот на специјалниот обвинител за испитување на овој политички скандал Ли Кју Чул рече дека 48 годишниот потпретседател на најголемата јужнокорејска компанија се сомничи за давање 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил.

Тој за возврат барал да му помогнат да го задржи местото прв човек во компанијата откако неговиот татко и претседател на компанијата повеќе од две години е во болница.

Промовирани огласи »

Конференцијата за развојните програмери на Apple ќе се одржи на 5 јуни, а компанијата тогаш ќе ги претстави новите верзии на iOS, macOS, како и новите верзи на watchOS и tvOS.

Apple не открива многу детали за тоа што ќе биде прикажано на настанот, но посочи дка технологијата и уметноста мора да се комбинираат за да напредува светот.

Настанот оваа година ќе се одржи во МекЕнери Центарот во Сан Хозе, бидејќи вообичаениот Москоне Центар во Сан Франциско се реновира. Влезниците ќе се нудат преку лотарија бидејќи минатите години се распродаваа за помалку од две минути, пишува The Verge.

Делови од конференцијата ќе бидат достапни и преку live-stream, а за широката публика најинтересен ќе биде првиот дел кога се соопштуваат детали за новите производи.

Промовирани огласи »

Како мал бил пациент на Онкологија, а девет години подоцна е студент по Информатика. Приказната на Бојан Ристовски од Скопје, младо момче кое има 21 година, ја пренесува Телеграф.мк. 

Бојан сега има 21 година. На 11 години, на летување со родителите, случајно забележале топче на десниот бут. По низа прегледи, испитувања, биопсија, била потврдена страшната дијагноза - Бојан имал не-Хочкинг лимфом, вид канцер. Му била направена операција, следувала хемотерапија. Лекувањето го заковало девет месеци за болнички кревет.

Јас тогаш и не знаев колку сум бил болен. Дури пред неколку години открив што всушност е оваа болест. Ми се чинеше дека објаснувањето на „Гугл“ е многу пострашно од тоа на што јас се сеќавам. Сега, кога ги гледам родителите на децата болни од рак, сфаќам колку им било тешко и на моите родители - вели тој.

Терапијата ја поднесувал како и сите мали пациенти - некогаш добро, некогаш лошо. 

Кога ќе ја слушне дијагнозата, родителот веднаш паѓа во очај, мисли само на лошото. Нема потреба од депресија, ниту од прашањето „зошто баш мене да ми се случи“. Мора да се соочиме со болеста и да собереме сили да поминеме низ неа. Да, исходот е неизвесен, но треба да се биде позитивен и да се има надеж. Тоа е мојот рецепт - вели Бојан.

Покрај битките со болеста, по оздравувањето има и други битки - оние со средината. Како детето ќе се врати во одделението во кое учело, како ќе го гледаат другарите, колку последиците од терапиите ќе влијаат врз формирањето семејство. Ова се прашања што загрижени родители му ги поставуваат и нему, кога секој 15 февруари (Меѓународниот ден на децата болни од рак) со својата мајка носи кошници со слатки и им ги дели на децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести.

На децата треба да им се објасни дека околината може да ги избегнува, дека нивните врсници или наставници може нема да имаат разбирање за нив. Во прв момент, тоа ќе им падне многу тешко. Но, трпението е клучно во такви моменти. Со тек на време, сè си доаѓа на свое место - го споделува Бојан своето искуство.

Годишно по 30-40 деца се лекуваат на хематоонколошкиот оддел на Клиниката за детски болести. Меѓу нив има и новороденчиња. Најчести видови тумори кај децата се леукемиите, лимфомите, невробластомот и туморите на централниот нервен систем.

Промовирани огласи »

Бизнис ангелите се успешни претприемачи, сопственици или менаџери на големи компании, со чија финансиска моќ, искуство, знаење, мрежа на контакти… поддржуваат старт – ап бизниси. Бизнис ангелите ја пополнуваат празнината во финансирање на идеи или стартапи во рана фаза, коишто во очите на банките и другите финансиски институции се високоризични.

Профитот е “ѕвезда водилка“

Профитот е крајната цел на секој бизнис ангел, кога одлучува дали ќе инвестира во некој старт – ап. Тој се води од идејата дека вложува пари за да создаде успешна и профитабилна компанија, што е самоодржлива на пазарот и отпорна од голем број притисоци. Тие инвестираат, креираат, поттикнуваат раст и развој и на крајот може да го напуштат бизнисот.

Инвестираат во успешен тим

Бизнис ангелите најчесто ги избегнуваат поединците и нивните идеи. Гледаат потенцијал во тим што има капацитет и способност да расте и се развива во иднина.

Бараат големи и уникатни идеи

Во светот постојат безброј идеи и мали стартапи коишто нудат исти или слични решенија, производи и услуги. Вниманието на бизнис ангелите може да им го привлече некоја голема идеја што отскокнува од останатите, нуди поголема вредност, има поголем потенцијал и јасна насока за развој на пазарот. Инсистираат идејата да биде поткрепена со факти, а не со празни зборови или ветувања.

Неопходна е доверба во идниот бизнис партнер

Бизнис ангелите развиваат релација на доверба со својот потенцијален партнер. Никогаш не донесуваат одлука од прво гледање, бидејќи им е потребно повеќе време, неколку средби, подобро запознавање за да може да ја создадат целосната слика.

Добро разработен бизнис план е од клучно значење

Некој старт – ап би можел да позајми пари од блиски луѓе без да им прикаже бизнис план, но тоа не поминува кај бизнис ангелите. Професионалните инвеститори знаат дека претприемачите кои започнуваат бизнис без соодветен план се осудени на неуспех.

Извор - БизнисИнфо

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »