Промовирани огласи »

Кри­сти Реј­чел Маг­но – Трај­ко­ски од гра­дот Ке­зон, Фи­ли­пи­ни де­нес жи­вее во Ма­ке­дон­ски Брод. Таа со Ма­ке­до­ни­ја се за­поз­на­ва пре­ку сво­јот со­пруг Бо­јан, со ко­го за­ед­но ра­бо­те­ла на брод. Та­му, ка­ко што рас­ка­жу­ва таа за „Ре­пуб­ли­ка“, се ра­ѓа љу­бов ме­ѓу нив двај­ца, па по одре­ден пер­и­од нив­на­та вр­ска е кру­ни­са­на со брак. Таа де­не­ска е ма­ке­дон­ска снаа, мај­ка, же­на ис­пол­не­та со хар­мо­ни­чен жи­вот. Од­лич­но збо­ру­ва и пи­шу­ва ма­ке­дон­ски ја­зик и ве­ли де­ка иа­ко не ѝ би­ло лес­но да се на­у­чи, жел­ба­та да знае да го збо­ру­ва би­ла го­ле­ма. Кри­сти рас­ка­жу­ва и за тоа де­ка лес­но се прис­по­со­би­ла на жи­во­тот ов­де. Таа и неј­зи­но­то се­мејс­тво два­па­ти сла­ват Бо­жик и Ве­лиг­ден, би­деј­ќи до­би­ва го­ле­ма по­чит од фа­ми­ли­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја за вред­но­сти­те што ги но­си од сво­ја­та зем­ја. Ја са­ка ма­ке­дон­ска­та куј­на, при­го­тву­ва мно­гу ма­ке­дон­ски спе­ци­ја­ли­те­ти. На се­кој стра­нец што би до­шол ов­де би му пре­по­ра­ча­ла да го по­се­ти Охрид, но и Ма­ке­дон­ски Брод, би­деј­ќи е ми­рен град со чист воз­дух и со до­бри лу­ѓе.

Ко­га прв пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Јас и мо­јот со­пруг се за­поз­нав­ме ко­га ра­бо­тев­ме на брод и по не­кое вре­ме поч­нав­ме вр­ска, ко­ја за­вр­ши со брак. Во 2011 го­ди­на ре­шив­ме да на­пра­ви­ме свад­ба и јас то­гаш дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја, та­ка за прв­пат ја за­поз­нав зем­ја­та.

До­а­ѓа­те од зем­ја со раз­лич­на кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ус­пе­а­вте да се прис­по­со­би­те на жи­во­тот ов­де?

И ако до­а­ѓа­ме од раз­лич­ни др­жа­ви, си­те ние сме лу­ѓе и се прис­по­со­бу­ва­ме на жи­во­тот и на тра­ди­ци­и­те ка­де што жи­ве­е­ме. Јас не­мав проб­лем за­тоа што фа­ми­ли­ја­та на мо­јот со­пруг ги при­фа­ти си­те мои оби­чаи, а јас нив­ни­те. Ние сла­ви­ме два­па­ти Бо­жик и Ве­лиг­ден. Исто та­ка, ми бе­ше ин­те­рес­но де­ка бе­бе­то не тре­ба да се из­не­се над­вор 40 де­на и не тре­ба и да до­а­ѓа­ат го­сти во тој пер­и­од во на­ши­от дом. До­де­ка кај нас во Фи­ли­пи­ни важ­но е са­мо бе­бе­то да е кр­сте­но и не­ма проб­лем за ни­што.

Вие збо­ру­ва­те со­лид­но ма­ке­дон­ски ја­зик, бе­ше ли лес­но да се на­у­чи?

Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја не бе­ше тол­ку лес­но да се на­у­чи ја­зи­кот, но јас имав го­ле­ма жел­ба да на­у­чам и поч­нав да ра­бо­там во еден ре­сто­ран во Скоп­је и мо­рав на го­сти­те да им се обра­ќам на ма­ке­дон­ски. Во по­че­то­кот бе­ше те­шко, ама јас мо­жев да им об­јас­нам на лу­ѓе­то што са­кам да ка­жам, а тие да ме раз­бе­рат. Јас мис­лам за да се на­у­чи ја­зик не се по­треб­ни са­мо кни­ги ту­ку и да се збо­ру­ва, а за тоа нај­го­ле­ма зас­лу­га има мо­ја­та све­кр­ва, ко­ја ме раз­би­ра­ше што са­кав да ка­жам, та­ка на­у­чив и се­га ве­ќе збо­ру­вам со­лид­но ма­ке­дон­ски. Мно­гу збо­ро­ви во ма­ке­дон­ски­от ја­зик се слич­ни, но има­ат раз­лич­но зна­че­ње. На при­мер, ко­га го пра­шав мо­јот све­кор: „Да­ли сте глад­ни та­то?“ тој ме пра­ша што има за ја­де­ње Кри­сти, а јас: „Има жел­ка та­то“, а тре­ба­ше да ка­жам зел­ка. Имам уште мно­гу та­кви при­ме­ри со смеш­ни си­ту­а­ции. Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја нај­го­ле­ма под­др­шка имав од фа­ми­ли­ја­та на мо­јот со­пруг. Не­го­ва­та се­стра збо­ру­ва пер­фект­но анг­ли­ски ја­зик и таа најм­но­гу ми по­мог­на во по­че­то­кот – по­себ­но за на­ша­та свад­ба. Јас не ги зна­ев ва­ши­те пес­ни и што се збо­ру­ва во нив. Таа бе­ше таа што ми об­јас­ни да знам за што ста­ну­ва збор. Та­ка свад­ба­та ми по­ми­на со чув­ство ка­ко јас да бев дол­го вре­ме во Ма­ке­до­ни­ја, а не са­мо две не­де­ли.

Целиот текст е објавен во Република

Промовирани огласи »

Во Македонија денеска почна Глобалниот самит на жени лидери на кој учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства како да се биде жена лидер.

Според сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, која е покровител на настанот, само со љубов, посветеност, залагања и упорност може да се биде успешен и да се постигнат зацртаните планови и цели.

Искуството уште еднаш ми покажа дека на тој пат кон подобрување на нашето севкупно живеење, жената е најчестиот, најупорниот и најуспешниот водач, односно лидер. Таа е присутна и во бизнисот и во уметноста и во културата и во социјалата и во здравството и во дипломатијата и во новинарството и во администрацијата. Впрочем жената е присутна секаде, но она што го прави посебно нејзиното приуство и ја извдвојува е нејзиниот пристап, нејзината емотивност, префинетост, интуиција, одлучност и иницијативност, нагласи Иванова.

Жената, смета Иванова, е симбол на сите семејни вредности и темел на заедништво која несебично ја дели својата љубов, својот труд и се вложува себе си во секоја улога и како мајка, сопруга, пријател, работник, професионалец и како лидер.

Улогата на жената лидер, на жената предводник, а уште повеќе на жената која ја има улогата на прва дама во едно општество, ја препознавам како позиција од која може да се поведат многу иницијативи, да се организираат многу акции и кампањи, но и да се бранат обесправените и помалку бројните, тие чиј настап често е незабележлив, ненаметлив, тивок и редок, рече Иванова.

Таа потсети дека дел од нејзините активности се насочени кон децата со посебни потреби, особено на децата со аутизам, дел на лицата со ретки болести, а дел од ангажманите и на децата и нивното здравје.

Една од најдрагите активности која се спроведе под мое покровителство е отворањето на воопшто првиот Ургентен центар на детската клиника, рече Иванова, најавувајќи дека наскоро ќе следи и комплетно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на оваа клиника.

За претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20-тина години се надминува јазот во однос на родовата еднаквост.

Во регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Нема толку разлики на кој начин се третираат жените, туку во поглед на тоа дека тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството, истакна Арсовска.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска смета дека застапеноста на жената во политиката не е на задоволително ниво и мора да се поработи на тоа поле.

Она што е најважно е импутот што жените го даваат кога ги носат одлуките заедно со мажите заради тоа што женската перспектива е сосема различна од машката, рече Арсовска – Томовска.

И за претседателката на Здружението на бизнис жени на Македонија, Валентина Дисоска недостигаат жени на менаџерски позиции и тоа е она на што треба во иднина да се посвети внимание.

Жените најчесто одат да работат во секторот услуги или го работат она што го знаат бидејки тоа е полесната варијатна, но не инвестираат средства за да развијат сопствен бизнис, вели Дисоска, според која потребна е едукација за да се градат лидерските вештини на жените.

Дводневниот форум го организираат Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени, а на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.

Промовирани огласи »

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае јонг уапсен е во рамки на истрагата за корупција која довде до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје.

Судот истакнува дека е неопходно негово апсење поради нови докази, пренесува АП.

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето за издавање налог за апсење на претседателот на Самсунг Електроникс, Парк Санг јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторник, меѓутоа побара да се уапсат двајцата функционери на Самсунг поради корупција и по други обвиненија.

Портпаролот на специјалниот обвинител за испитување на овој политички скандал Ли Кју Чул рече дека 48 годишниот потпретседател на најголемата јужнокорејска компанија се сомничи за давање 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил.

Тој за возврат барал да му помогнат да го задржи местото прв човек во компанијата откако неговиот татко и претседател на компанијата повеќе од две години е во болница.

Промовирани огласи »

Конференцијата за развојните програмери на Apple ќе се одржи на 5 јуни, а компанијата тогаш ќе ги претстави новите верзии на iOS, macOS, како и новите верзи на watchOS и tvOS.

Apple не открива многу детали за тоа што ќе биде прикажано на настанот, но посочи дка технологијата и уметноста мора да се комбинираат за да напредува светот.

Настанот оваа година ќе се одржи во МекЕнери Центарот во Сан Хозе, бидејќи вообичаениот Москоне Центар во Сан Франциско се реновира. Влезниците ќе се нудат преку лотарија бидејќи минатите години се распродаваа за помалку од две минути, пишува The Verge.

Делови од конференцијата ќе бидат достапни и преку live-stream, а за широката публика најинтересен ќе биде првиот дел кога се соопштуваат детали за новите производи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »