Илон Маск е милијардерот кој за еден час заработува по 900 000 долари.
До ваквиот податок дојде компанијата БИ, која ја зеле во предвид неговата просечна плата во последните 10 години и изјавата на Маск дека работи 120 часа неделно.
Вредноста на неговата компанија Тесла минатата недела се зголеми за 11 проценти, а Маск заработил 1,43 милијарди долари. Во интервју зборува за својата работна недела и вели дека пријателите одамна му велат да земе одмор. Од 2001 Маск немал слободна недела, а и тогаш се разболел од маларија.
Имало периоди кога и по три – четири дена не излегувал од фабриката. Ова го докажал и со примерот дека на венчавката на својот брат бил само неколку часа и се вратил во компанијата на состанок.
Се проценува дека богатството на Маск изнесува 23 милијарди долари.
Маск е познат како еден од најголемите мислители и креатори на светот, но и еден од најконтроверзните бизнисмени на светот.
Неодамна, „Бизнис Инсајдер“ објави серија интервјуа со неколку поранешни вработени во компанијата и луѓе кои имале секојдневна соработка со Маск.
Според нив, работата во „Тесла“ е проследена со огромна напнатост и страв дека секој работен ден може да ви биде токму последниот.
За Маск не постојат саботи и недели. Тој самиот очекува неговите инженери да бидат постојано достапни, макар и во 22 часот навечер во сабота со цел да ја испитаат производната линија.
За милијардерот, дури ниту раѓањето на дете не претставува доволно добар изговор на кратко да се извините од работниот состанок или да добиете слободен ден.