Чешката полиција со комбиња Фолксфаген на кои има инсталирано специјални камери за „ловење“ илегални емигранти стражарат на македонско-грчката граница и ја следат ситуацијата, објави чешки idnes,cz во својата најнова репортажа. Целокупната опрема и возилата чинат 1,35 милиони евра.
Овие камери се изработени во Унгарија и ги заштитуваат границите на повеќе од четириесет држави низ целиот свет. Благодарение на посебната техника, чешките полицајци на грчко-македонската граница откриваат ноќе мигранти на неколку километри оддалеченост., а доколку „натрапниците“ се во возило може да ja видат дури и неговата внатрешност.
Движењето се регистрира на петнаесет километри растојание. На околу шест до осум километри го разликува човекот од животните, а на неколку километри го препознава лицето , вели Милан Мајер, управникот на чешките сили кои се на помош на обезбедување на европските граници од наездата на илјадници бегалци од Блискиот Исток и Африка.
Класичното комбе Volkswagen Crafter е опремено од компанијата за одбрана на EVPU, специјализирана за развој и производство на електро-оптички системи за контролирање и следење, како и изработување на софтвери за набљудување на движењето на националните граници, аеродроми, крајбрежните или воени бази.
Освен во Македонија,ваква опрема има и на границата со Словенија или Србија.
Имаме постари возила, но ова е сосема нова работа. Следната година би сакале да ги опремиме другите погранични региони , додава Мајер.
Возилото во комбинација со камерата создава интегрирана термичка обработка на слика кој детектира движење и тоа се должи на различни температури на објектот од животната средина. Автомобилот ги има сите додатоци која патролата од две службени лица-граничари треба да ги имаат во полето на работа.
Возилото е поврзано во мрежа за комуникација и има внатрешен монитор на кој се прикажува скенираната слика на која може да се фокусира, истакнува, стабилизираат, запираат, репродуцираат и зумираат податоци.
Со овие камери може да се создаде цела панорама на набљудување, а и се распознава евентуалното ладно оружје кое го носат емигрантите, па дури и дали носат канабис или опојни дроги со себе.
Транспортерите наоѓаат нови начини на измами кога ги кријат емигрантите. Со нашите комбиња и со нашите камери ние полесно го откриваме тоа - наведе Мајер.