Промовирани огласи »

Новата цена на нафтените деривати стапи на сила. Регулаторната комисија реши за последен пат во 2018та да ги намали цените на горивата.

Тоа значи дека од денеска на бензинските станици ширум државата возачите ќе ги полнат резервоарите со ЕУРОСУПЕР БС-95 по цени од 61 денари за литар а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цени од 63денари за литар.

Регулаторна одлучи цената на ЕУРОДИЗЕЛ (D-ЕV) да биде 58, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 46,5 денари за литар.

Пад бележат и цените на мазутот М-1 НС кој од утре веќе ќе се точи по 28,176 денари за килограм.

Овие цени ќе важат во следните две недели.

Промовирани огласи »

Фотографија од Скопје е меѓу изборот на британскиот The Guardian за најдобри фотографии за викендов.

Не, не е фотографија од новогодишното село Винтерленд, туку од пиратската атмосфера што го зафаќа градот во вечерните часови.

„Брод на духови“ – ја опишува „Гардијан“ фотографијата која прикажува една од галиите во Вардар обвиена целосно во „магла“.

Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи Скопје за најзагаден главен град на Европа за 2018-та, потсетува весникот.

Промовирани огласи »

Чешката полиција со комбиња Фолксфаген на кои има инсталирано специјални камери за „ловење“ илегални емигранти стражарат на македонско-грчката граница и ја следат ситуацијата, објави чешки idnes,cz во својата најнова репортажа. Целокупната опрема и возилата чинат 1,35 милиони евра.

Овие камери се изработени во Унгарија и ги заштитуваат границите на повеќе од четириесет држави низ целиот свет. Благодарение на посебната техника, чешките полицајци на грчко-македонската граница откриваат ноќе мигранти на неколку километри оддалеченост., а доколку „натрапниците“ се во возило може да ja видат дури и неговата внатрешност.

Движењето се регистрира на петнаесет километри растојание. На околу шест до осум километри го разликува човекот од животните, а на неколку километри го препознава лицето , вели Милан Мајер, управникот на чешките сили кои се на помош на обезбедување на европските граници од наездата на илјадници бегалци од Блискиот Исток и Африка.

Класичното комбе Volkswagen Crafter е опремено од компанијата за одбрана на EVPU, специјализирана за развој и производство на електро-оптички системи за контролирање и следење, како и изработување на софтвери за набљудување на движењето на националните граници, аеродроми, крајбрежните или воени бази.

Освен во Македонија,ваква опрема има и на границата со Словенија или Србија.

Имаме постари возила, но ова е сосема нова работа. Следната година би сакале да ги опремиме другите погранични региони , додава Мајер.

Возилото во комбинација со камерата создава интегрирана термичка обработка на слика кој детектира движење и тоа се должи на различни температури на објектот од животната средина. Автомобилот ги има сите додатоци која патролата од две службени лица-граничари треба да ги имаат во полето на работа.

Возилото е поврзано во мрежа за комуникација и има внатрешен монитор на кој се прикажува скенираната слика на која може да се фокусира, истакнува, стабилизираат, запираат, репродуцираат и зумираат податоци.

Со овие камери може да се создаде цела панорама на набљудување, а и се распознава евентуалното ладно оружје кое го носат емигрантите, па дури и дали носат канабис или опојни дроги со себе.

Транспортерите наоѓаат нови начини на измами кога ги кријат емигрантите. Со нашите комбиња и со нашите камери ние полесно го откриваме тоа - наведе Мајер.

Промовирани огласи »

Законот за возила, чие изменување и дополнување опфаќа воведување на црвени, жолти и зелени налепници на возилата, е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.

Од следната грејна сезона, кога се очекува ново загадување на воздухот, треба да се воведе еколошка налепница и еколошка категоризација на возилата. Дополнително, треба да се уреди субвенционирањето на возилата со електричен погон и со вграден уред за погон со ТНГ.

Со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата, се образложува во законските измени.

Во зависност од степенот на загадување, возилата со одредена боја на налепница нема да можат да сообраќаат. Претходно на комисиска расправа оваа мерка бепе критикувана дека ќе биде на товар на граѓаните.

Доколку на пример одредено возило дојде на технички преглед со издадена зелена налепница врз основа на еуростандардите, а емисијата на издувните гасови измерена на апаратите за техничкиот преглед е поголема ќе доведе до спротивставеност на ставовите помеѓу контролорите на техничкиот преглед и техничката служба која ја издала налепницата. Негативно беше оценета еколошката категоризација на возилата преку доделување на налепници во боја бидејќи е во спротивност со веќе утврдените параметри на возилото и ќе предизвика дополнителни трошоци за граѓаните, беше истакнато на Комисијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »