Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 25.12.2018, поради двоење во шакта ф-1“ на
ул.Варшавска 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од
сл.улици:Варшавска,Хелсинки,Мексичка и Ташкентска од 09:00 часот до завршување.

Промовирани огласи »

Зголемена границата за пензионирање и во Србија

И северниот сосед дојде на ред

Од следната година жените во Србија ќе мора да работат дополнителни шест месеци за да отидат во пензија, објави Министерството за труд, вработување и социјални работи.. Жените ќе се пензионираат од 62 години и шест месеци, а  со најмалку 15 години стаж.

Мажите и следната година може да се пензионираат со 65 години и најмалку 15 години стаж. Сите осигуреници со 45 години стаж, без оглед на нивната возраст, имаат право на старосна пензија.

Кога станува збор за предвремено пензионирање, мажите во 2019 година можат да постигнат со 57 години и шест месеци од животот и најмалку 40 години стаж.

Жените следната година го остваруваат правото на предвремено пензионирање доколку имаат 57 години и 38 години и шест месеци осигурување.

Ако сакаат да се пензионираат според прописите кои се применуваат оваа година, вработените мора да поднесат барање за остварување на своите права до надлежната филијала на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување заклучно со 31 декември.

Промовирани огласи »

Најслабо платени работници, земаат 10.000 денари помалку од просечната плата

Заработуваат повеќе од минималец, но се далеку под просекот.

Нето плата од 14 710 денари во октомври земале вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа. 

Тие се најслабо платени во земјава. Слични примања имаат и оние кои работат во секторот услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата. Тие имале нето плата од 14 676 денари. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, изнесува 24 817 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.3. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (22.2 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.1 %), Административни и помошни услужни дејности (3.9 %) и Други услужни дејности (3.8 %)

Промовирани огласи »

Нептун со супер празнична понуда – Големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи на happy цени!

Нептун со супер празнична понуда – Големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи на happy цени!

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи празнични попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи на happy цени! Од 24-31 декември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Оваа празнична сезона, изненадете ги вашите најблиски и подарете им нов уред по супер ниски цени и уживајте заедно во најубавиот дел од годината! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од големиoт избор на: телевизори, лаптопи, таблети, мобилни телефони, бела техника, мали апарати за домаќинство, прочистувачи на воздух и апарати за нега и убавина.

Со акцијата “Happy Week”, покрај големите попусти и можноста за шопинг на рати без камата потрошувачите во Нептун добиваат и:

– Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

– За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од 30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

Дознајте повеќе на https://www.neptun.mk/.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »