Промовирани огласи »

Светската компанија Бургер Кинг реши оваа година да ги изненади своите возрасни потрошувачи и по 18 часот на денот на заљубените наместо добро познатите Happy meals за деца, да продава Happy meals за возрасни.

Светот побудале по изненадувањата кои им следуваа со купениот оброк и компанијата имаше рекорден број на продадени оброци. Погледнете ја нивната реклама:

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Кога њујоршкиот режисер, роден Македонец, номиниран за Оскар, Милчо Манчевски, пристигна во Венеција за да го претстави својот филм „Пред дождот“ во Мостра дел синема во 1994 година, тој беше пречекан со интересен инцидент, кој вака го раскажува: „Првиот ден бев повикан во канцелариите на Фестивалот. Ми беше кажано дека има дипломатски „проблем“. Имено, грчката амбасада во Италија му се пожалила на Фестивалот, барајќи да го отстрани „македонски“ при опишувањето на името на јазикот што се зборува во мојот филм. Грчката амбасада тврдела дека таков јазик не постои.

Ја прашав многу фината дама што го претставуваше Фестивалот дали ѝ личам на лик од цртан филм. На некој што не постои. Обајцата се насмеавме и таму и тогаш го затворивме ова прашање.

(„Интервју со Милчо Манчевски“, Ла ривиста ди енграма, декември 2011)

Промовирани огласи »

До неодамна луѓето тврдеа дека нема потреба од производство на телефон со професионална камера, бидејќи никогаш нема да може да го замени вистинскиот апарат. Но, Billboard- најпозната музичка платформа во Америка ги отфрли ваквите тврдења....

Billboard го претстави своето ново издание, каде фотографијата на предната страна е направена со iPhone 7 Plus. Ова е голем напредок за смартфон камерите, бидејќи иако не се совршени, стануваат се поспособни и се доближуваат до професионалните апарати. Apple е особено задолжен за успехот, со создавањето на висококвалитетните камери кои се голем фактор во напредокот на технологијата.

Инаку, на фотографиите се наоѓа Camila Cabello, бившиот член на Fifth Harmony. Пејачката е застана пред заматена позадина од Beverly Hills, постигната со Portrait модот на iPhone 7 Plus и дуелниот систем камери на задната страна. 

Ова не е прв пат како iPhone е користен за вакви прилики. Филмот Tangerine, кој излезе во 2015 година, целосно беше снимен на iPhone 5S. 

Miller Mobley, фотографот позади новото издание на Billboard, бил возбуден да ги испроба фунцкиите на Apple смартфонот, иако наишол на неколку проблеми (на пример, начинот на кој излегла косата на фотографиите). 

Дали би ја препознале разликата, доколку не знаевте дека сликите не се направени со професионален апарат?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »