Промовирани огласи »

Денеска и официјално е лансиран KARIERA.mk - новиот македонски сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој произлезе како резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата.

KARIERA.mk ќе нуди преглед на актуелни огласи за работа во Македонија, достапни пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе Ви помогне да напредувате во Вашиот професионален развој.

Исклучително сме горди што заедно со нашите партнери, некои од најголемите агенции за вработување во државава, обезбедивме сервис кој ќе им помогне на сите баратели на работа полесно да дојдат до посакуваното вработување а истовремено и што на компаниите им ја олеснуваме потрагата по соодветни профили за позициите за кои имаат потреба – вели Ѓорѓи Какашевски, еден од основачите на KARIERA.mk.

Секој кандидат ќе може да си креира свое професионално CV и со само еден клик на копчето “Аплицирај“ да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.

Истовремено, KARIERA.mk ќе им овозможи на компаниите и агенциите за вработување да пребаруваат од достапната база на регистрирани апликанти и во согласност со нивниот профил да селектираат и понудат работа на оние кои се најсоодветни за определено работно место.

Огласите објавени на KARIERA.mk ќе бидат споделувани и преку Фејсбук страни кои вкупно имаат над 600.000 активни следбеници а ќе биде испраќан и таргетиран newsletter на преку 100.000 пријавени кандидати - што овој сервис несомнено го прави најголема македонса мрежа за вработување сочинета од преку 700.000 луѓе.

Промовирани огласи »

Швајцарците се најбогатите луѓе на светот, со просечно богатство од 561. 900 долари за возрасен, објави Credit Suisse“ во годишниот извештај за богатството со што го потврди првото место на оваа земја веќе 16-та година по ред.

Жителите на САД ги следат со богатство вредно 344.700 долари, a следат Британците кои поседуваат просечно 288.800 долари, наведува во својот извештај најголемата швајцарска банка од Женева. Со падот на фунтата по одлуката на В. Британија за напуштање на ЕУ избришани се вкупно 1,5 милијарди долари од вкупното британско богатсво, потврди „Credit Suisse“.

Прв пат по глобалната финансиска криза од 2008-ма, глобалното просечно богатство по лице стагнираше во 2016-та на 52.800 долари.

Во извештајот исто така се наведува дека прв пат по 2008-ма, оваа година пораснал уделот на непаричниот имот, како дел од богатството на некое домаќинство.

Растот на цената на недвижностите е додаден во приватното богатство во неколку земји, вклучувајќи ја и Германија.

Групата на супербогати луѓе, кои поседуваат најмалку 50 милиони долари, порасна со 4.100 поединци на вкупно 140.900 во текот на минатата година, поттикнат од порастот во азиските земји.

Се проценува дека 33 милиони луѓе во светот имаат помеѓу милион и 50 милиони долари. Богатите Американци сочинуваат 45 проценти од таа група, а Европејците 30 отсто.

На оние од земјите од азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Индија и Кина, отпаѓа 18 посто од богатите. Со 1.6 милиони милионери, комунистичка Кина е дома на пет проценти од нив.

Во клубот на супербогатите, оние кои поседуваат 50 и повеќе милиони, има 140.900 луѓе. Во Кина има 11.000, најмногу по САД каде живеат 70.400, a Германија е трета со 6.100 супербогати.

Најсиромашните 20 отсто од светската популација, оние кои заработуваат до 248 долари., се проценуваат на милијарда. Меѓу нив е 44 посто од т.н. нето должници кои поседуваат помалку 2628 долари.

Речиси една третина од најсиромашните живеат во азиските и африканските држави. Индија е на врвот на оваа листа со 246 милиони луѓе, а следат Кина со 72 милиони и Нигерија со 35 милиони луѓе.

Mеѓу останатите земји кои најмногу придонесуваат во таа сиромашна категорија се Русија со 28 милиони, Украина со 25 милиони и САД со 21 милиони меѓу најсиромашните луѓе во светот.

Промовирани огласи »

По повеќето откриени афери и скандали за даночно затајување, вклучувајќи ги и последните од „Панама пајперс”, Европскиот парламент ја поддржа позицијата на Комисијата и даде зелено светло, со 590 гласови „за“, 32 гласа „против“ и 64 „воздржани“, даночните власти во ЕУ автоматски споделуваат информации за носителите на банкарските сметки, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Новите одредби дозволуваат и ги принудуваат националните даночни власти одговорни за борбата и контролата на перењето на парите, автоматски, заедно со партнерите во другите земји-членки, да делат информации, како што се банкарски салда, приходи на интерес и дивиденди.

– Единствениот начин да се бориме против ова зло [даночно затајување] што влијае на јавните финансии, е можно само преку значителни напори во областа на транспарентноста” изјави европратеникот Емануел Морел (Франција), известувач во ЕП по ова прашање.

Врските помеѓу перењето пари и финансирањето на тероризмот, организираниот криминал и даночното затајување покажуваат дека е потребна соработка и потесна коориднација помеѓу земјите на ЕУ, се наведува во оваа резолуција.

Ажурирање на Директивата 2011/16 / ЕУ беше презентиран од страна на Европската комисија во јули 2016 година, а поддржана од страна на земјите-членки во септември. Гласањето на Парламентот сега овозможува влегување во сила на новата регулатива веднаш, што земјите-членки мора да го имплементираат до крајот на 2017 година.

Промовирани огласи »

LinkedIn е најголемата професионална мрежа во светот. Над 467 милиони луѓе имаат профили и бројката енормно се зголемува секој ден.

Приближно една четвртина од членовите се логираат секој месец, но клучното прашање е која е неговата вистинска вредност?

Ова се четирите причини зошто да бидете дел од оваа просперитетна социјална мрежа.

1. Проширете ја мрежата

LinkedIn претставува  виртуелен бизнис, кој ви стои на располагање 24/7. Тоа е идеално место каде се поврзувате со широк спектар на луѓе со креативни умови.

2. Експонирај го својот бизнис

Креирањето на профил на LinkedIn ќе ви овозможи голем број на субјекти да дознаат и бидат во тек со сите ваши бизнис планови. Ќе се поврзете со работодавачи, инвеститори, купувачи и партнери, кои се во потрага по повеќе информации за вашиот бизнис.

Една од основните причини за поврзување на LinkedIn со вашата маркетинг статегија е позитивниот фидбек кој ќе го добиете, секој контакт е ваш потенцијален клиент.

3. Барај работа

Кога ќе почувствувате потреба за промени во кариерата, Linkdin ви нуди одлична можност. Вашиот профил ќе биде вашето online CV, затоа комплетирајте го со што повеќе информации и ажурирајте го постојано.

Постојат многу начини за истражување на слободни работни места. 3 начини како да започнете:

  • Известете ги клучните контакти дека сте  достапни и прашајте за слободни работни позиции
  • Прелистајте ги актуелните огласи за работа
  • Посетете ја официјалната LInkdin страна за бренд компании кои се на вашата листа и прегледај ја нивната понудa.​

4. ​Најди талентирани работници  

Linkdin инвестираше многу во подобрување на нивниот начин на работа. Од обичен портал за огласи до комплетно решение за регрутирање на кандидати. Користете го напредното пребарување да најдете кандидати по клучни зборови во нивниот профил. Доколку сте активни и редовно пребарувате профили, имате големи шанси да најдете кандидати кои ќе ве инпресионираат.

Сега е одлично време да станете поактивни на Linkdin. Повеќето бизниси се уште немаат добро дефинирана стратегија за Linkdin маркетинг. Осигурајте се дека вашиот бизнис е понапреден од останатите.   

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »