Промовирани огласи »

Добивките од игри на среќа државата ги даночи по 15%, наместо досегашните 10%. Ова е една од промените што стартуваат со новата година.

Придонесите за здравствено и пензиско осигурување се зголемуваат, прогресивниот данок од денеска почнува да важи, рамниот данок веќе нема да се применува, плаќање во кеш само до 1.000 евра... ова се само мал дел од даночните реформи кои почнуваат да важат.

За 0,5% се зголемуваат придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Родените по 1 јануари 1967 ќе се вратат само во првиот пензиски столб. Предвидено е со овие две мерки дупката во Фондот за пензиско осигурување која сега изнесува 309 милиони евра, да се намали за 35 милиони.

Дел од овие реформи значат и замена на персоланиот данок со данок на личен доход - примањата до 90 илјади денари ќе се даночат како и досега, со 10 отсто, а за сите доходи над оваа сума ќе се плаќаат дополнителни 8% данок.

За капиталните добивки, кириите, добивките од игри на среќа... од годинава предводен е повисок данок од 15 отсто (наместо досегашните 10%).

Проекцијата на Министерството за финансии е дека по овој основ државата ќе собере дополнителни 25 милиони евра. За Владата прогресивниот данок е праведен затоа што најбогатите 1% од граѓаните ќе плаќаат повеќе, а нивните пари ќе одат за социјално најранливите категроии граѓани.

Во кеш ќе може да се плаќа само до 1.000 евра. Новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам го намалува лимитот за готовниски плаќања од сегашните 2.000 на 1.000 евра, а од јуни ќе може да се плаќа само до 500 евра.

Бизнис секторот, опозицијата, експертската јавност беа против оваа даночна реформа. Бизнисмените бараа одложување на прогресивниот данок за најмалку три години за да можат да ги усогласат нивните развојни планови. Експертите предвидуваат зголемена даночна евазија и „развој“ на сивата економија.

Почнува да се применуваат новите правила и за пазарите. Според овие измени вработените и пензионерите нема да можат да имаат тезги, а сите пазрџии ќе плаќаат придонеси во висина до 2.000 денари.

Воедно започната е и либерализацијата на пазарот на струја. Сегашните цени на струјата за домаќинствата ќе важат до јуни. Домаќинствата и стопанствотои веќе можат да бираат меѓу 8 фирми кои се снабдувачи на отворен пазар, а постапката за избор на универзален снабдувач ќе заврши до март. На тендерот се јавија две компании, ЕВН и државната ЕЛЕМ.

Промовирани огласи »

Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година, соопшти УЈП.

Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход, информираат од УЈП.

ВИДОВИ НА ДОХОД

Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови на доход остварени во земјата и во странство: доход од работа, од самостојна дејност, oд авторски и сродни права, oд продажба на сопствени земјоделски производи, од права од индустриска сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, од капитални добивки, добивкиод игри на среќа, доход од осигурување и друг доход. 

СТАПКИ НА ДАНОК НА ДОХОД

Данокот на доход, за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, СЕ ПЛАЌА ПО ПРОГРЕСИВНИ СТАПКИ и тоа:

На годишна даночна основа  до 1.080.000 денари. Стапка на данок на личен доход 10%.

На годишна даночна основа  од 1.080.001 денари. Стапка на данок на личен доход  108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари.

Данокот на доход, за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, се плажа по единствена стапка од 15 отсто.

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ПО ОДБИВКА ОД ИСПЛАТУВАЧ

Аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка, при секоја исплата на следните видови доход:

ВИД НА ДОХОД 

– доход од работа
– доход од авторски и сродни права. Месечна основа до 90.000 денари. Стапка на данок1 0%.
– доходот од продажба на сопствени земјоделски производи (ако исплатувачот на доходот води деловни книги) Месечна даночна 
 од 90.001 денари. Стапка на данок 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари.
доход од закуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги. Стапка на данок 15%.
доход од права од индустриска сопственост, Стапка на данок 15%.
доход од капитал, освен доходот од камати од депозити. Стапка на данок  15%.
добивки од игри на среќа.Стапка на данок  15%.
доход од осигурување. Стапка на данок 15%
друг доход, ако исплатувачот на доходот води деловни книги. Стапка на данок  15%.

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ШТО ЈА ПРЕСМЕТУВА ОБВРЗНИКОТ – ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход за следните видови на остварен доход:

ВИД НА ДОХОД   

Доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на:

– физички лица,
– физички лица кои остваруваат доход од самостојна дејност, а данокот го плаќаат според паушално утврден нето-доход,
– дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход. Стапка на данок 15%.
Капитални добивки. Стапка на данок  15%
Доход остварен од странство, освен за доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство     15%
Друг доход. Стапка на данок  15%.

ВИД НА ДОХОД    

Месечна даночна основа    Стапка на данок
Доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот  Месечна даночна основа до 90.000 денари. Стапка на данок  10%.

Доход од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.Доход остварен од повремено или привремено вршење услуги на физички лица .Доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство  Месечна даночна основа од 90.001 денари. Стапка на данок 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

Аконтациите на данокот на доход по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на доходот, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и даночното намалување што важат за месецот на исплата.

Аконтациите на данокот на доход по одбивка за платата за месец декември 2018 година се пресметува и плаќа по стапка од 10 проценти (без примена на прогресивното оданочување) и личното ослободување кое важи за 2018 година.

Системот е-Персонален данок е соодветно прилагоден согласно новиот Закон за данок на личен доход и ќе започне со примена на 03.01.2019 година.

Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно Законот за персоналниот данок на доход.

Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“).

Промовирани огласи »

Елон Маск, основачот на PayPal, SpaceX и коосновачот на Tesla, открил поедноставни начини да ја зголеми својата продуктивност. Неодамна тој им соопштил на вработените во Tesla дека компанијата ќе почне со амбициозен „24/7“ распоред за да пристигне што е можно повеќе. Со цел да се постигне ова, тој споделил 7 совети за зголемена продуктивност.

1. Избегнувајте големи состаноци

Според Елон, состаноците со многу луѓе се само трошење време.

Големите состаноци имаат лошо влијание на големите компании и речиси секогаш се влошуваат со текот на времето. Ве молат ослободете се од големите состаноци, освен ако не сте се сигурни дека додавате вредност на целата публика. Во тој случај нека бидат што пократки.

2. Состаноците се непотребни освен ако не станува збор за нешто итно

Уште еднаш, Елон го искажал своето мислење за состаноците.

Исто така ослободете се од честите состаноци, освен ако не станува збор за нешто навистина итно. Состаноците треба да бидат поретки штом се реши најважниот проблем.

3. Ако не припаѓате на некој состанок, напуштете го

Нема ништо лошо во тоа да си заминете од состанок каде што не е потребно вашето присуство.

Веднаш напуштете го состанокот штом ќе ви стане јасно дека не додавате вредност на него. Не е неучтиво да си заминете, неучтиво е да натерате некого да остане и да му го трошите времето.

4. Зборувајте едноставно

Важно е да се разбере тоа што се бара, не да се користат тешки поими.

Немојте да користите големи зборови за предметите, софтверот и процесите во Tesla. Во главно, сè што бара објаснување бара и комуникација. Не сакаме луѓето да помнат нови зборови само за да можат да функционираат во компанијата.

5. Синџирот на команда има граници

Понекогаш поважно е информацијата да стигне што побрзо до оној кому му е наменета.

Комуникацијата треба да има најкус можен пат за да се заврши нешто, што значи не треба да оди преку синџир на команда. Секој менаџер кој ќе сака да воспостави синџир на команда наскоро ќе се најде на друго работно место.

6. Разговарајте директно со оној којшто ви треба

Елон ги охрабрува вработените да го побараат секој што им треба, а не да чекаат на комуникација помеѓу одделите.

Голем извор на проблеми е слабата комуникација помеѓу одделите. Начинот да се реши ова е да се овозможи слободен тек на информациите помеѓу сите нивоа. Со цел да се заврши нешто помеѓу одделите, потребно е некој да разговара со менаџерот, кој потоа разговара со директорот, кој разговара со друг менаџер и тогаш се случуваат навистина глупави работи. Мора да им дозволиме на луѓето да разговараат директно и да делуваат кога што треба.

7. Смешните правила се само тоа – смешни правила

Ако нема корист од одредени правила, тие мора да се променат.

Секогаш одбирајте го здравиот разум како ваш водич. Во некои ситуации следењето на правилата на компанијата очигледно е смешно. Во тој случај, правилото треба да се промени.

Според оваа листа, можеме да за заклучиме дека Елон не е обожавател на состаноци, бирократија, хиерархија или кој било систем што ја намалува комуникацијата. Иако неговите совети се малку необични, очигледно е дека покажуваат резултати.

  

Промовирани огласи »

Точно пред 20 години, 11 членки на ЕУ усвоија заедничка монетарна политика и го воведоа еврото, кое денес е валута од 19 членки на Унијата и повеќе од 340 милиони Европејци.

Еврозоната расте со текот на годините, како и Европската унија. На ЕУ, која имаше 15 членки во 2004 година се приклучија десет поранешни комунистички земји, во 2007 година Бугарија и Романија, а во 2013 година во Хрватска. Во меѓувреме, седум од 13 „нови“ членки на ЕУ ги заменија нивните заеднички валути.

Прва беше Словенија во 2007, потоа следат Кипар и Малта во 2008, Словачка во 2009, Естонија во 2011, Латвија во 2014 и Литванија во 2015. Од „новите“ членови, Чешка, Полска, Унгарија, Хрватска, Романија и Бугарија се уште не преминаа на еврото, но според Договорите за пристапување, се должна да го стори тоа веднаш штом ќе бидат подготвени.

Истата обврска не се однесува и на „постарите“ членки на ЕУ, и затоа Британија, која ја напушта ЕУ во март, Данска и Шведска не се во еврозоната.

Инаку, надвор од ЕУ, еврото, официјално, се користи во Црна Гора и во Косово.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »