Германија ја забрани продажбата на „ајфон“ 7 и 8 откако „Квалком“ го победи „Епл“ на суд. Овие мобилни телефони, како што смета „Квалком“, прекршуваат неколку нивни патенти за заштеда на енергија, што упеаа и да го докажат на суд на крајот од 2018 година. Тогаш судот пресуди дека овие уреди веќе не смеат да се продаваат во Германија, а одлуката стапи во сила оваа недела, јавуваат агенциите.
Според германските закони, во вакви случаи се бара од тужителот да уплати депозит. Овие пари се чуваат и можат да се искористат за исплата на надомест на штета на тужениот во случај пресудата да биде поништена на повисок суд.
„Квалком“, очигледно, е толку сигурен дека нема да биде успешна жалбата на „Епл“, па веќе во првите денови на годинава уплати 1,34 милијарди евра депозит, со што автоматски ја активира забраната за продажба на „ајфонот“.