Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 03.01.2019.поради уличен дефект од Ф-100мм на
ул.Среќко Пужалка 39 во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат
корисниците од ул.Товарник и Среќко Пужалка од 10:40часот до санирање на
дефектот.

Промовирани огласи »

Што треба да направат социјалците за да примаат парична помош?

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа. Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.

При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.

- Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен – информираат од Центарот.

Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година.

Промовирани огласи »

Ќе се прогласува епидемија на морбили во Скопје, регистрирани шест нови случаи

Шест нови случаи на морбили регистрирале здравствените власти.Ниту едно од децата не било вакцинирано.

Шест нови случаи на морбили регистрирале здравствените власти. Пет од заразените со мали сипаници се деца, а еден е возрасен. Ниту едно од децата не било вакцинирано.

Информацијата за „Макфакс“ ја потврдија од Министерството за здравство и најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации откако ќе заврши седницата на Комисијата за заразни болести која била вонредно свикана. Неофицијално од Министерството велат дека не се исклучува можноста уште денеска да прогласат епидемија на ниво Град Скопје, по информациите дека сипаниците се шират и дека новите случаи се од Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје беа потврдени два случаи со мали сипаници – 2,5 годишно дете од Куманово и жена на 32 годишна возраст од Шуто Оризари. И тие не биле вакцинирани со МРП и немале контакт со претходно заболените шест деца од градинката во скопската населба Радишани.

Последните контроли на Центарот за јавно здравје покажаа дека вкупно 15 илјади деца на возраст до 14 години не се вакцинирани. Здравствените власти најавија дека ќе се засилат контролите на вакциналните картони, како и критериумите за упис во градинка и училиште, и апелираа родителите да ги вакцинираат децата навреме за да се спречи ризикот од епидемија низ цела Македонија.

Промовирани огласи »

Во Новата година нови, зголемени даноци

Тикетите ќе носат намалени добивки. Повеќе давачки за граѓаните и фирмите, ќе дојде ли и повисокиот стандард?

Добивките од игри на среќа државата ги даночи по 15%, наместо досегашните 10%. Ова е една од промените што стартуваат со новата година.

Придонесите за здравствено и пензиско осигурување се зголемуваат, прогресивниот данок од денеска почнува да важи, рамниот данок веќе нема да се применува, плаќање во кеш само до 1.000 евра... ова се само мал дел од даночните реформи кои почнуваат да важат.

За 0,5% се зголемуваат придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Родените по 1 јануари 1967 ќе се вратат само во првиот пензиски столб. Предвидено е со овие две мерки дупката во Фондот за пензиско осигурување која сега изнесува 309 милиони евра, да се намали за 35 милиони.

Дел од овие реформи значат и замена на персоланиот данок со данок на личен доход - примањата до 90 илјади денари ќе се даночат како и досега, со 10 отсто, а за сите доходи над оваа сума ќе се плаќаат дополнителни 8% данок.

За капиталните добивки, кириите, добивките од игри на среќа... од годинава предводен е повисок данок од 15 отсто (наместо досегашните 10%).

Проекцијата на Министерството за финансии е дека по овој основ државата ќе собере дополнителни 25 милиони евра. За Владата прогресивниот данок е праведен затоа што најбогатите 1% од граѓаните ќе плаќаат повеќе, а нивните пари ќе одат за социјално најранливите категроии граѓани.

Во кеш ќе може да се плаќа само до 1.000 евра. Новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам го намалува лимитот за готовниски плаќања од сегашните 2.000 на 1.000 евра, а од јуни ќе може да се плаќа само до 500 евра.

Бизнис секторот, опозицијата, експертската јавност беа против оваа даночна реформа. Бизнисмените бараа одложување на прогресивниот данок за најмалку три години за да можат да ги усогласат нивните развојни планови. Експертите предвидуваат зголемена даночна евазија и „развој“ на сивата економија.

Почнува да се применуваат новите правила и за пазарите. Според овие измени вработените и пензионерите нема да можат да имаат тезги, а сите пазрџии ќе плаќаат придонеси во висина до 2.000 денари.

Воедно започната е и либерализацијата на пазарот на струја. Сегашните цени на струјата за домаќинствата ќе важат до јуни. Домаќинствата и стопанствотои веќе можат да бираат меѓу 8 фирми кои се снабдувачи на отворен пазар, а постапката за избор на универзален снабдувач ќе заврши до март. На тендерот се јавија две компании, ЕВН и државната ЕЛЕМ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »