Промовирани огласи »

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Промовирани огласи »

Проектот за изградбата на автопатот Скопје-Блаце денеска формално почна со реализација. Се очекува автопатот што ќе ги поврзе Македонија и Косово да биде завршен за три години.

Конечно ставаме точка на автопатското поврзување меѓу Македонија и Косово, означувајќи го формалниот старт на проектот Скопје – Блаце, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Тој посочи дека проектот е од стратешка важност за нашата земја од неколку причини: како проект со кој се поврзуваат Скопје и Приштина со автопат, проект кој претставува дел од т.н. „конективити“ агенда за поврзување на земјите од Западниот Балкан, но и автопат кој ќе овозможи унапредување на трговската размена, ќе обезбеди потенцијал за економски напредок, потенцијал за бизнисот итн.

Османи потенцира дека за овој проект веќе е обезбеден грант од 1,3 милиони евра ИПА средства кои се неповратни и дека е побарана и финансиска поддршка во рамките на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) од 27 милиони евра, како и неповратни средства. За останатиот дел, Османи посочи на заем од Европската Банка за Обнова и Развој, како главен финансиер на проектот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека заради побрзо реализирање на проектот изградбата на автопатот Скопје-Блаце е поделена на две подделници, со цел побрзо завршување на проектот и отпочнување на градежните работи на пократката делница. Првата делница, во должина од околу 2 километри започнува од ГП „Блаце“до првата клучка „Блаце“, односно спојот со локалниот пат кон с. Блаце, за чија градба и надзор средствата се обезбедени од Буџетот на ЈП за државни патишта и чија реализација се очекува побрзо да стартува. Втората подделница, е од клучката „Блаце“ до Скопје (клучка „Стенковец“), во должина од околу 10.5 километри. Предвидени се 4 тунели во должина од околу 4 километри, 8 мостови и други придружни објекти.

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, што треба да почне на 21 јануари.

Во целосна коодинација сме и со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во Чаир кое се реконструира.

Додаде дека со тие две министерства МОН е во координација и за изнаоѓање законско решение со кое, како што рече, ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.

Треба да водиме грижа и за следење на  воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родителите треба да докажат дека биле вакцинирани, рече Адеми.

Соопшти и дека втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование е во финална фаза и наскоро ќе биде објавен на електронскиот регистар на прописи (ЕНЕР) и, како што рече, ќе содржи квалитетни решенија.

Промовирани огласи »

Малку над половина од автомобилите во Македонија (51,3 отсто) се на бензински погон, 45,6 отсто се дизелаши, а само 2,9 отсто се придвижуваат на алтернативни горива, покажуваат последните податоци на Евростат, кои се однесуваат за 2016 година.

Соодносот бензинци- дизелаши драстично е променет во последнава деценија, односно откако беше олабавена регулативата за увоз на половни автомобили. Анализата на статистичките бројки покажува загрижувачки нагорен тренд на бројот на дизел- автомобили, од кои најголем дел се половни возила донесени од странство. Односно, сега бројот на дизелашите е двојно зголемен во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.

Во првите четири годнини, од 2010 година кога се дозволи увоз прво на возила со еуро 1, а потоа и со еуро 2 стандард, во земјава влегоа повеќе од 160 илјади патнички возила, што е речиси две третини од поранешниот вкупен возен парк, чија просечна старост се проценуваше на 14-15 години. Иако се очекуваше дека овие мерки, колку толку, ќе го подобрат возниот парк, сепак се случи само замена на прастарите автомобили од социјалистичкото време со други возила кои исто така беа стари. Имено, нормите еуро 1 во Европа стапија во сила во 1993 година, а еуро 2 во 1997 година. Подоцна, беше подигнат прагот на еко нормите, но драстичното зголемување на бројот на стари возила во сообраќајот само придонесе за поголемо загадување на воздухот.

Но, овој тренд продолжува. Според последните анализи на Царинската управа на Македонија во земјава за првите единаесет  месеци од 2018 година се увезени вкупно 35.513 патнички автомобили од кои што 27.018 се половни, а 5.377 се нови возила. Најголем дел од половните возила се со дизел мотор кои се под удар на строгото европско законодавство за квалитетот на воздухот.

Уште еден неповолен податок е старосната структура на македонскиот авто- парк.  Постари од 10 години се 79,4 отсто од автомобилите во земјава, или околу 305.000 возила. На нашите патишта има малку нови возила, околу 6.000 возила се помлади од две години, што изнесува 1,6 отсто во однос на 384 илјади патнички моторни возила, колку што биле вкупно регистрирани на крајот од 2015 година.

Инаку, според Евростат, во 15 од 24 земји-членки на Европската унија, за кои се достапни податоци, повеќе од половина од автомобилите се на бензински погон.  Овој удел е најголем во Кипар (86 отсто), пред Финска (75 отсто) и Унгарија (70 отсто). Автомобилите со дизел ги надминаа прагот од 50 отсто во Франција (69 отсто), Литванија (65 отсто), Луксембург (64 отсто), Белгија (60 отсто), Австрија и Шпанија (по  57 отсто), како и Португалија (54 отсто) и Латвија (53 отсто). Употребата на алтернативни горива, освен бензин или дизел, е највисока во Полска (16 отсто), Литванија (10 отсто), Италија и Латвија (по 8 отсто).

Повеќе
КЛИКНИ