Промовирани огласи »

Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица, пред нас е година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.

2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата. Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.

Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе влијаеја врз зголемување на потрошувачката.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата.

Промовирани огласи »

Владата одлучи зимскиот распуст да биде продолжен до 23 јануари поради исклучително високото ниво на штетни честички во воздухот во многу градови во државата.

Во соопштението од владата се наведува дека оваа мерка е преземена за да се „намали времето на изложеност на учениците на загаден воздух“, и да се заштити нивното здравје.

Градските власти во Скопје донесоа одлука за бесплатен јавен превоз, а цените на паркинзите се зголемени двојно за граѓаните да се примораат да не возат автомобили.

Екстремното високо загадување на воздухот кое е регистрирано во последните неколку дена достигна и до 10 пати поголеми количини штетни честички во воздухот.

Промовирани огласи »

GDPR е најголемата законска промена на дигиталната ера.
Во продолжение прочитајте кои се 4те причини поради кои вие би требало да поминете GDPR обука и да го усогласите вашето работење со оваа регулатива од Европска Унија.

#1 Високи казни
За неприменување на одредбите кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци,  казните се преземени од европските земји, односно 20 милиони евра или 4% од прометот на институцијата и 10 милиони евра или 2% од прометот на институцијата.

#2 Репутација
Неусогласеноста со оваа европска регулатива може да влијае на Вашите репутација и да резултира со губење на довербата на вашите клиенти и потенцијални потрошувачи.

#3 Транспарентност
Како дигитални маркетери Вие треба да бидете транспарентни во секое време. Мора да комуницирате многу јасно, да известите кога собирате лични податоци и да објасните за што тие податоци ќе бидат искористени. Притоа мора да имате писмена согласност, а истовремено да ги информирате вашите потрошувачи за нивното право да одбијат или да ја повлечат својата согласност.

#4 Доверба
GDPR регулативата дефинитвно бара од вас, како маркетинг професионалци нов свеж поглед на  Вашата работа и креативни решенија кои на крајот ќе Ви помогнат да изградите подобри односи  со Вашите потрошувачи кои треба да се базираат на доверба и транспарентност.
Во праксата постојат и случаи каде што големите компании се соочуваат со истиот предизвик. Конкретно против Google Spain се води спор познат под името Maria Costeja Gonzales за кого  Европскиот суд пресуди во негова корист и притоа го наметна ова право во GDPR регулативата  или уште попознато како right to be forgotten.

Запознајте се со Right to be forgotten, право кое директно произлегува како обврска од Законот за заштита на лични податоци.

Делувајте веднаш. Разберете го во целост влијанието на GDPR регулативата врз вашиот бизнис. Едуцирајте лице кое ќе ја интегрира и имплементира регулативата на ниво на Вашата компанија.

Обуката е наменета за: дигитални маркетери, огласувачи, лица кои собираат  податоци преку наградни игри, кодови и други промотивни активности и сл.

Истата ќе се одржи на ден 28 – 29.01.2019.
Повеќе информации за GDPR обуката на тел. број: 078 439541 или на [email protected]

Промовирани огласи »

До крајот на годината треба да бидат удрени темелите на Новиот клинички центар кој што треба да чини од 420 до 500 милиони евра.

Новиот Клинички центар се планира да биде лоциран на околу 90 хектари во општина Ѓорче Петров, конкретно под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово. Но одлуката се уште не е конечна, бидејќи до крајот на месецот треба да ја разгледа од страна на сите министри и донесе на владина седница.

Како што потврдуваат од Министерството за зравство токму оваа локација била највисоко рангирана од страна на експертите кои што работеле на оваа проблематика изминативе неколку месеци. Надлежните сметаат дека со изградбата на објектот во местото наречено Ѓорче кое што во целост е во државна сопственост нема да се губи време за решавање на имотно правните односи.

Во март минатата година Владата одобри новиот модерен Клинички центар да се гради во Злокуќани во непосредна близина на специјалната болницата во Бардовци, но поради проблеми со решавањето на имотно правните релации за земјиштето оваа локации стана спорна. Реакции имаше и од археолозите кои што укажаа дека градежните активности можат да уништат значајни археолошки наоди во древниот локалитет Скупи кој е во непосредна близина.

Во меѓувреме Министерството за здравство направило и своја методологија за бодување на предложените локации. Имаше и стручна дебата со претставници од повеќе државни институции, а се вклучија со анализи и македонските архитекти.

-Ги бодувавме сите три во поглед на пристапност, местоположба, водовод струја што е многу важно и при крај сме со тие анализи и следните недели Владата треба да одлучи за изборот на локацијата, но како сега стојат работите со бодувањето Ѓорче Петров е во предност. Во општината веќе прават и план за урбанизација на просторот- објасни деновиве министерот за здравство Венко Филипче И дополни дека за тоа како треба да изгледа објектот разговарале дополнително со директорите на клиниките.
Министерот потврди дека од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата на Новиот клинички центар, па затоа ќе се бараат инвеститори

-Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме- вели првиот човек на ресорот здравство Филипче.

Министерот дополни дека во овој коплекс ќе биде вклучен и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

За Филипче тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Според него конечната одлуката за дислокација е донесена откако се направени консултации со лекарите, Асоцијацијата на архитектите, граѓаните и здруженијата.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да трае четири до пет години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »