Промовирани огласи »

До крајот на годината треба да бидат удрени темелите на Новиот клинички центар кој што треба да чини од 420 до 500 милиони евра.

Новиот Клинички центар се планира да биде лоциран на околу 90 хектари во општина Ѓорче Петров, конкретно под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово. Но одлуката се уште не е конечна, бидејќи до крајот на месецот треба да ја разгледа од страна на сите министри и донесе на владина седница.

Како што потврдуваат од Министерството за зравство токму оваа локација била највисоко рангирана од страна на експертите кои што работеле на оваа проблематика изминативе неколку месеци. Надлежните сметаат дека со изградбата на објектот во местото наречено Ѓорче кое што во целост е во државна сопственост нема да се губи време за решавање на имотно правните односи.

Во март минатата година Владата одобри новиот модерен Клинички центар да се гради во Злокуќани во непосредна близина на специјалната болницата во Бардовци, но поради проблеми со решавањето на имотно правните релации за земјиштето оваа локации стана спорна. Реакции имаше и од археолозите кои што укажаа дека градежните активности можат да уништат значајни археолошки наоди во древниот локалитет Скупи кој е во непосредна близина.

Во меѓувреме Министерството за здравство направило и своја методологија за бодување на предложените локации. Имаше и стручна дебата со претставници од повеќе државни институции, а се вклучија со анализи и македонските архитекти.

-Ги бодувавме сите три во поглед на пристапност, местоположба, водовод струја што е многу важно и при крај сме со тие анализи и следните недели Владата треба да одлучи за изборот на локацијата, но како сега стојат работите со бодувањето Ѓорче Петров е во предност. Во општината веќе прават и план за урбанизација на просторот- објасни деновиве министерот за здравство Венко Филипче И дополни дека за тоа како треба да изгледа објектот разговарале дополнително со директорите на клиниките.
Министерот потврди дека од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата на Новиот клинички центар, па затоа ќе се бараат инвеститори

-Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме- вели првиот човек на ресорот здравство Филипче.

Министерот дополни дека во овој коплекс ќе биде вклучен и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

За Филипче тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Според него конечната одлуката за дислокација е донесена откако се направени консултации со лекарите, Асоцијацијата на архитектите, граѓаните и здруженијата.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да трае четири до пет години.

Промовирани огласи »

Граѓаните коишто претрпеле штета при редовното користење на улиците, којашто е предизвикана заради оштетеноста на истите, имаат право да побараат надомест на настанатата штета од надлежната општина.

Членот 22 од Законот за локалната самоуправа вели “Општините се надлежни за изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти", од што произлегува дека во случај на предизвикана штета заради редовна употреба на оштетените улици, Општината во чија надлежност е одржувањето на улицата е одговорна за штетите предизвикани при редовното користење на истите од страна на граѓаните.

Од Адвокатската канцеларија Ивица Коневски велат дека доколку одејќи кон работа со едно од тркалата пропаднете во дупка и тоа предизвика штета на вашето возило, односно искривување на бандажот, вие имате право на оштета од локалната самоуправа која е одговорна за одржување на тој пат. 

Промовирани огласи »

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат M го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација „Платформа за борба против сиромаштијата“.

Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.

Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата. – рече Оливера Доцевска, македонска „Пплатформа против сиромаштија“.

Официјалните податоци на државната статистика велат дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто. Најзагрижувачка е состојбата кај младите до 17 години каде сиромаштија достигнува 30 отсто. 16 отсто проценти од пензионерите се водат како сиромашни.

Промовирани огласи »

Aвтобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху на прес-конференција соопшти дека е донесена и одлука за прекинување на сите градежни активности на градилиштата што се под надлежност на Град Скопје и ги повика и градоначалниците на скопските општини исто така да ги прекинат градежните активности.

Цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од денеска двојно се зголемуваат и тоа ќе важи до престанување на оваа одлука.

Ова се некои од мерките и препораките за кои денеска одлучи Град Скопје поради големото аеро загадување во главниот град.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »