Кандидатите за антикорупционери во новиот состав на Комисијата за антикорупција за да бидат ангажирани прво ќе треба да дадат „интервју за вработување“ што ќе се пренесува во живо на Собранискиот канал на МРТ, согласно новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Пткако Собранието ќе распише оглас кој ќе трае десет дена, Комисијата за избори и именувања ќе ги разгледа кандидатурите заедно со комисија за селекција, во која има по еден претставник на Народниот правобранител, на граѓанските организации и на медиумите, како и по двајца пратеници од власта и од опозицијата.
Откако комисијата ќе утврди кои кандидати ги исполнуваат минималните условиќе ги повика поединечно на јавно интервју што ќе се пренесува на Собранискиот канал во живо. На интервјуто ќе можат да присуствуваат и претставници на МАНУ и други лица и да поставуваат прашања.
Тоа ќе биде последен филтер пред комисијата за селекција да направи ранг-листа, а собраниската Комисија за избори и именувања ќе треба да ги предложи најдобро рангираните кандидати да бидат избрани од Собранието.
Седумтемина антикорупционери ќе треба да имаат десет години работно искуство, од кои најмалку шест години во областа на борбата против корупцијата и владеењето на правото.