Промовирани огласи »

Седумчасовниот работен ден нема да влијае на зголемувањето на вработенста. Експертите сметаат дека предлогот за кратење на работното време треба да се разгледа, бидејќи многу поважна е ефективноста на работникот, отколку работните часови.

За бизнисот овие промени нема да бидат добри. Стопанствениците велат дека можеби за администрацијата ќе имаат позитивен ефект, но ќе трпи стопанството.

Синдикатот на УПОЗ вчера испрати барање неделно да се работи по 35 часа, односно 7 часа дневно, како и втори јануари и втори мај да бидат неработни денови. Еден од главните аргументи за предлогот е дека ќе придонесе до зголемување на вработеноста, а луѓето ќе можат повеќе да се посветат во завршувањето на домашните обврски.

7-часовното работно време е регулирано само во Франција, но постојат и други европски држави, каде се работи помалку од 8 часа дневно.

Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се надева дека до 2030-та возови ќе можат да пренесуваат директно патници до скопскиот аеродром, согласно Националната транспортна стратегија што ја донесе Владата во која се опфатени 104 активности кои до тогаш ќе чинат 4,2 милијарди евра.

Ова е проектот кој предизвикува најмногу внимание, а идејата, како што посочуваат од Министерството за транспорт и врски, не е нова, но условите за нејзина реализација се должат на тоа што е достигната потребната бројка на бројот на патници на аеродоромот кој станува се поголем од година в година.

Исплатливоста на пругата од скопска железничка станица до аеродромот беше авионскиот превоз да привлече до два милиони патника бидејќи кога се правеа анализите, тие покажаа дека кога ќе се постигне ова, тогаш ќе биде исплатлива оваа релација бидејќи инвестицијата е значителна, истакна Билјана Здравева, раководител на секторот железници.

За овој проект е планирано да се одвои крак кај Миладиновци за аеродомот, а прв чекор што ќе се направи ќе биде комплетирањето на документацијата. 

Крајната цел на Националната стратегија за транспорт е да се развие хармонизиран транспртен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, а кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ќе ја чува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации, рече Сугарески.

Промовирани огласи »

Кандидатите за антикорупционери во новиот состав на Комисијата за антикорупција за да бидат ангажирани прво ќе треба да дадат „интервју за вработување“ што ќе се пренесува во живо на Собранискиот канал на МРТ, согласно новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Пткако Собранието ќе распише оглас кој ќе трае десет дена, Комисијата за избори и именувања ќе ги разгледа кандидатурите заедно со комисија за селекција, во која има по еден претставник на Народниот правобранител, на граѓанските организации и на медиумите, како и по двајца пратеници од власта и од опозицијата. 

Откако комисијата ќе утврди кои кандидати ги исполнуваат минималните условиќе ги повика поединечно на јавно интервју што ќе се пренесува на Собранискиот канал во живо. На интервјуто ќе можат да присуствуваат и претставници на МАНУ и други лица и да поставуваат прашања. 

Тоа ќе биде последен филтер пред комисијата за селекција да направи ранг-листа, а собраниската Комисија за избори и именувања ќе треба да ги предложи најдобро рангираните кандидати да бидат избрани од Собранието.

Седумтемина антикорупционери ќе треба да имаат десет години работно искуство, од кои најмалку шест години во областа на борбата против корупцијата и владеењето на правото. 

Промовирани огласи »

Бил Гејст, основачот на Мајкрософт, можеби располага со 95 милијарди долари, но се чини дека не размислува многу што ќе јаде за вечера...

Основачот на "Мајкрософт", филантроп и еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна беше забележан пред ресторанот за брза храна Dick's Drive во Сиетл.

Фотографија е објавена од поранешен вработен во „Мајкрософт“ кој го препознал Гејст во колоната додека чека во ред за неговата нарачка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »