Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година започнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.

Одлуката, како што информираат од МОН, е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.

Второто полугодие требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.

Промовирани огласи »

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити.

Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Елетронското полагање на правсудниот испит почна да се применува од 15 октомври 2013 година, а првата сесија беше спроведена во ноември истата година.

Промовирани огласи »

Нови цени на нафтените деривати од денеска стапуваат на сила.

Регулаторната комисија после неколку неделен пад на цените, донесе одлука која носи пресврт .

Цените скокнаа а согласно таа одлука УРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 по полноќ поскапуваат за 2,5 денари а тоа значи дека ќе ги полните резервоарите со нив по цена од 61,00 денари по литар, односно 63,00 ден/литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

За 3,5 денари расте и цената на дизелот.

Тоа значи дека од денес возачите ќе точат дизел по цена од 58,50 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство во следните две недели ќе има цени повисоки за четири денари по литар и ќе чини 47,50 денари додека 29,522 денари за литар ќе чини мазутот а тој бележи скок на цената од 3,573 денари .

Промовирани огласи »

Во светот на бизнисот и јавниот живот постојат многу луѓе кои успеале по 40-та година. 

Познатата дизјанерка Вера Вонг првиот фустан го дизајнирала во 40-та година. 

Хари Бернштајн е автор кој своето најдобро дело го објавил во десеттата деценија од животот. Имал точно 96 години. 

Стен Ли стрипот „Фанастична четворка“, го објавил во 1961 година кога имал 39 години. 

Доналд Фишер во 40-та година го отворил  Gap stor, моден бренд кој сега вреди 16 милијарди долари. 

Робин Чејс, на 42 години почнала успешна кариера, а денес е дел од Светскиот економски форум.

Хенри Форд, автомобилот Model T го создал кога имал 45 години. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »