Промовирани огласи »

Нови цени на нафтените деривати од денеска стапуваат на сила.

Регулаторната комисија после неколку неделен пад на цените, донесе одлука која носи пресврт .

Цените скокнаа а согласно таа одлука УРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 по полноќ поскапуваат за 2,5 денари а тоа значи дека ќе ги полните резервоарите со нив по цена од 61,00 денари по литар, односно 63,00 ден/литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

За 3,5 денари расте и цената на дизелот.

Тоа значи дека од денес возачите ќе точат дизел по цена од 58,50 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство во следните две недели ќе има цени повисоки за четири денари по литар и ќе чини 47,50 денари додека 29,522 денари за литар ќе чини мазутот а тој бележи скок на цената од 3,573 денари .

Промовирани огласи »

Во светот на бизнисот и јавниот живот постојат многу луѓе кои успеале по 40-та година. 

Познатата дизјанерка Вера Вонг првиот фустан го дизајнирала во 40-та година. 

Хари Бернштајн е автор кој своето најдобро дело го објавил во десеттата деценија од животот. Имал точно 96 години. 

Стен Ли стрипот „Фанастична четворка“, го објавил во 1961 година кога имал 39 години. 

Доналд Фишер во 40-та година го отворил  Gap stor, моден бренд кој сега вреди 16 милијарди долари. 

Робин Чејс, на 42 години почнала успешна кариера, а денес е дел од Светскиот економски форум.

Хенри Форд, автомобилот Model T го создал кога имал 45 години. 

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 7,41%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.

Промовирани огласи »

1. Од кога датираат почетоците на Јадранка групацијата со хотелиерство и угостителство?

Јадранка групацијата со хотелиерство и угостителство се занимава од 1947 година, повеќе од 70 години. Со текот на годините, Јадранка ги прошири своите активности на малопродажба, трговија на големо и кампување. Денес, Јадранка е една од водечките хотелско-трговски друштва во Хрватска и еден од најголемите работодавачи. Јадранка група ја сочинуваат друштвата: Јадранка хотели ДОО (бренд Lošinj Hotels & Villas), Јадранка кампови и Камп Слатина ДОО (бренд Camping Cres & Losinj) и Јадранка трговија ДОО.

Ние работиме на островите Лошињ и Црес, лоцирани во северниот дел на Јадранското Море. Лошињ е надалеку познат по својата природна убавина и високиот квалитет на воздухот. Лошињ остварува 2,3 милиони ноќевања годишно, што го прави петтата дестинација според бројот на ноќевања во Хрватска, додека во хотелите, вилите и камповите на Јадранка се остварува околу 60% од бројот на ноќевања.

Јадранка групацијата има околу 800 вработени, додека тој број во летните месеци достигнува и преку 1600 вработени.

2. Вашите хотели и вили се наоѓаат на најатрактивните локации на островот Лошињ. Колку хотели и вили ја сочинуваат Јадранка групацијата? Кажете ни нешто повеќе околу тоа.

Lošinj Hotels&Villas е хотелски бренд на Јадранка хотели ДОО под кои функционираат 5 хотели и 11 ресторани, вили и апартмани сместени на најатрактивните локации на островот Лошињ, со капацитет повеќе од 3.500 гости. Гостите имаат на располагање хотели со 5* и 4*, поточно хотел Bellevue, вила Hortensia, Boutique hotel Alhambra и вила Augusta во заливот Чикат, кој се истакнува со специфична 5* премиум понуда, и Vitality hotel Punta, хотел Aurora и Family hotel Vespera кој со специјализирана понуда на ниво на 4* одговара на различните барања на гостите.

Јадранка управува со четири кампа на островите Лошињ и Црес, врши големопродажни и малопродажни активности во 20 продавници низ целиот остров и во централниот објект за подготовка на храна.

3. Каков вид на туристи/од кои земји најчесто летуваат во Лошињ?

Во Лошињ доаѓаат околу 86% странски гости и тоа најчесто доаѓаат Словенци, Германци, Италијанци и Австријци, а се повеќе и Французи и Швеѓани. Гостите кои за својот одмор ги бираат хотелите и камповите на Јадранка групацијата или пак купуваат во нашите продавници, навикнати се на високо ниво на услуги што ги нудиме.

4. Што ве прави специфични и примамливи како работодавач?

Секоја година Јадранка групацијата инвестира повеќемилионски суми во едукација на своите вработени. Ние веруваме дека инвестирањето во вработените е најекономично инвестирање. Особено сме горди на нашата гастро академија, која е основана со цел развивање посебни вештини специфични за висока услуга на хотел со 5*. Вработените кои што покажуваат интерес за занимања како батлер, им овозможуваме образование во тој правец. Така сме сигурни дека нашите вработени  секоја година ќе пружаат услуга која е во согласност со светските трендови.

На нашите сезонски вработени, им обезбедуваме сместување и храна, ги обезбедуваме трошоците за превоз до дома по истекот на договорот за вработување, нудиме можност за продолжување на договорот за вработување за прераспределено работно време (слободни денови) и денови од годишен одмор. Платите секогаш им се исплаќаат навреме на вработените. Сезонските работници се вклучени во програмата за награди, а на основната плата се пресметуваат додатоци за работа во недели, за празници, двосменска работа, континуирана попладневна работа, повремена ноќна работа и континуирана ноќна работа.

5. Со што ги инспирирате вашите вработени?

Сите вработени на Јадранка се дел од тимот. Нашата заедничка цел е задоволство на нашите гости и купувачи. Најголема награда е кога гостинот повторно ќе се врати кај нашите вработени, поради услугата која што сме му ја пружиле. Тоа е дополнителен поттик.

6. Која е тајна вашиот успех? (кажете нешто околу вашите вработени)

Јадранка групацијата ја прават нејзините вработени, кои секоја сезона посветено работат како на гостите или на купувачите би им пружале најдобра услуга во склад со светските трендови. На нивниот труд и посветеност се темели квалитетот на нашите услуги, па затоа секојдневно вложуваме напори за понатамошно подобрување на условите за работа и усовршување на нашите вработени.

7. Што еден кандидат треба да поседува за да стане дел од вашиот тим?

Бараме кандидати кои се мотивирани за работа во туризмот, спремни за учење и надоградување на своите вештини и добро функционирање во тим. Искуството не е пресудно, нашите искусни и стручни ментори секогаш радо го пренесуваат знаењето на новите колеги. Оние што покажуваат мотивација и интерес секогаш се наградени. Така во Јадранка имаме помошник директор на хотел со 5* кој што кариерата ја има започнато како помошник келнер. Сезонската работа знае да биде захтевна, но наградите се големи.

Јадранка групацијата моментално има отворено работни места за КЕЛНЕР/КА и РАБОТНИК ВО ДОМАЌИНСТВО - СОБАР. Огласите можете да ги погледнете на следниве линкови: https://kariera.mk/job/RmlAs9gslkukkgTELUwo-g/kelner-ka-hrvatska-mali-loshinj и https://kariera.mk/job/oZpOawKZzU-g91ous-caxw/rabotnik-vo-domakjinstvo-sobar-hrvatska.

Нешто повеќе за сезонската работа на најубавиот остров на Јадранот - Лошињ, прочитајте тука: https://kariera.mk/article/4067/sezonska-rabota-na-eden-od-najubavite-ostrovi-na-jadranot-cheka-na-vas.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »